Вести од службата
Во текот на месец октомври 2009 год., во делото на проповедање и поучување учествуваа 1.079 објавители, 31 помошен пионер, 151 општ пионер и 47 специјални пионери. Тие вкупно поминаа 30.576 часа во тоа дело, дадоа 934 книги, 2.411 брошури и 26.596 списанија. Што друго постигнаа овие 1.308 објавители на Царството во овој месец? Направија 11.524 повторни посети и водеа 1.130 библиски студии! Многу е убаво да се види дека сѐ уште има многу луѓе кои покажуваат интерес за библиската вистина и кои се спремни да дознаат нешто повеќе за нашиот голем Бог Јехова. На двата посебни собира што се одржаа во октомври, нашиот небесен татко Јехова доби многу скапоцен подарок кога 13 мажи и жени му го ветија својот живот и го симболизираа тоа со крштавање во вода. Им изразуваме срдечно добредојде на нашите нови браќа и сестри!