Известувања
◼ Понуда на литература за јануари и февруари: Може да се користи која и да било од следниве брошури со 32 страници: Библијата — која е нејзината порака?, Дали треба да се верува во Тројство?a и Божји пријател. Кога повторно ги посетуваш заинтересираните лица, понуди ја книгата Што учи Библијата? или брошурите Запознај го Бог или Запознај го Бог и живеј засекогаш, во зависност од нивните потреби. Притоа, обиди се да започнеш да ја проучуваш Библијата со тоа лице.
◼ На покраинскиот собир во Скопје, кој се одржа на 5 и 6 мај, имаше 1.026 присутни, а се крстија 5 браќа и сестри. Друг значаен настан во текот на мај беше посетата на зонскиот надгледник. На специјалната програма во Универзалната Сала во Скопје сите 1.306 присутни беа многу охрабрени од говорот „Како гледаш на проповедањето за Царството?“ што го изнесе брат Фор од подружницата во Франција.
[Фуснота]
a Треба да се нарача од Бетел. (Има големи резерви во Бетелот во Германија.)