ДА ЖИВЕЕМЕ КАКО ХРИСТИЈАНИ
Биди како Јосиф — бегај од неморал
Јосиф ни дал добар пример како треба да постапиме ако се најдеме на искушение да направиме неморал. Иако жената на неговиот господар секогаш одново се обидувала да го заведе, тој ја одбивал, велејќи: „Како би можел да направам толку големо зло и да му згрешам на Бог?“ (1Мо 39:7-10). Од овие зборови се гледа дека дотогаш веќе имал размислено за тоа како гледа Јехова на верноста во бракот. Ова му помогнало кога се нашол во опасност да подлегне на искушението да направи неморал. Наместо да остане и да ѝ даде можност на жената на Петефри да го наведе да попушти, тој побегнал (1Мо 39:12; 1Ко 6:18).
ГЛЕДАЈ ГО ВИДЕОКЛИПОТ БЕГАЈ ОД БЛУД, А ПОТОА ОДГОВОРИ ГИ СЛЕДНИВЕ ПРАШАЊА:
Во каква ситуација се најде Јин?
Кои прашања си ги постави Јин кога Кими го замоли да ѝ помогне со домашната по математика?
Како се чувствуваше Јин откако Кими го побара тоа од него?
Како Јин доби помош?
Што направи Јин за да не падне во замката на неморалот?
Што учиш од овој видеоклип?