ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • mwb24 Јануари стр. 8-9
  • 29 јануари — 4 февруари

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • 29 јануари — 4 февруари
  • Нашиот живот и служба како христијани — работни листови (2024)
Нашиот живот и служба како христијани — работни листови (2024)
mwb24 Јануари стр. 8-9

29 ЈАНУАРИ — 4 ФЕВРУАРИ

ЈОВ 40 — 42

Песна 124 и молитва | Воведни зборови (1 мин.)

ОД РИЗНИЦАТА НА БОЖЈАТА РЕЧ

1. Поуки од она што му се случило на Јов

(10 мин.)

Треба да признаеме дека нашето гледиште е ограничено во споредба со Јеховиното (Јов 42:1-3; w10 15/10 3-4, пас. 4-6)

Треба спремно да ги прифаќаме советите од Јехова и од неговата организација (Јов 42:5, 6; w17.06 25, пас. 12)

Јехова ги наградува оние што му остануваат верни и покрај неволјите (Јов 42:10-12; Јк 5:11; w22.06 25, пас. 17-18)

Јов и неговата жена со ценење гледаат еден во друг. Јов со раката покажува кон нивните стада и домот.

Јехова го наградил Јов за неговата беспрекорност

2. Духовни бисери

(10 мин.)

  • Јов 42:7 — Против кого, всушност, зборувале тројцата тешители на Јов, и како тоа што го знаеме ова ни помага да истраеме кога другите нѐ исмејуваат? (it-2-E 808)

  • Кои духовни бисери од читањето на Библијата за оваа седмица би сакал да ги споделиш?

3. Читање на Библијата

(4 мин.) Јов 42:1-17 (th лекција 11)

ДАЈ СЀ ОД СЕБЕ ВО СЛУЖБАТА

4. Започнување разговори

(3 мин.) ОД КУЌА ДО КУЌА. Лицето не припаѓа на некоја христијанска религија. (lmd лекција 5: точка 3)

5. Водење библиски курсеви

(5 мин.) lff лекција 13: точки 6-7 и Некои велат (lmd лекција 11: точка 4)

6. Говор

(4 мин.) lmd додаток А: точка 2 — Тема: Земјата никогаш нема да биде уништена. (th лекција 13)

ДА ЖИВЕЕМЕ КАКО ХРИСТИЈАНИ

Песна 108

7. Помогни им на другите да ја чувствуваат Јеховината љубов

(15 мин.) Дискусија.

Сцена од видеоклипот „Во Јеховиното семејство почувствувавме што е љубов“. Мими и нејзината мајка ѝ носат цвеќе и картичка на една сестра која лежи во болница.

Радосни сме што му служиме на Бог кој е љубов (1Јо 4:8, 16). Тоа што Јехова е полн со љубов нѐ привлекува кон него и нѐ поттикнува да сакаме да бидеме блиски со него. Како негови слуги, сите ние ја чувствуваме неговата љубов.

Даваме сѐ од себе за да го следиме примерот на Јехова така што покажуваме љубов кон членовите на нашето семејство, кон браќата и сестрите и кон другите луѓе (Јов 6:14; 1Јо 4:11). Со тоа што им покажуваме љубов на другите, им помагаме да го запознаат Јехова и да се зближат со него. Од друга страна, ако не им покажуваме љубов, може да им отежнеме да ја почувствуваат Јеховината љубов.

Пушти го ВИДЕОКЛИПОТ Во Јеховиното семејство почувствувавме што е љубов. Потоа, прашај ги присутните:

Што научи од искуството на Леј Леј и Мими во врска со тоа колку е важно да покажуваме љубов кон другите?

Што може да правиме за да им помагаме на браќата и сестрите да ја чувствуваат Јеховината љубов?

  • Гледај на нив како на скапоцени овчички на Јехова (Пс 100:3).

  • Зборувај со нив на начин кој охрабрува (Еф 4:29).

  • Труди се да разбереш како се чувствуваат (Мт 7:11, 12).

8. Собраниско проучување на Библијата

(30 мин.) bt погл. 5, пас. 1-8, рамка на стр. 39

Заклучни зборови (3 мин.) | Песна 126 и молитва

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели