ОД РИЗНИЦАТА НА БОЖЈАТА РЕЧ | 2. МОЈСЕЕВА 23-24
Не поведувај се по мноштвото
Јехова ги предупредил оние што биле во улога на судии или биле сведоци во правни случаи да не подлегнуваат на притисокот од мноштвото и притоа да ја извртуваат правдата и да даваат лажно сведоштво. Ова начело, да не се поведуваме по мноштвото, важи и за други подрачја од животот. Како христијани, постојано сме под притисок да размислуваме и да се однесуваме како луѓето од светот (Ри 12:2).
Зошто не е мудро да се поведуваме по мноштвото кога станува збор за...
слушање непотврдени гласини или озборување?
избор на облека, фризура или забава?
ставот кон луѓе од друга раса, култура или финансиска состојба?