Вести од службата
◼ Во март, скоро секој втор објавител беше во пионерска служба. Од вкупно 1.285 објавители, 379 беа помошни пионери, 141 беа во општа пионерска служба, а 53 во специјална. Ревноста на сите објавители се гледа од она што беше постигнато. Тие поминаа 37.085 часови во службата на проповедање, поделија 61.581 книги, брошури и трактати, 30.356 списанија и направија 15.113 повторни посети. Колку голема жртва на фалба за нашиот Бог Јехова!