Известувања
◼ Специјалното предавање во периодот на Спомен-свеченоста за 2010 год. ќе се одржи во текот на седмицата од 12 април 2010 год. Темата на предавањето ќе биде дополнително објавена. Во собранијата кои тој викенд имаат посета од покраинскиот надгледник, специјалното предавање ќе се одржи една седмица подоцна. Во ниедно собрание тоа не треба да се изнесе пред седмицата од 12 април.
◼ Со својата следна нарачка на литература, собранијата треба да почнат да нарачуваат повези на Стражарска кула и Разбудете се! за 2009 год., Годишник на Јеховините сведоци за 2010 год. и Библиотека со публикации на Јеховините сведоци — издание од 2009 год. на CD (нема на македонски). Собранијата ќе бидат известени на кои јазици ќе бидат достапни овие публикации. Библиотеката на CD од 2009 год. е наменета за објавителите и може да се добие само преку собранието. Нарачките за овие изданија треба да се испратат до Бетел најдоцна до 1 ноември. Објавителите кои ја користат Библиотеката на CD, треба да размислат дали и понатаму да нарачуваат повези.