Повторување во Теократската школа за служба
Следниве прашања треба да се разгледаат во Теократската школа за служба во текот на седмицата што почнува од 30 април 2012 год. Наведен е и датумот кога треба да се разгледа секое прашање за да може секој да истражува кога се подготвува за Школата секоја седмица.
1. Зошто библиската книга Еремија е корисна за нас? [5 март, si-SB стр. 129, пас. 36]
2. Како може Јехова да нѐ избави од прогонството денес? (Ерем. 1:8) [5 март, w05 15/12 стр. 23, пас. 18]
3. Кога и како помазаните се вратиле на „старите патишта“? (Ерем. 6:16) [12 март, w05 1/11 стр. 24, пас. 12]
4. Зошто може да се рече дека и денес има „балсам во Галад“? (Ерем. 8:22) [19 март, w10 1/6 стр. 22, пас. 3 — стр. 23, пас. 4]
5. Во која смисла Јехова може да „зажали“ откако ќе изрече пресуда? (Ерем. 18:7, 8) [2 апр., jr стр. 151, рамка]
6. На кој начин Јехова го измамил Еремија, и што учиме од ова? (Ерем. 20:7) [2 апр., jr стр. 36, пас. 8]
7. Што е „Јеховиното бреме“? (Ерем. 23:33) [9 апр., w07 15/3, стр. 11, пас. 1]
8. Зошто Јехова со право можел да му каже на својот древен народ: „Те привлеков со својата милост“? (Ерем. 31:3) [23 апр., jr стр. 142-145, пас. 8-11]
9. На кој начин Божјиот закон е запишан во нечие срце? (Ерем. 31:33) [23 апр., w07 15/3 стр. 11, пас. 2]
10. Зошто се пишувале два договора за една иста зделка? (Ерем. 32:10-15) [30 апр., w07 15/3 стр. 11, пас. 3]