ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • mwb24 Јануари стр. 3-16
  • 8-14 јануари

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • 8-14 јануари
  • Нашиот живот и служба како христијани — работни листови (2024)
Нашиот живот и служба како христијани — работни листови (2024)
mwb24 Јануари стр. 3-16

8-14 ЈАНУАРИ

ЈОВ 34 — 35

Песна 30 и молитва | Воведни зборови (1 мин.)

ОД РИЗНИЦАТА НА БОЖЈАТА РЕЧ

1. Кога ти се чини дека животот е неправеден

(10 мин.)

Имај на ум дека Јехова никогаш не ги предизвикува неправдите (Јов 34:10; wp19.1 8, пас. 2)

Можеби ти изгледа дека злобните поминуваат неказнето; сепак, тие не можат да се скријат од Јехова (Јов 34:21-26; w17.04 10, пас. 5)

Најдобриот начин на кој можеме да им помогнеме на оние што доживуваат неправди е така што ќе ги поучуваме за Јехова (Јов 35:9, 10; Мт 28:19, 20; w21.05 7, пас. 19-20)

Еден брачен пар им сведочи на еден човек и на неговото синче кои живеат во колиба во близина на еден луксузен комлекс згради.

2. Духовни бисери

(10 мин.)

  • Јов 35:7 — Што сакал да му каже Елиу на Јов кога го прашал: „Што прима [Бог] од твојата рака“? (w17.04 29, пас. 3)

  • Кои духовни бисери од читањето на Библијата за оваа седмица би сакал да ги споделиш?

3. Читање на Библијата

(4 мин.) Јов 35:1-16 (th лекција 10)

ДАЈ СЀ ОД СЕБЕ ВО СЛУЖБАТА

4. Започнување разговори

(3 мин.) ОД КУЌА ДО КУЌА. Понуди библиски курс. (lmd лекција 10: точка 3)

5. Започнување разговори

(4 мин.) НЕФОРМАЛНО СВЕДОЧЕЊЕ. Покажи му на едно лице кое има мали деца како може да најде корисни информации за родителите на jw.org. (lmd лекција 1: точка 4)

6. Водење библиски курсеви

(5 мин.) lff лекција 13: точка 5 (lmd лекција 11: точка 3)

ДА ЖИВЕЕМЕ КАКО ХРИСТИЈАНИ

Песна 58

7. Дали имаш желба да проповедаш во неформални прилики?

(15 мин.) Дискусија.

Една сестра ѝ сведочи на една жена во автобус со помош на својот телефон.

Павле го поттикнал Тимотеј: „Проповедај ја Божјата реч и прави го тоа со чувство на итност“ (2Ти 4:2). Грчкиот глагол што во овој стих е преведен со „прави го тоа со чувство на итност“ понекогаш се користел за да се укаже на еден војник или на еден стражар кој е на својата задача и кој секогаш е спремен да реагира. Овој израз добро ја опишува нашата желба секогаш да бидеме спремни да дадеме сведоштво кога разговараме со некого.

Љубовта кон Јехова и благодарноста за сето она што тој го прави за нас нѐ поттикнува да им кажуваме на другите за неговите прекрасни особини.

Прочитај Псалм 71:8. Потоа, прашај ги присутните:

Кои убави работи во врска со Јехова би сакал да им ги кажеш на другите?

Исто така, љубовта кон луѓето нѐ поттикнува да сведочиме неформално.

Пушти го ВИДЕОКЛИПОТ Како стотици лица ја пронашле вистината. Потоа, прашај ги присутните:

  • Како едно неформално сведочење водело до тоа стотици лица да ја пронајдат библиската вистина?

  • Како им користело на некои поранешни членови на една црква тоа што ја дознале вистината?

  • Како љубовта кон луѓето нѐ поттикнува да им сведочиме неформално?

  • Зошто сметаш дека неформалното сведочење е ефикасен начин на кој другите можат да го запознаат Јехова?

8. Собраниско проучување на Библијата

(30 мин.) bt погл. 4, рамка на стр. 33

Заклучни зборови (3 мин.) | Песна 138 и молитва

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели