Вести од службата
◼ Во мај 2015 год. беа дадени најголем број книги во службата: 6.438! Во тоа многу помогна нашето учество на Саемот на книга кој се одржа од 5 до 11 мај 2015 год. Во овој проект беа вклучени вкупно 58 објавители. Тие служеа во три смени на ден, со 3-4 објавители во смена. За време на Саемот беа поделени повеќе од 6.800 публикации на повеќе јазици. Добивме многу пофалби за изгледот на штандот, за квалитетот на нашата литература и за важноста на нашето дело. Еден новинар помина и рече: „Вие сте ‚Книжара Скопје‘ — сегде ве има во градот. Секогаш сте убаво облечени, културни, знаете да комуницирате со луѓето и не сте наметливи.“
◼ Освен учеството на Саемот на книга, месец мај го одбележаа и други важни настани. На 3 мај се одржа вториот покраински собир на ромски јазик со 900 присутни од цела Македонија и од други земји. Двајца се крстија на тој собир. Една седмица подоцна, на покраинскиот собир на македонски јазик за покраина 1, кој се одржа во хала 5 на Скопски Саем, присуствуваа 559 лица. Во истата хала, на 24 мај, се собраа 1.382 браќа и заинтересирани лица за да го слушаат специјалното предавање на брат Дејвид Шејфер од главното седиште во Бруклин (САД). Јехова навистина заслужува голема фалба за сите овие посебни теократски настани кои многу нѐ охрабрија и со кои беше дадено големо сведоштво.