19-25 ноември
ДЕЛА 4-5
Песна 73 и молитва
Воведни зборови (3 мин. или помалку)
ОД РИЗНИЦАТА НА БОЖЈАТА РЕЧ
„Тие и понатаму зборувале за Божјата Реч со смелост“: (10 мин.)
Де 4:5-13 — Иако биле „неуки и обични“, Петар и Јован смело ја бранеле својата вера пред поглавари и книжници (w08 1/9 стр. 15, рамка; w08 15/5 стр. 30, пас. 6)
Де 4:18-20 — И покрај заканите, Петар и Јован продолжиле да проповедаат
Де 4:23-31 — Христијаните од првиот век биле храбри затоа што се потпирале на Јеховиниот свет дух (it-1-E стр. 128, пас. 3)
Најди духовни бисери: (8 мин.)
Де 4:11 — Во која смисла Исус е „аголен камен“? (it-1-E стр. 514, пас. 4)
Де 5:1 — Зошто Ананија и Сапфира продале имот? (w13 1/3 стр. 15, пас. 3)
Што научи за Јехова од материјалот за читање од Библијата за оваа седмица?
Кои други духовни бисери ги пронајде во овој материјал?
Читање на Библијата: (4 мин. или помалку) Де 5:27-42
ДАЈ СЀ ОД СЕБЕ ВО СЛУЖБАТА
Прв разговор: (2 мин. или помалку) „Предлози за разговор“. Справи се со приговор кој е вообичаен за вашето подрачје.
Прва повторна посета: (3 мин. или помалку) „Предлози за разговор“. Станарот ти вели дека не е христијанин.
Втора повторна посета — видеоклип: (5 мин.) Откако ќе го гледате клипот, дискутирајте за него.
ДА ЖИВЕЕМЕ КАКО ХРИСТИЈАНИ
„Резултати од сведочењето со колички низ целиот свет“: (15 мин.) Дискусија што треба да ја води надгледникот за служба. Пушти го видеоклипот. Ако собранието сведочи на јавни места со маса или количка, донеси ги на бината и покажи ги. Истакни како е организирана оваа служба на вашето подрачје. Доколку дозволува времето, раскажи или нека биде одглумено некое убаво локално искуство. Објасни како можат објавителите да учествуваат во овој вид служба.
Собраниско проучување на Библијата: (30 мин.) jy погл. 43, пас. 8-18
Повторување и најава за следниот состанок (3 мин.)
Песна 64 и молитва