ДА ЖИВЕЕМЕ КАКО ХРИСТИЈАНИ
Зошто да не се обидеш барем една година?
Зошто да не се обидеш да служиш како општ пионер? Ќе уживаш во прекрасни благослови! (Из 10:22).
АКО БИДЕШ ПИОНЕР...
ќе можеш да станеш повешт во службата и да уживаш повеќе во неа
ќе го продлабочиш својот однос со Јехова. Кога почесто им зборуваш на другите за Јехова и самиот почесто мислиш на неговите особини кои влеваат страхопочит
ќе видиш колку е убаво чувството кога Царството ти е на прво место, и ќе почувствуваш колку е голема радоста кога се трошиш за другите (Мт 6:33; Де 20:35)
ќе можеш да присуствуваш на состанокот со пионери за време на покраинската посета, на состанокот со пионери што се одржува пред Покраинскиот собир и на Школата за пионери
ќе имаш повеќе можности да започнуваш и да водиш библиски курсеви
ќе поминуваш повеќе време со браќата и сестрите со кои си во служба, и ќе можете заемно да се охрабрувате (Ри 1:11, 12)