ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g96 8/1 стр. 12-14
  • Треба ли да учам самоодбрана?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Треба ли да учам самоодбрана?
  • Разбудете се! 1996
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Боречки вештини
  • Употреба на оружје
  • Оружје — божественото гледиште
  • Мудрост — подобра од оружје
  • Ако си соочен со насилство
  • Прашања од читателите
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2017
  • Библијата менува животи
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2012
  • Хаиро наоѓа начин да му служи на Бог
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2015
  • Самоодбрана — кога е оправдана?
    Разбудете се! 2008
Повеќе
Разбудете се! 1996
g96 8/1 стр. 12-14

Младите прашуваат . . .

Треба ли да учам самоодбрана?

„На училиште има една навистина лоша банда“, вели Џеси. „Ако те видат во ходникот и сакаат да ти ги земат патиките, сакото, па дури и панталоните, тие ти ги земаат. Ако ги пријавиш, пак ќе те начекаат.“

ЗА МНОГУ млади луѓе соочувањето со насилство станало начин на живот. Списанието USA Today навело: „Отприлика секој петти средношколец редовно носи огнено оружје, нож, жилет, палка или некое друго оружје. Многумина ги носат на училиште“. Еден тинејџер по име Хаиро го знае тоа од прва рака. „Нашето училиште беше првото [во Њујорк] што имаше метален детектор“, вели тој, „но тоа не ги спречува децата да носат ножеви и пиштоли. Не знам како ги внесуваат внатре, но сепак тие ги внесуваат.“

Разбирливо е тоа што поради заканата да бидат нападнати многу млади луѓе размислуваат како да се заштитат самите себе. Младата Лола забележува: „Откако едно девојче од моето училиште беше прободено до смрт заради нејзините обетки, во училиштето почнаа да се држат курсеви за самоодбрана. Скоро сите се запишаа“. Други млади луѓе прибегнале кон носење на хемиски спрејови и друго оружје. Прашањето е: Дали методите на самоодбрана навистина штитат?

Боречки вештини

На телевизија постојано се прикажува како експерти по боречки вештини се превртуваат во воздухот, клоцајќи и удирајќи тупаници со грациозност на еден танчер. За неколку секунди, лошите лежат неподвижни на земја. Зачудувачки! Боречките вештини изгледаат како да се крајна заштита. Но, во реалноста животот не е како на филмовите. Еден човек со долгогодишно искуство во карате спортот, рекол: „Потребен е само еден куршум. Ако некој кој е на извесно растојание од тебе има пиштол, тогаш немаш никаква шанса. Но, не е ништо посјајно и ако си стиснат без да имаш простор за движење“.

Исто така, мораш да сфатиш дека за да станеш вешт во боречките вештини, мораш да потрошиш многу пари и да поминеш години интензивно вежбање. Ако не останеш во форма, твојата способност да ги изведуваш тие егзотични движења може за кратко време да се најде во опасност да зар’ѓа. Истото може да се каже и за другите форми на самоодбрана, како што е боксот. Освен тоа, ако некој има репутација на човек кој знае да се бори, тоа најверојатно ќе привлече несакано внимание. Подбуцнувачите можат да гледаат на тебе како на некаков предизвик.

Меѓутоа, постои една поголема опасност во учењето на боречките вештини. Списанието The Economist неодамна известило: „Повеќето, ако не и сите боречки вештини се нераздвојно поврзани со трите главни источноазиски религии — будизам, таоизам и конфучијанизам“. Еден друг извор додава: „Сѐ што се прави во каратето — секое движење, секое чувство — може да води потекло од некое начело на Зен“. Зен е будистичка секта која ја нагласува религиозната медитација. Овие религиозни корења наметнуваат сериозен проблем за христијаните со оглед на библиските зборови во 2. Коринтјаните 6:17: „,Затоа излезете од нивната средина [на лажните обожаватели] и одделете се!‘ Вели Господ, и ‚Не допирајте се до нечисто‘“.

Употреба на оружје

Но, како е со носењето на пиштол или нож? Тоа може навистина да ти даде чувство на сигурност. Но таа сигурност би можела да се покаже фатална кога би презел непотребни ризици или кога би предизвикал неволја. Библијата предупредува: „Кој бара зло, него и го снаоѓа“ (Изреки 11:27). Во случај на ненадејна неволја, ако извадиш оружје, сигурно ќе го зголемиш конфликтот. Би можел да бидеш убиен или, на крајот, ти да убиеш некој друг. Како би гледал Бог, Изворот на животот, на твоите постапки кога си можел да избегнеш да примениш насилство? (Псалм 11:5, НС; 35:9).

Точно, некои немаат намера вистински да употребат смртоносна сила. Можеби велат дека носат оружје само за да ги заплашат напаѓачите. Но списанието Health вели: „Инструкторите по огнено оружје се сложуваат со следново: Немојте да набавувате пиштол ако не сте спремни да го користите. Да мавтате наоколу со огнено оружје, може да заплаши некои напаѓачи, но други само ќе разбесни“.

