БИБЛИСКА ФРАЗА
Исус „се [научил] на послушност“
Исус отсекогаш му бил послушен на Јехова (Јован 8:29). Тогаш, зошто во Библијата пишува: „Се научи на послушност од она што го претрпе“? (Евр. 5:8).
Додека бил на Земјата, Исус доживеал работи кои ги немал доживеано на небото. На пример, неговите родители го сакале Јехова, но биле несовршени (Лука 2:51). Злобните верски водачи и неправедните владетели постапувале многу лошо со него (Мат. 26:59; Мар. 15:15). Освен тоа, тој умрел со многу мачна смрт. Во Библијата за него пишува: „Се понизи и стана послушен сѐ до смртта“ (Фил. 2:8).
Од овие искуства, Исус се научил на послушност на еден сосема поинаков начин. Така, тој станал совршен Цар и Првосвештеник кој може да сочувствува со нас (Евр. 4:15; 5:9). Исус станал поскапоцен и покорисен за Јехова откако се научил на послушност од страдањата што ги доживеал. И ние можеме да станеме поскапоцени за Јехова и да бидеме корисни за која и да било задача што тој можеби ќе ни ја даде ако останеме послушни дури и кога се наоѓаме во тешки околности (Јак. 1:4).