Повторување во Теократската школа за служба
Следниве прашања треба да се разгледаат во Теократската школа за служба во текот на седмицата што почнува од 28 април 2014 год.
Што му помогнало на Јосиф да не направи неморал со жената на Петефри? (1. Мој. 39:7-12) [3 март, w13 15/2 стр. 4, пас. 6; w07 15/10 стр. 23, пас. 16]
Каков добар пример е Јосиф за оние што се соочуваат со неправди и неволји? (1. Мој. 41:14, 39, 40) [10 март, w04 15/1 стр. 29, пас. 6; w04 1/6 стр. 20, пас. 4]
Дали Јосиф имал основа да им покаже милост на своите браќа? [17 март, w99 1/1 стр. 30, пас. 6-7]
Како племето Венијамин на крајот го исполнило пророштвото запишано во 1. Мојсеева 49:27? [24 март, w12 1/1 стр. 29, рамка]
Што учиме од 2. Мојсеева 3:7-9 во врска со Јехова? [31 март, w09 1/3 стр. 15, пас. 3-6]
Како постапил Јехова во склад со своето величествено име во времето на Мојсеј? (2. Мој. 3:14, 15) [31 март, w13 15/3 стр. 25-26, пас. 5-6]
Според 2. Мојсеева 7:1, како Мојсеј му станал „бог на фараонот“? [7 апр., w04 15/3 стр. 25, пас. 7]
Иако Израелците со свои очи ја виделе Јеховината огромна моќ кога ги избавил од Египет, каков став покажале подоцна, и што учиме од нивниот пример? (2. Мој. 14:30, 31) [14 апр., w12 15/3 стр. 26-27, пас. 8-10]
Зошто изразот „ве носев на орловски крилја“ е соодветен опис за начинот на кој Јехова се грижел за штотуку основаниот израелски народ? (2. Мој. 19:4) [28 апр., w96 15/6 стр. 10, пас. 5 — стр. 11, пас. 2]
Како Јехова ‚донесува казна‘ врз идните генерации ‚поради престапите на нивните татковци‘? (2. Мој. 20:5) [28 апр., w04 15/3 стр. 27, пас. 1]