ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • mwb24 Септември стр. 10-11
  • 7-13 октомври

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • 7-13 октомври
  • Нашиот живот и служба како христијани — работни листови (2024)
Нашиот живот и служба како христијани — работни листови (2024)
mwb24 Септември стр. 10-11

7-13 ОКТОМВРИ

ПСАЛМИ 92 — 95

Песна 84 и молитва | Воведни зборови (1 мин.)

ОД РИЗНИЦАТА НА БОЖЈАТА РЕЧ

1. Да му се служи на Јехова е најдобриот начин на живот!

(10 мин.)

Јехова заслужува да го обожаваме (Пс 92:1, 4; w18.04 26, пас. 5)

Тој им помага на своите слуги да носат одлуки и да бидат среќни (Пс 92:5; w18.11 20, пас. 8)

Тој ги цени оние кои му служат, дури и ако се во поодминати години (Пс 92:12-15; w20.01 19, пас. 18)

Слики: 1. Една девојка се моли. 2. Таа се крштава.

ПРАШАЈ СЕ: „Што ме спречува да му се заветувам на Јехова и да се крстам?“

2. Духовни бисери

(10 мин.)

  • Пс 92:5 — Зошто овие зборови добро ја опишуваат Јеховината мудрост? (cl 176, пас. 18)

  • Кои духовни бисери од читањето на Библијата за оваа седмица би сакал да ги споделиш?

3. Читање на Библијата

(4 мин.) Пс 94:1-23 (th лекција 5)

ДАЈ СЀ ОД СЕБЕ ВО СЛУЖБАТА

4. Започнување разговори

(4 мин.) НЕФОРМАЛНО СВЕДОЧЕЊЕ. Во разговор, создај прилика да му кажеш на лицето за тоа дека ги поучуваш луѓето за Библијата. (lmd лекција 5: точка 3)

5. Правење повторни посети

(3 мин.) НЕФОРМАЛНО СВЕДОЧЕЊЕ. Понуди му библиски курс на лице кое во минатото одбило да проучува. (lmd лекција 8: точка 4)

6. Водење библиски курсеви

(5 мин.) Разговор со интересент кој не напредува. (lmd лекција 12: точка 5)

ДА ЖИВЕЕМЕ КАКО ХРИСТИЈАНИ

Песна 5

7. Кога младите се преплавени од чувства на загриженост

(15 мин.) Дискусија.

Една тинејџерка седи на подот и безнадежно гледа во него.

Оние кои му служат на Јехова не се заштитени од чувства на загриженост. На пример, Давид бил загрижен во различни периоди од неговиот живот. Истото е случај и денес со многу наши браќа и сестри (Пс 13:2; 139:23). За жал, дури и младите можат да се борат со чувства на загриженост. Понекогаш, загриженоста може да предизвика некои вообичаени активности, како што се одење на училиште или присуство на собраниски состаноци, да изгледаат претешки. Таа дури може да води до напади на паника или самоубиствени мисли.

Млади, ако некогаш се чувствувате преплавени од чувства на загриженост, зборувајте со вашите родители или со некој зрел христијанин. Исто така, молете го Јехова за помош (Фп 4:6). Тој ќе ви помогне (Пс 94:17-19; Иса 41:10). Да го разгледаме примерот на Стаинг.

Пушти го ВИДЕОКЛИПОТ Јехова се грижеше за мене. Потоа, прашај ги присутните:

• Кој библиски стих му помогнал на Стаинг, и зошто?

• Како Јехова се грижел за него?

Девојката од претходната слика им кажува на своите родители како се чувствува. Тие внимателно ја слушаат.

Родители, вие можете да им помогнете на вашите деца да се борат со чувствата на загриженост така што внимателно ќе ги слушате, ќе им покажувате дека ги сакате и ќе им помагате да сфатат дека Јехова ги сака (Тит 2:4; Јк 1:19). Потпирајте се на Јехова, кој ќе ви ги даде силата и утехата што ви се потребни за да им помогнете на вашите деца.

Можеби не сме свесни кога некој во собранието се бори со претерана загриженост или не разбираме како точно се чувствува. Сепак, можеме да придонесеме сите во собранието да се чувствуваат сакано и прифатено (Из 12:25; Ев 10:24).

8. Собраниско проучување на Библијата

(30 мин.) bt погл. 16, пас. 6-9, рамка на стр. 132

Заклучни зборови (3 мин.) | Песна 81 и молитва

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели