ДА ЖИВЕЕМЕ КАКО ХРИСТИЈАНИ
Што ќе правиш во сушна година?
Верата и довербата се тесно поврзани. На пример, силната вера во Јехова ни помага да имаме доверба дека тој ќе нѐ штити и ќе се грижи за нас (Пс 23:1, 4; 78:22). Свесни сме дека колку поблиску сме до крајот на овој свет толку посилни ќе бидат нападите на Сатана (От 12:12). Што може да ни помогне?
ГЛЕДАЈ ГО ВИДЕОКЛИПОТ ШТО ЌЕ ПРАВИШ ВО СУШНА ГОДИНА? А ПОТОА ОДГОВОРИ ГИ СЛЕДНИВЕ ПРАШАЊА:
Во која смисла можеме да бидеме како дрвото спомнато во Еремија 17:8?
Кој е еден облик на „жега“?
Дали жегата и сушата можат да му наштетат на „дрвото“, и зошто?
Што се обидува Сатана да уништи?
На кои начини можеме да бидеме како искусни патници во авион?
Зошто треба и понатаму да имаме доверба во верниот и разборит роб, и како ќе биде испитана нашата доверба?
Зошто е важно да бидеме уверени дека библиските начела се за наше добро, и покрај тоа што луѓето во светот нѐ исмејуваат?