ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g93 8/1 стр. 20-22
  • Јеховини сведоци ,предавани на судовите‘

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Јеховини сведоци ,предавани на судовите‘
  • Разбудете се! 1993
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Случаи по однос на вршење на родителско право
  • Спорното прашање за крвта
  • Правни битки за слобода на вероисповед
    Божјето Царство владее!
  • Врховниот суд на Норвешка ги поддржува религиозните права
    Разбудете се! 1996
  • Законско потврдување на нашето право да проповедаме
    Божјето Царство владее!
  • Законски да се брани добрата вест
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1998
Повеќе
Разбудете се! 1993
g93 8/1 стр. 20-22

Јеховини сведоци ,предавани на судовите‘

УШТЕ од своите почетоци христијанството наидувало на противење. Кога им давал упатства на своите ученици, Исус предупредил: „Пазете се од луѓето, зашто тие ќе ве предадат на судовите, и по синагогите нивни ќе ве бијат. И ќе ве одведат пред управници и цареви заради Мене, за да сведочите пред нив и пред незнабошците“ (Матеј 10:17, 18). Во повеќето земји денес, противењето на Царството поприма многу порафиниран облик отколку убиствениот бран на прогонства кој избил недолго по погубувањето на Исус. Во комплицираниот свет во кој живееме, противниците, со нивните спорни прашања, не се концентрираат само на проповедањето на добрата вест за Царството.

Случаи по однос на вршење на родителско право

Јеховините сведоци често доаѓаат пред семејниот суд. Во Австрија, Белгија, Канада, Франција, Норвешка, Соединетите Американски Држави и други земји, мали групи на противници се обидуваат религијата да ја направат клучен фактор при решавање на прашањата за вршење на родителско право кога родителите–неверници се разведуваат од Јеховини сведоци. Во некои случаи родителите Сведоци го загубиле вршењето на родителско право само затоа што се Јеховини сведоци.

Една мајка Јеховин сведок го загубила вршењето на родителско право спрема тригодишното синче и ѝ било забрането дури и да му споменува религиозни работи за време на посетите. Правното одделение на Друштвото Стражарска кула приложи жалба на оваа одлука, но беше одбиена пред апелациониот суд. Тогаш беше поднесена жалба до Врховниот Суд на државата Охајо. За среќа, на 15. април 1992, судот донесе одлука во корист на слободата на Сведокот. Формалното образложение на пресудата напишано на единаесет страници му зададе тежок удар на т.н. стручен сведок кој всушност е исклучен Јеховин сведок што тврдеше дека бил психолог. Судот изјави дека тој „сведочи врз основа на една дисертација која самиот ја напишал а во која се вели дека душевните оболувања меѓу Јеховините сведоци настапуваат почесто отколку кај останатото население. Ова сведочење претставува очигледен обид една цела религија да се стави во ист калап. . . . Овој единствен статистички податок нема никаква вредност“.

Судот одреди нова судска постапка, изјавувајќи: „На мајката не смее да ѝ се одземе родителското право само затоа што нема да го поттикнува детето да го поздравува знамето, да ги слави празниците или да учествува во воншколските активности. Ја поништуваме пресудата на првостепениот суд во врска со вршењето на родителското право и одржувањето контакти со детето, бидејќи овие одлуки беа погрешно засновани на верските убедувања [на едниот родител]“. Како резултат на ова мајката се радуваше што можеше на 17. април со својот син во Царската сала да присуствува на Споменсвеченоста по повод Христовата смрт.

Правното одделение од канадската подружница на Друштвото Стражарска кула се залага по истото прашање во два случаи кои сега се одвиваат пред Врховниот Суд на Канада. Подружницата во Австрија беше вклучена во успешната победа на еден случај изнесен пред Европската комисија за човекови права. Освен тоа, Белгија, Франција и Норвешка известуваат за други успеси во судски постапки во кои биле нападнати Сведоци најчесто заради вршењето на родителското право, постапки во кои религијата била во средиштето на нападот. Во секој од случаите, како што рекол и Исус, тоа послужило за сведоштво не само пред судот и адвокатите, туку и пред народите, преку публицитетот за кој се погрижиле средствата за јавно информирање.

