Повторување во Теократската школа за служба
Следниве прашања треба да се разгледаат во Теократската школа за служба во текот на седмицата што почнува од 27 април 2015 год. Наведен е и датумот кога треба да се разгледа секое прашање за да може секој да истражува кога се подготвува за Школата секоја седмица.
Опиши каква е длабоката љубов, и особено на кои полиња од животот треба да ја покажуваме? (Рут 1:16, 17) [2 март, w12 1/7 стр. 26, пас. 6]
Зошто Рут станала позната како „примерна жена“? (Рут 3:11) [2 март, w12 1/10 стр. 23, пас. 1]
Како примерот на Ана ни помага кога се соочуваме со проблеми? (1. Сам. 1:16-18) [9 март, w07 15/3 стр. 16, пас. 4-5]
Додека ‚растел пред Јехова‘, што го заштитило младиот Самоил од лошиот пример на синовите на Илиј? (1. Сам. 2:21) [9 март, w10 1/10 стр. 16, пас. 3-4]
Што учиме од Саул, кој не постапил избрзано кога некои „никаквеци“ не го прифатиле неговото царување? (1. Сам. 10:22, 27) [23 март, w05 15/3 стр. 23, пас. 1]
Зошто може да се каже дека Саул бил во заблуда затоа што мислел дека може да принесе жртва наместо да му биде послушен на Јехова? (1. Сам. 15:22, 23) [30 март, w07 15/6 стр. 26, пас. 3-4]
Зошто е утешно тоа што „Јехова го гледа она што е во срцето“? (1. Сам. 16:7) [6 апр., w10 1/3 стр. 23, пас. 7]
Според Изреки 1:4, кои способности Јехова очекува да ги користиме кога ќе се најдеме во тешки ситуации? (1. Сам. 21:12, 13) [13 апр., w05 15/3 стр. 24, пас. 4]
Зошто може да се каже дека Авигеја не го погазила поглаварството на својот маж кога им дала храна на Давид и на неговите луѓе? (1. Сам. 25:10, 11, 18, 19) [20 апр., w09 1/7 стр. 20, пас. 3]
Зошто може да се каже дека Авигеја покажала љубов, мудрост и понизност со тоа што се извинила за грешка што не ја направила, и што можеме да научиме од нејзиниот пример? (1. Сам. 25:24) [20 апр., w02 1/11 стр. 5, пас. 1, 4]