ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • km 6/15 стр. 4
  • Известувања

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Известувања
  • Нашата служба за Царството 2015
Нашата служба за Царството 2015
km 6/15 стр. 4

Известувања

◼ Сите трактати и покани што ќе им ги дадеме на луѓето или ќе ги оставиме кај оние што не сме ги нашле дома треба да се известат во колоната „Брошури“ кога ќе го пополнуваме својот извештај од службата на проповедање на крајот од месецот. Кога некој ќе се заинтересира и ќе земе литература, макар и трактат, треба да се потрудиме да го посетиме повторно.

◼ Почнувајќи од седмицата од 19 октомври 2015 год., на Собраниското проучување на Библијата ќе ја обработуваме книгата Угледајте се на нивната вера. Доколку во некое собрание се потребни дополнителни примероци од оваа книга, треба да се нарачаат со следната нарачка на литература. Оние што повеќе сакаат да ја имаат оваа книга во електронски облик треба да ја преземат од jw.org/mk наместо да земат печатено издание.

◼ Во распоредот за Состанокот за нашата служба за седмицата пред регионалниот конгрес треба да се направат промени за да се разгледаат потсетувањата во врска со конгресот од додатокот во Нашата служба од април 2015. Треба да се разгледаат и упатствата од писмото до сите собранија со датум од 3 август 2013 во кое се изнесени некои мерки за безбедност што треба да се преземат за време на христијанските состаноци и собири. Месец-два по конгресот, во точката „Локални потреби“ може да се повторат некои мисли од говорите кои на објавителите им биле корисни во службата.

◼ Понуда на литература за септември и октомври: Стражарска кула и Разбудете се!

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели