Вести од службата
Во август, вторпат достигнавме највисок број на објавители за 2013 службена година. Извештај за службата дадоа 1.331 објавител. Од нив 137 служеа како општи пионери, а 94 како помошни. Многу сме радосни што голем број објавители покажаа ревност и ја зголемија својата служба овој месец. Сите објавители вкупно поминаа 28.997 часови во службата, дадоа 3.047 книги и брошури, и поделија 21.660 списанија. Јехова нека го благослови трудот и семето на вистината кое беше посеано.