Вести од службата
Извештај за март 2010
Број на час. сп. п.п. б.с.
спец. пио. 45 5.556 3.219 2.615 275
општи пио. 158 11.638 6.950 4.560 366
помош. пио. 181 9.497 7.555 3.068 175
собр. обј. 967 12.199 11.960 4.940 395
ВКУПНО: 1.351 38.890 29.704 15.183 1.211
Во месецот кога се одржа Спомен-свеченоста, му принесовме голема жртва на фалба на нашиот величествен Бог Јехова (Ев. 13:15). Извештаите покажуваат дека сите бевме многу активни во делото на проповедање и поучување. Како резултат на тоа, достигнавме највисоки броеви досега на две полиња: прво, извештај од службата дадоа 1.351 објавител, и второ, тие поминаа вкупно 38.890 часови во проповедничкото дело! Тоа навистина е убав израз на ценење за љубовта што Јехова и неговиот Син ја покажуваат кон нас.
Радосни сме што можеме да известиме дека во вторникот, на 30 март, на Спомен-свеченоста по повод Христовата смрт, присуствуваа 3.460 лица. Тоа е два и пол пати повеќе од бројот на објавители. Со тоа ја надминавме бројката од минатата година, кога на одбележувањето на Господаровата вечера дојдоа 3.400 лица.