Повторување во Теократската школа за служба
Следниве прашања треба да се разгледаат во Теократската школа за служба во текот на седмицата што почнува од 26 октомври 2009 год.
1. Со оглед на тоа што Јехова му рекол на Валаам да оди со луѓето на Валак, зошто тогаш се разгневил кога Валаам пошол со нив? (4. Мој. 22:20-22) [w 1.8.04 стр. 27, пас. 2].
2. На кој начин примерот на Финес, кој ‚не дозволил никој да му биде соперник на Јехова‘, ни помага да го имаме на ум заветот што сме му го дале на Бог? (4. Мој. 25:11) [w 1.3.95 стр. 16, пас. 13].
3. Зошто Исус Навин бил избран за наследник на Мојсеј? (4. Мој. 27:15-19) [w 1.12.02 стр. 12, пас. 1].
4. Како стихот од 4. Мојсеева 31:27 може да ги охрабри христијаните денес? [w 15.3.05 стр. 24].
5. Како градовите-прибежишта им користеле на Израелците? (4. Мој. 35:11, 12) [w 15.11.95 стр. 14, пас. 17].
6. Зошто разборитоста е важна христијанска особина, и што се случува кога ја покажуваме? (5. Мој. 1:13) [w 15.1.03 стр. 30; w 1.10.00 стр. 32, пас. 1-3].
7. На кои начини Мојсеевиот закон ја одразувал Божјата праведност? (5. Мој. 4:8) [w 1.6.02 од стр. 14, пас. 8 до стр. 15, пас. 10].
8. На темел на 5. Мојсеева 6:16-18, објасни кој е исправниот, а кој неисправниот начин да се испита Јехова. [w 15.9.04 стр. 27, пас. 1].
9. Како биле задоволени потребите на Израелците преку Јеховините зборови, и како можат тие зборови да нѐ хранат нас денес? (5. Мој. 8:3) [w 15.8.99 стр. 25, 26].
10. Како стиховите од 5. Мојсеева 12:16, 24 влијаат врз нашиот став кон медицинските постапки во кои се користи сопствена крв? [w 15.10.00 стр. 30, пас. 7].