ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • mwb24 Ноември стр. 4-5
  • 18-24 ноември

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • 18-24 ноември
  • Нашиот живот и служба како христијани — работни листови (2024)
Нашиот живот и служба како христијани — работни листови (2024)
mwb24 Ноември стр. 4-5

18-24 НОЕМВРИ

ПСАЛМИ 107 — 108

Песна 7 и молитва | Воведни зборови (1 мин.)

ОД РИЗНИЦАТА НА БОЖЈАТА РЕЧ

1. „Благодарете му на Јехова, зашто е добар“

(10 мин.)

Слично на начинот на кој Јехова ги избавил Израелците од Вавилон, така Јехова нѐ избавил нас од светот на Сатана (Пс 107:1, 2; Кол 1:13, 14)

Благодарноста што ја чувствуваме кон Јехова нѐ поттикнува да го фалиме во собранието (Пс 107:31, 32; w07 15/4 20, пас. 2)

Ние можеме да развиваме благодарност така што внимателно ќе ги набљудуваме делата на Јехова (Пс 107:43; w15 15/1 9, пас. 4)

Слики: Начини на кои може да го фалиме Јехова. 1. Браќа и сестри пеат на еден собраниски состанок. 2. Еден брат коментира за време на собраниски состанок. 3. Две сестри се во служба од куќа до куќа.

2. Духовни бисери

(10 мин.)

  • Пс 108:9 — Која е веројатно причината поради која Јехова рекол: „Моав ми е сад во кој ќе си ги измијам нозете“? (it-2-E 420, пас. 4)

  • Кои духовни бисери од читањето на Библијата за оваа седмица би сакал да ги споделиш?

3. Читање на Библијата

(4 мин.) Пс 107:1-28 (th лекција 5)

ДАЈ СЀ ОД СЕБЕ ВО СЛУЖБАТА

4. Започнување разговори

(3 мин.) НЕФОРМАЛНО СВЕДОЧЕЊЕ. (lmd лекција 1: точка 4)

5. Правење повторни посети

(4 мин.) НЕФОРМАЛНО СВЕДОЧЕЊЕ. Накратко објасни му на лицето за нашиот библиски курс и дај му визит-картичка за библиски курс. (lmd лекција 9: точка 3)

6. Говор

(5 мин.) ijwyp 90 — Тема: Како да ги победам негативните мисли? (th лекција 14)

ДА ЖИВЕЕМЕ КАКО ХРИСТИЈАНИ

Песна 46

7. Пееме за да му благодариме на Јехова

(15 мин.) Дискусија.

Откако Јехова ги избавил преплашените Израелци од моќната египетска војска кај Црвеното Море, тие од благодарност му запеале песна (2Мо 15:1-19). Мажите биле тие кои почнале да ја пеат оваа нова песна (2Мо 15:21). Исус и христијаните од првиот век исто така му пееле фалби на Бог (Мт 26:30; Кол 3:16). И ние денес ја изразуваме нашата благодарност кон Јехова со тоа што пееме на состаноците, на собирите и на конгресите. На пример, песната која штотуку ја испеавме, „Ти благодариме, Јехова“, се пее на нашите состаноци уште од 1966 год.

Во некои култури, на мажите можеби им е непријатно да пеат пред други луѓе. Други, пак, не сакаат да пеат бидејќи мислат дека немаат убав глас. Сепак, треба да имаме на ум дека пеењето на нашите состаноци е дел од нашето обожавање. Јеховината организација вложува голем труд за да искомпонира убави песни и за да ги избере соодветните песни за секој состанок. Ние го имаме полесниот дел — да ги здружиме нашите гласови за да ги изразиме љубовта и благодарноста што ги чувствуваме кон нашиот небесен Татко.

Пушти го ВИДЕОКЛИПОТ Нашата динамична историја — пеењето е дар (дел 2). Потоа, прашај ги присутните:

    Сцена од видеоклипот „Нашата динамична историја — пеењето е дар (дел 2)“. Брат Франц го објавува излегувањето на публикацијата „Песнарка за служба за Царството“.
  • Кој значаен настан се случил во 1944 год.?

  • Сцена од видеоклипот „Нашата динамична историја — пеењето е дар (дел 2)“. Доцна во ноќта, еден брат во Сибир прикрива снимка од браќа и сестри како пеат во поставата на едно палто.
  • Како нашите браќа и сестри во Сибир покажале ценење за теократските песни?

  • Сцена од видеоклипот „Нашата динамична историја — пеењето е дар (дел 2)“. Браќа и сестри пеат на еден конгрес во придружба на оркестар во живо.
  • Зошто пеењето е толку важно за Јеховините сведоци?

8. Собраниско проучување на Библијата

(30 мин.) bt погл. 18, пас. 6-15

Заклучни зборови (3 мин.) | Песна 73 и молитва

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели