12-18 МАЈ
ИЗРЕКИ 13
Песна 34 и молитва | Воведни зборови (1 мин.)
1. Немој да бидеш измамен од „светилката на злите“
(10 мин.)
Злите немаат иднина (Из 13:9; w03 15/9 24, пас. 5-6)
Немој да се дружиш со оние кои прават лошите работи да изгледаат добри (Из 13:20; w12 15/7 12, пас. 3)
Јехова го благословува праведникот (Из 13:25; w04 15/7 31, пас. 6)
Животот на оние кои тежнеат по световните желби не е толку возбудлив како што можеби изгледа. Но, оние кои ја вршат волјата на Јехова водат навистина среќен и исполнет живот
2. Духовни бисери
(10 мин.)
Из 13:24 — Што учиме од овој стих за љубовта и стегата? (w08 1/4 14, пас. 3-5)
Кои духовни бисери од читањето на Библијата за оваа седмица би сакал да ги споделиш?
3. Читање на Библијата
(4 мин.) Из 13:1-17 (th лекција 10)
4. Започнување разговори
(3 мин.) ОД КУЌА ДО КУЌА. Откако ќе започнеш разговор на некоја актуелна тема, покажи му на лицето нешто од Библијата што мислиш дека ќе го интересира. (lmd лекција 2: точка 5)
5. Започнување разговори
(4 мин.) НЕФОРМАЛНО СВЕДОЧЕЊЕ. Покани го лицето на состанок. (lmd лекција 2: точка 3)
6. Говор
(5 мин.) lmd додаток А: точка 9 — Тема: На децата кои им се послушни на своите родители и ги почитуваат ќе им биде добро. (th лекција 16)
Песна 77
7. „Светлината на праведните весело сјае“
(8 мин.) Дискусија.
Божјата Реч содржи неспоредливо знаење и ненадминлива мудрост. Ако го применуваме тоа што го учиме, ќе бидеме посреќни и ќе имаме подобар живот. Тоа е нешто што светот едноставно не може да ни го даде.
Пушти го ВИДЕОКЛИПОТ Светот не може да ти го даде она што го нема. Потоа, прашај ги присутните:
Како тоа што го доживеала сестра Гајнаншина покажува дека „светлината на праведните“ е далеку подобра од „светилката на злите“? (Из 13:9).
Не губи време да фантазираш за работи кои ги нуди овој свет или да жалиш за одлуките што си ги донел со цел да му служиш на Јехова (1Јо 2:15-17). Наместо тоа, концентрирај се на „ненадминливата вредност“ на знаењето кое си го стекнал (Фп 3:8).
8. Потреби на собранието
(7 мин.)
9. Собраниско проучување на Библијата
(30 мин.) bt погл. 26, пас. 9-17