Како е со „побезбедното“ оружје, како на пример хемиските спрејови? Покрај фактот дека во некои места се илегални, ова оружје има сериозни недостатоци. Наместо да спречи некој напаѓач кој е под дејство на дрога, тоа може само да го разгневи. Можно е дури ветрот да ја дувне хемикалијата во твоето лице наместо во лицето на напаѓачот — претпоставувајќи дека прво си го извадил спрејот. Гледајќи како пребаруваш по џебовите или ташната, напаѓачот може да си помисли дека посегнуваш по пиштол и да одлучи да преземе агресивна постапка од своја страна. Една жена, полициски детектив, го коментирала следново: „Нема гаранција дека мејс [хемиски спреј], или некое друго оружје, ќе биде успешно, или дека навреме ќе го извадите. Оружјето никогаш не ја спасува ситуацијата. Луѓето премногу се надеваат на него“.

Оружје — божественото гледиште

Во времето на Исус, насилството било вистинска закана. Една од неговите прочуени параболи, општо позната како параболата за добриот Самарјанин, раскажува за една случка која вклучувала насилен грабеж (Лука 10:30-35). Кога Исус ги замолил своите ученици да се опремат со мечеви, целта не била да се заштитат. Всушност, тоа го навело да го изјави начелото: „Сите што се фаќаат за нож, од нож ќе загинат“ (Матеј 26:51, 52; Лука 22:36-38).

Според тоа, вистинските христијани не се вооружуваат со цел да ги повредат своите ближни. (Спореди Исаија 2:4.) Тие го следат библискиот совет во Римјаните 12:18: „Ако е можно, доколку тоа зависи од вас, бидете во мир со сите луѓе“. Дали тоа значи дека сме незаштитени? Никако!

Мудрост — подобра од оружје

Во ера кога се чини дека има апарати за сѐ, можеби ќе те изненади сознанието дека можеш да имаш на располагање едно одбранбено средство кое е далеку поделотворно отколку било кој изум што го направил човекот. Во Проповедник 9:18, читаме: „Мудроста е подобра од воено оружје“. Оваа мудрост е повеќе од она што некои го нарекуваат „улична мудрост“. Тоа е применувањето на библиските начела, кое често пати може да ти помогне уште на почетокот да избегнеш насилни ситуации.

Хаиро, на пример, кој претходно го опиша насилството во своето училиште, избегнува неволји така што ги применува библиските зборови од 1. Солунјаните 4:11: „Усрдно да се грижите да живеете тихо, да си ја гледате работата“. Хаиро вели: „Ако знаеш дека ќе има тепачка, треба да си ја гледаш работата и веднаш да си одиш дома. Некои се мотаат и тогаш запаѓаат во неволја“.

„Најдобра заштита ми е тоа што на сите им давам на знаење дека сум Јеховин сведок“, наведува младата Лола. „Ме оставаат на мир затоа што знаат дека не сум им закана.“ „Тоа значи повеќе отколку само да кажеш дека си Сведок“, додава Елиу. „Тие треба да видат дека си поинаков.“ Христијаните не смеат да бидат „дел од светот“ (Јован 15:19, НС). Но внимавај да не одразувааш супериорен став (Изреки 11:2а). Еден младинец го рекол следново: „Не оди по ходниците како да си ти газдата“. Тоа би можело да предизвика лутина. Една млада христијанка по име Лучи, раскажува: „Јас сум пријателски настроена и разговарам со моите соученици; но сепак, јас не се однесувам како нив“.

Начинот како се облекуваш е исто така важен. „Внимавам да не носам работи кои привлекуваат внимание“, вели еден младинец. „Заклучив дека не морам да носам најскапа марка на облека за да изгледам добро.“ Следењето на библискиот совет за скромно облекување може да ти помогне да останеш незабележлив и да избегнеш неволја (1. Тимотеј 2:9).

Ако си соочен со насилство

Но, што ако и покрај твоите напори да не западнеш во неволја, ти се заканува насилство? Прво, обиди се да го примениш начелото од Изреки 15:1б: „Кроткиот одговор гневот го ублажува, а навредлив збор јарост предизвикува“. Младиот Елиу постапил така додека одел на училиште. Тој вели: „Понекогаш се работи за тоа да не ги сфаќаме толку сериозно агресивните изјави. Во многу случаи, твојата реакција е таа што ја предизвикува неволјата“. Со тоа што ќе одбиеш да ‚враќаш зло за зло‘, би можел да задржиш под контрола одредена ситуација (Римјаните 12:17).

Меѓутоа, кога тактичноста нема да успее, мораш да преземеш чекори за да се заштитиш. Ако група младинци бараат да им ги дадеш патиките или некои други вредни работи, откажи се од нив! Твојот живот е далеку повреден од работите што ги поседуваш (Лука 12:15). Ако насилството изгледа неизбежно, замини си или уште подобро — избегај! „Отстапи од караницата пред да се разгори“, стои во Изреки 17:14. (Спореди Лука 4:29, 30; Јован 8:59.) Ако е невозможно да избегаш, тогаш можеби немаш друг избор освен да се заштитиш од насилството најдобро колку што можеш. Потоа, извести ги твоите родители за она што се случило. Можеби ќе можат на некој начин да помогнат.

Токму како што прорекла Библијата, ние живееме во насилно време (2. Тимотеј 3:1-5). Но нема да си побезбеден ако носиш пиштол или ако научиш карате вештини. Биди претпазлив. Користи божествена мудрост кога си соочен со неволја. Пред сѐ, имај вера и доверба во Јехова. Како псалмистот, можеш со доверба да се молиш: „Од насилниот човек ќе ме спасиш“ (Псалм 18:48, НС).

[Слика на страница 13]

Боречките вештини не се одговор за христијаните

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели