27 МАЈ — 2 ЈУНИ
ПСАЛМИ 42 — 44
Песна 86 и молитва | Воведни зборови (1 мин.)
1. Извлечи потполна корист од Божјите поуки
(10 мин.)
Користи ги приликите да го обожаваш Јехова заедно со другите, доколку е можно со физичко присуство (Пс 42:4, 5; w06 1/6 9, пас. 4)
Моли се пред да ја проучуваш Божјата Реч (Пс 42:8; w12 15/1 15, пас. 2)
Дозволи ѝ на Библијата да те води во сѐ што правиш во животот (Пс 43:3)
Поуките што ги добиваме од Јехова ни ја даваат потребната сила за да се справиме со неволјите и да живееме во склад со нашиот завет (1Пе 5:10; w16.09 5, пас. 11-12).
2. Духовни бисери
(10 мин.)
Пс 44:19 — На што можеби се однесува изразот „местото на кое се собираат шакалите“? (w06 1/6 8, пас. 5)
Кои духовни бисери од читањето на Библијата за оваа седмица би сакал да ги споделиш?
3. Читање на Библијата
(4 мин.) Пс 44:1-26 (th лекција 11)
4. Започнување разговори
(4 мин.) ОД КУЌА ДО КУЌА. Понуди библиски курс. (lmd лекција 5: точка 5)
5. Правење повторни посети
(5 мин.) ОД КУЌА ДО КУЌА. Покани го лицето на следното јавно предавање. Воведи го видеоклипот Како изгледаат состаноците на Јеховините сведоци? и дискутирајте за него (но не го пуштај на бината). (lmd лекција 7: точка 5)
6. Говор
(3 мин.) lmd додаток А: точка 4 — Тема: Секој човек ќе има совршено здравје. (th лекција 2)
Песна 21
7. Донеси мудри одлуки во врска со изборот на работа и образование
(15 мин.) Дискусија.
Млади, дали планирате што ќе правите откако ќе завршите со средно училиште? Можеби веќе имаш на ум некоја работа која ќе ти овозможи да служиш како пионер. Или, можеби размислуваш да земеш некој дополнителен курс кој ќе ти овозможи да се здобиеш со некоја корисна вештина, лиценца или диплома што ќе ти помогне да најдеш таква работа. Ова е еден возбудлив период од твојот живот. Сепак, можеби не си сигурен што да правиш бидејќи имаш многу избор, или пак си под притисок да донесеш одлука со која ќе им угодиш на другите. Што може да ти помогне да донесеш мудри одлуки?
Прочитај Матеј 6:32, 33. Потоа, прашај ги присутните:
Зошто е добро да си имаш поставено јасни духовни цели пред да донесеш важни одлуки во врска со работата и образованието?
Како родителите може да им помогнат на своите деца да го применат советот даден во Матеј 6:32, 33? (Пс 78:4-7).
Внимавај врз твоите одлуки да не влијае желбата материјално да се обезбедиш или да станеш познат (1Јо 2:15, 17). Не заборавај дека тоа што некој има многу во материјален поглед може да му отежни да ја прифати пораката за Царството (Лк 18:24-27). На некој што напорно работи за да стане богат ќе му биде тешко да стекне цврста вера и да се концентрира на тоа да му угоди на Јехова (Мт 6:24; Мр 8:36).
Пушти го ВИДЕОКЛИПОТ Немај доверба во она што пропаѓа — богатството. Потоа, прашај ги присутните:
Како Изреки 23:4, 5 може да ти помогне да донесеш мудри одлуки?
8. Собраниско проучување на Библијата
(30 мин.) bt погл. 10, пас. 5-12