Повторување во Теократската школа за служба
Следниве прашања треба да се разгледаат во Теократската школа за служба во текот на седмицата што почнува од 26 декември 2011 год.
1. Како советот од Изреки 30:32 ни помага да не испровоцираме уште повеќе некого што можеби сме го навредиле? [w87 1/5 стр. 23, пас. 5]
2. По каква ‚веселба‘ човек се чувствува празно? (Проп. 2:1). [g 4/06 стр. 6, пас. 1-2]
3. Некои сметаат дека зборовите на Соломон запишани во Проповедник 3:1-9 го поткрепуваат верувањето во судбина, но како она што е запишано во Проповедник 9:11 ги појаснува работите и покажува дека нашиот живот не е во рацете на судбината? [w09 1/3 стр. 4, пас. 4]
4. Зошто е опасно да се биде „преправеден“? (Проп. 7:16). [w10 15/10 стр. 9, пас. 8-9]
5. Како Песна над песните 2:7 покажува дека би било мудро оние што планираат брак да не избрзуваат кога бираат брачен другар? [w06 15/11 стр. 19, пас. 1]
6. Што е значајно во врска со тоа што од ‚усните на Суламката капе мед од саќе‘ и ‚под јазикот има мед и млеко‘? (Песна 4:11). [w06 15/11 стр. 19, пас. 6]
7. Како титулите „Прекрасен Советник“, „Моќен Бог“ и „Вечен Татко“ ни помагаат да видиме какви особини има Исус и како ќе владее во новиот свет? (Иса. 9:6). [w91 15/4 стр. 5, пас. 7]
8. Кој може денес да се спореди со ‚отпадничкиот израелски народ‘ и кој ќе биде „стапот“ што Јехова ќе го користи за да го уништи? (Иса. 10:5, 6). [ip-1 стр. 145, пас. 4-5; стр. 153, пас. 20]
9. Зошто е извонредно пророштвото на Исаија според кое Вавилон „никогаш повеќе нема да биде населен“, и во што нѐ уверува неговото исполнување? (Иса. 13:19, 20). [g 11/07 стр. 9, пас. 4-5]
10. Кога Исус го добил „клучот на Давидовиот дом“, и како го користи? (Иса. 22:22). [w09 15/1 стр. 31, пас. 2]