6-12 МАЈ
ПСАЛМИ 36 — 37
Песна 87 и молитва | Воведни зборови (1 мин.)
1. „Не гневи се поради оние што прават зло“
(10 мин.)
Злобните луѓе ни предизвикуваат болка и страдање (Пс 36:1-4; w17.04 10, пас. 4)
Ако држиме лутина против „оние што прават зло“, ќе си наштетиме себеси (Пс 37:1, 7, 8; w22.06 10, пас. 10)
Тоа што имаме доверба во Јеховините ветувања ни дава мир (Пс 37:10, 11; w03 1/12 13, пас. 20)
ПРАШАЈ СЕ: „Дали обрнувам премногу внимание на чиновите на насилство кои се прикажуваат во вестите?“
2. Духовни бисери
(10 мин.)
Пс 36:6 — На што можеби мислел псалмистот кога рекол: „Твојата праведност е како твоите планини, Боже“? (it-2-E 445)
Кои духовни бисери од читањето на Библијата за оваа седмица би сакал да ги споделиш?
3. Читање на Библијата
(4 мин.) Пс 37:1-26 (th лекција 10)
4. Започнување разговори
(3 мин.) ОД КУЌА ДО КУЌА. (lmd лекција 1: точка 5)
5. Правење повторни посети
(4 мин.) НЕФОРМАЛНО СВЕДОЧЕЊЕ. Понуди му библиски курс на лице кое во минатото одбило да проучува. (lmd лекција 9: точка 4)
6. Говор
(5 мин.) ijwbv-E 45 — Тема: Кое е значењето на Псалм 37:4? (th лекција 13)
Песна 33
7. Дали си подготвен за неволја?
(15 мин.) Дискусија.
Поради природни катастрофи или катастрофи предизвикани од човек, многу наши браќа и сестри низ целиот свет останале без своите материјални поседи, а изгубиле и некои од своите блиски (Пс 9:9, 10). За жал, реалноста е дека вакво „време на неволја“ може да нѐ погоди во секој момент. Затоа, сите треба да бидеме подготвени за да се соочиме со вакви тешкотии.
Освен што треба да се подготвиме во физички поглед,a што друго може да ни биде од помош?
Подготви се во психички поглед: Прифати ја реалноста дека секогаш постои можност да се случи катастрофа и размисли што би можел да направиш доколку навистина се случи. Внимавај да не се приврзуваш премногу за материјалните поседи. Тоа ќе ти помогне да постапуваш мудро и одлучно и најважно да ти биде да си го спасиш твојот живот и животот на другите наместо материјалните работи (1Мо 19:16; Пс 36:9). Исто така, тоа ќе ти помогне по катастрофата да имаш реални очекувања и доколку изгубиш материјални работи, полесно да се носиш со тоа (Пс 37:19).
Подготви се во духовен поглед: Зајакнувај си ја довербата дека Јехова сака и може да се грижи за тебе (Пс 37:18). Уште пред да се случи некоја катастрофа, постојано потсетувај се дека Јехова ќе ги води и ќе им помага на своите слуги дури и ако изгубат сѐ што имаат (Ере 45:5; Пс 37:23, 24).
Ако сме уверени дека Јехова ќе ги исполни своите ветувања, тој ќе биде наша тврдина во „време на неволја“ (Пс 37:39).
Пушти го ВИДЕОКЛИПОТ Дали си подготвен во случај на природна катастрофа? Потоа, прашај ги присутните:
Како може Јехова да ни помогне во случај на катастрофа?
Што може да направиме за да бидеме подготвени?
Како може да им помогнеме на други кои се погодени од некоја катастрофа?
8. Собраниско проучување на Библијата
(30 мин.) bt погл. 9, пас. 8-16
Заклучни зборови (3 мин.) |
a Види во Разбудете се! бр. 5, 2017, страници 4-6.