Спорното прашање за крвта

Друга ситуација со која се соочуваат Сведоците е спорното прашање за крвта. И покрај неодамнешните победи за религиозна слобода и лично самоопределување на Јеховините сведоци пред Врховните судови на Флорида, Илиноис, Масачусетс и Њујорк, и покрај неуморните настојувања на Службата за болнички информации и многуте одбори за контактирање со болниците на Јеховините сведоци ширум земјата, ова непријатно спорно прашање и понатаму се појавува. Меѓутоа, здравствените работници добиваат сведоштво за нас, и некои болници се обидуваат бргу и јасно да утврдат дали пациентите се Јеховини сведоци.

Еден суд што заседаваше во Сан Диего (Калифорнија), го почитуваше ставот на една Јапонка Јеховин сведок по прашањето за крв. Таа страдала од анеуризма на мозокот и била во бесвесна состојба. Нејзиното исправно потпишано медицинско упатство и изјавата на педијатарот, кој нашироко се распрашувал за спорното прашање за крвта кога дошол во контакт со неа во службата на проповедање од куќа до куќа, биле доволни да го уверат судијата дека онесвестената жена Јеховин сведок не би примила крв под никакви околности.

Во Лонг Ајленд една жена Јеховин сведок била врзана за кревет и ѝ била давана трансфузија додека нејзиниот сопруг бил одведен со лисици на рацете; Правното одделение на Друштвото Стражарска кула го изнело случајот пред Вишиот суд на Њујорк. Била донесена судска одлука во корист на личните права на Јеховините сведоци, а случајот сега минува пред судска постапка на судски спор за граѓански права. Претстои судска постапка за едно 16-годишно момче и неговата мајка пред Сојузниот суд во Атланта. Момчето било врзано за кревет и осум часа му била трансфундирана крв. Сослушувањето заради добивање на судско одобрение за таква постапка било одржано во болницата, па било издадено без знаење на момчето или неговата мајка. Постојат уште многу други случаи кои сега се доставени пред апелационите судови, а секојдневно се јавуваат нови. Битки се добиваат, но борбата за човекови права сѐ уште не е завршена. Јеховините сведоци се надеваат на Јехова Бог дека во свое одредено време ќе го оправда својот закон по ова прашање.

Од 1943 па наваму, само неколку Јеховини сведоци во САД беа изнесени пред месните судови заради спорното прашање на проповедањето. Меѓутоа, секоја недела Друштвото Стражарска кула прима илјадници повици и писма од старешинствата кои бараат помош кога Јеховините сведоци се сретнуваат со проблеми во нивната јавна служба. Еден извештај од државата Вашингтон известува за неочекуван пресврт. Разбеснетиот домаќин затворил група Сведоци, кои дошле со автомобил на неговиот ограден имот и повикал полиција. Неговото бесно викање и насилничките закани ги принудиле Сведоците мудро да чекаат во автомобилот. Кога стигнала патролната кола, наместо да ги уапсат Сведоците заради кршење на законот, полицајците им заблагодариле. Имено, полицијата се сомневала дека домаќинот бил бегалец, но не можеле да стапат на земјиштето за да го испитаат тоа. Сега кога тој самиот ги повикал на својот имот, тие го утврдиле неговиот идентитет и така ги привеле в затвор него и жената со која живеел, додека Сведоците продолжиле со нивното дело на проповедање и поучување.

Околностите покажуваат дека постојат повеќе правни битки заради одбраната на интересите за Царството. Друштвото Стражарска кула ги цени интересот, грижата и молитвите на многуте Сведоци низ светот за Јеховино водство и упатства во решавањето на сложените правни спорови со кои денес се соочуваме при извршувањето на Божјето дело. Јехова ѝ рекол на нацијата Израел дека тие нема да ја освојат Ветената земја одеднаш, туку тоа ќе го постигнат „малку по малку“ (5. Мојсеева 7:22). Слично е и со напредокот што го прави Јеховиниот денешен народ во одбраната на своите права; малку по малку тие одат напред. Но било да победат или да изгубат, сигурно е дека секогаш кога Јеховиниот народ е приведен пред владетели, цареви, судови или било кој друг, тоа се покажувало како сведоштво за нив и за народите.

Во блиска иднина Јехова целосно ќе се оправда себеси, но не само во спорните прашања поврзани со крвта или со вршењето на родителското право, туку исто така и во правниот случај кој се однесува на неговиот суверенитет. Тогаш неговиот народ ќе има мир од сите противници и ќе живее во потполна радост под владата на Царството — бидејќи Јехова ја сака правдата (Псалми 36:28).

[Истакната мисла на страница 21]

Момчето било врзано за креветот и осум часа му била трансфундирана крв

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели