ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • mwb25 Март стр. 14-15
  • 28 април — 4 мај

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • 28 април — 4 мај
  • Нашиот живот и служба како христијани — работни листови (2025)
Нашиот живот и служба како христијани — работни листови (2025)
mwb25 Март стр. 14-15

28 АПРИЛ — 4 МАЈ

ИЗРЕКИ 11

Песна 90 и молитва | Воведни зборови (1 мин.)

ОД РИЗНИЦАТА НА БОЖЈАТА РЕЧ

1. Не го кажувај тоа!

(10 мин.)

Не кажувај нешто со што би му наштетил на „ближниот“ (Из 11:9; w02 15/5 26, пас. 4)

Не кажувај нешто што ќе предизвика поделби (Из 11:11; w02 15/5 27, пас. 2-3)

Не откривај доверливи работи (Из 11:12, 13; w02 15/5 27, пас. 5)

Двајца браќа разговараат во салата за состаноци. Еден од браќата зборува негативно за друг брат кој оди кон нив.

ЗА РАЗМИСЛУВАЊЕ: Како зборовите на Исус запишани во Лука 6:45 ни помагаат да го отфрлиме штетниот говор?

2. Духовни бисери

(10 мин.)

  • Из 11:17 — Како ни користи тоа што покажуваме добрина? (g20.1 11, рамка)

  • Кои духовни бисери од читањето на Библијата за оваа седмица би сакал да ги споделиш?

3. Читање на Библијата

(4 мин.) Из 11:1-20 (th лекција 5)

ДАЈ СЀ ОД СЕБЕ ВО СЛУЖБАТА

4. Започнување разговори

(4 мин.) НЕФОРМАЛНО СВЕДОЧЕЊЕ. Барај прилика да му кажеш на лицето нешто што си научил на неодамнешен состанок. (lmd лекција 2: точка 4)

5. Правење повторни посети

(4 мин.) НЕФОРМАЛНО СВЕДОЧЕЊЕ. Воведи некој видеоклип од главните публикации за служба. (lmd лекција 8: точка 3)

6. Водење библиски курсеви

(4 мин.) СВЕДОЧЕЊЕ НА ЈАВНИ МЕСТА. Понуди библиски курс и покажи му на лицето како изгледа курсот.(lmd лекција 10: точка 3)

ДА ЖИВЕЕМЕ КАКО ХРИСТИЈАНИ

Песна 157

7. Не дозволувај твојот говор да го наруши мирот

(15 мин.) Дискусија.

Бидејќи сме несовршени, ние грешиме со нашите зборови (Јк 3:8). Сепак, ако сме свесни за вообичаените замки, тоа ќе ни помогне да не кажеме нешто за што подоцна ќе зажалиме. Еве некои видови говор кои можат да го нарушат мирот во собранието:

  • Фалбаџиство. Кога некој се фали, кај другите може да предизвика натпреварувачки дух и завист (Из 27:2).

  • Нечесен говор. Во тоа не се вклучени само отворени лаги, туку и зборови со кои намерно ги наведуваме другите на погрешен заклучок. Дури и мала нечесност може да ја уништи довербата и да му нанесе штета на нашиот углед (Про 10:1).

  • Озборување. Тоа е бескорисно зборување за други луѓе и нивните животи со кое се извртуваат фактите или се откриваат лични работи (1Ти 5:13). Може да води до караници и поделби.

  • Гневен говор. Тоа е неконтролирано и гневно изразување на нашите чувства врз некој што нѐ вознемирил (Еф 4:26). Може да повреди некого (Из 29:22).

Сцени од видеоклипот „Отфрли го она што го нарушува мирот — извадок“ 1. Емили и Софија седат една спроти друга во една кафетерија. Софија на телефон гледа објава на Хејли на социјална мрежа. 2. Хејли гневно ѝ зборува на Софија на паркингот на салата за состаноци.

Пушти го ВИДЕОКЛИПОТ Отфрли го она што го нарушува мирот — извадок. Потоа, прашај ги присутните:

  • Што научи во врска со тоа колку лесно нашиот говор може да го наруши мирот во собранието?

За да дознаеш како беше обновен мирот, гледај го видеоклипот „Стреми се кон мир“.

8. Собраниско проучување на Библијата

(30 мин.) bt погл. 25, пас. 14-21

Заклучни зборови (3 мин.) | Новата песна за конгресот за 2025 и молитва

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели