Повторување во Теократската школа за служба
Следниве прашања треба да се разгледаат во Теократската школа за служба во текот на седмицата што почнува од 27 октомври 2014 год.
Зошто Израелците се жалеле против Бог и Мојсеј, како што е запишано во 4. Мојсеева 21:5, и што учиме од овој извештај? [1 септ., w99 15/8 стр. 26-27]
Зошто Јеховиниот гнев пламнал против Валаам? (4. Мој. 22:20-22) [8 септ., w04 1/8 стр. 27, пас. 2]
Што учиме од 4. Мојсеева 25:11 во врска со ставот на Финес, и како можеме да го следиме неговиот пример? [8 септ., w04 1/8 стр. 27, пас. 4]
На кои начини Мојсеј ни оставил прекрасен пример за понизност? (4. Мој. 27:5, 15-18) [15 септ., w13 1/2 стр. 5]
Како Исус Навин и Халев покажале дека несовршените луѓе можат успешно да одат по Божјите патишта и покрај противењето? (4. Мој. 32:12) [22 септ., w93 15/11 стр. 14, пас. 13]
Како може послушноста на ќерките на Салпад да влијае врз христијаните кои не се во брак? (4. Мој. 36:10-12) [29 септ., w08 15/2 стр. 4-5, пас. 10]
Какви последици пожнеале Израелците поради тоа што се жалеле и зборувале негативно, и што учиме од нив? (5. Мој. 1:26-28, 34, 35) [6 окт., w13 15/8 стр. 11, пас. 7]
За да добијат благослов од Јехова во Ветената земја, која одговорност требало да ја исполнат Израелците? (5. Мој. 4:9) [13 окт., w06 1/6 стр. 29, пас. 15]
На кој начин облеката на Израелците не се кинела и нозете не им отекувале за време на патувањето низ пустината? (5. Мој. 8:3, 4) [20 окт., w04 15/9 стр. 26, пас. 1]
Како можеме да го примениме советот што им бил даден на Израелците ‚да се приврзат‘ кон Јехова? (5. Мој. 13:4, 6-9) [27 окт., w02 15/10 стр. 16, пас. 14]