Повторување во Теократската школа за служба
Следниве прашања треба да се разгледаат во Теократската школа за служба во текот на седмицата што почнува од 31 октомври 2011 год.
1. Зошто треба цврсто да се држиме за Јеховините опомени? (Пс. 119:60, 61) [w00 1/12 стр. 14, пас. 3]
2. Што можеме да научиме од Псалм 133:1-3? [w06 1/9 стр. 16, пас. 3]
3. На кој начин Јехова ‚проникнал во внатрешноста‘ на Давид и ‚го испитувал кога одел и кога се одморал‘? (Пс. 139:1, 3) [w06 1/9 стр. 16, пас. 6; w93 1/10 стр. 11, пас. 6]
4. Во какви тешкотии Јехова „ги придржува“, односно „ги исправа“ своите слуги? (Пс. 145:14) [w04 15/1 стр. 17, пас. 11]
5. Поради што човекот спомнат во Изреки 6:12-14 е наречен никаквец? [w00 15/9 стр. 26, пас. 5-6]
6. Зошто мудриот човек „ги прифаќа заповедите“? (Изр. 10:8) [w01 15/7 стр. 26, пас. 1]
7. Како реакцијата на мудриот се разликува од реакцијата на безумникот кога е навреден или неправедно критикуван? (Изр. 12:16) [w03 15/3 стр. 27, пас. 3-4]
8. Како може ‚да сме на гозба без престан‘ ако имаме позитивно гледиште? (Изр. 15:15) [w06 1/7 стр. 16, пас. 6]
9. Што значи ‚да се стекнува разборитост‘, и во која смисла оној што го прави тоа „си ја сака душата“? (Изр. 19:8) [w99 1/7 стр. 18, пас. 4; lv стр. 108, пас. 24]
10. Како разборитоста му користи на едно семејство? (Изр. 24:3) [w06 15/9 стр. 27, пас. 11; be стр. 32, пас. 1]