ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g96 8/4 стр. 26-27
  • Дали Марија е „Богородица“?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Дали Марија е „Богородица“?
  • Разбудете се! 1996
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Марија — „Високо ценета“ од Бог
  • ,Обожавајте на начин кој е достоен за суштества кои размислуваат‘
  • „Еве ја Јеховината робинка!“
    Угледајте се на нивната вера
  • „Еве ја Јеховината робинка!“
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2008
  • Дали некогаш сте се прашале?
    Разбудете се! 1996
  • Таа била благодатна пред Јехова
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1994
Повеќе
Разбудете се! 1996
g96 8/4 стр. 26-27

Гледиште на Библијата

Дали Марија е „Богородица“?

„БАРАМЕ ЗАСОЛНИШТЕ ПОД ЗАШТИТАТА НА ТВОИТЕ МИЛОСТИ, О БОГОРОДИЦЕ; НЕ ОТФРЛАЈ ЈА НАШАТА МОЛБА ВО ВРЕМЕ НА НЕВОЛЈА ТУКУ СПАСИ НЀ ОД ПРОКЛЕТСТВО, О ТИ КОЈА СИ ЕДИНСТВЕНО БЛАГОСЛОВЕНА.“

ТАКВАТА молитва ги одразува чувствата на милиони мажи и жени предадени на Марија, мајката на Исус Христос. Во нивни очи, таа е љубезен мајчин лик која може да посредува за нив кај Бог и на некој начин да ги ублажи неговите судови спрема нив.

Меѓутоа, дали Марија навистина е „Богородица“?

Марија — „Високо ценета“ од Бог

Марија, без сомнение, била „високо ценета“ — всушност, повеќе ценета од која и да било друга жена која некогаш живеела (Лука 1:28, The Jerusalem Bible). Ангелот Гавриил се појавил пред неа и ѝ објаснил колку многу ќе биде повластена. „Ете“, рекол тој. „Ти ќе зачнеш во утробата и ќе родиш Син, и ќе Го наречеш со името Исус. Он ќе биде голем и ќе се нарече Син на Севишниот.“ Како бил возможен овој чудесен настан? Гавриил продолжил: „Светиот Дух ќе слегне на тебе и силата на Севишниот ќе те осени; па затоа и роденото ќе биде свето и ќе се нарече Син Божји“ (Лука 1:31, 32, 35).

„,Еве ја слугинката Господова‘, рекла Марија, ‚нека ми биде според зборовите твои!‘“ (Лука 1:38). На тој начин, Марија понизно се согласила со ова божествено упатство и со време го родила Исус.

Меѓутоа, во текот на следните неколку векови, нејзините приврзаници ја издигнале од скромна ‚слугинка Господова‘ до „царска мајка“ со огромно влијание на небесата. Црковните водачи официјално ја прогласиле како „Богородица“ во 431 н. е., на Концилот во Ефес. Што довело до една ваква преобразба? Папата Јован Павле II објаснува еден фактор: „Вистинската оддаденост спрема Богородица . . . е многу длабоко вкоренета во Мистеријата на благословеното Тројство“ (Crossing the Threshold of Hope — Преминување на прагот на надежта).

Според тоа, прифаќањето на Марија како „Богородица“ е условено од верувањето во тројството. Меѓутоа, дали тројството е библиско учење?a Ве молиме да испитате што напишал апостол Петар во Библијата. Тој предупредил дека „лажни учители . . . лукаво ќе воведат опасни ереси [и] ќе се обидат и вас да ве искористат со нивните невистинити аргументи“ (2. Петрово 2:1, 3, The New Testament in Modern English, од Џ. Б. Филипс). Еден таков ерес било и учењето за тројство. Кога тоа било прифатено, идејата дека Марија била „Богородица“ (грчки: теотокос, што значи „која го раѓа Бог“), била доста логична. Во својата книга The Virgin, Џефри Еш наведува дека „кога Христос би бил Бог, Втората Личност на Тројството“, како што расудувале Тринитаријанците, „тогаш неговата мајка би била Богородица во неговата човечка манифестација“.

Кога Исус би бил „целосен и севкупен Бог“, како што наведува новиот Catechism of the Catholic Church (Катекизмот на католичката црква), тогаш Марија со право би можела да се нарече „Богородица“. Но, мора да се каже дека на многу рани Тринитаријанци им било тешко да го прифатат ова учење кога првпат било предложено — како што е случај со тринитаријанските протестанти денес. Тоа е наречено „побожен парадокс, ‚оној кого небесата не можеа да го соберат беше собран во нејзината утроба‘“ (The Virgin; спореди 3. Царства 8:27).

Но дали Исус Христос навистина е „целосен и севкупен Бог“? Не, тој никогаш не го тврдел тоа. Напротив, тој секогаш ја признавал својата подредена положба во однос на својот Татко. (Види Матеј 26:39; Марко 13:32; Јован 14:28; 1. Коринтјаните 15:27, 28.)

,Обожавајте на начин кој е достоен за суштества кои размислуваат‘

Меѓутоа, Библијата ги охрабрува христијаните и во обожавањето да ја користат својата сила на разумот. Не се бара од нас слепо да веруваме во она што е прекриено како мистерија. Напротив, апостол Павле вели дека треба ‚да обожаваме на начин кој е достоен за суштества кои размислуваат‘ (Римјаните 12:1, JB).

„Никогаш не сме биле охрабрувани да размислуваме за тоа“, вели Ен, која била одгледана како католик. „Никогаш не сме го доведувале тоа во прашање. Едноставно верувавме дека Исус е Бог, а според тоа Марија ‚Богородица‘ — тоа беше најчудното нешто!“ Присетете се на Катекизмот на католичката црква кој вели дека секој член на „божественото Единство“ е „целосен и севкупен Бог“. Тоа наведува дека нема три одвоени богови. Тогаш, треба ли да веруваме дека додека се делеле и повторно се делеле живите клетки во Мариината утроба, ‚целосниот и севкупен Бог‘ се наоѓал во ембрион кој во текот на првиот месец од нејзината бременост пораснал до помалку од една четвртина инч во должина и кој имал неразвиени очи и уши?

Земете го во обѕир тоа дека ангелот Гавриил ѝ кажал на Марија дека нејзиното дете требало да се нарече „Син на Севишниот“ и „Син Божји“, а не „Бог Синот“. Кога, всушност, Исус би бил Семоќен Бог, зошто тогаш ангелот Гавриил не го користел истиот термин кој го користат Тринитаријанците денес — „Бог Синот“? Гавриил не го користел терминот затоа што таквото учење не се наоѓа во Библијата.

Се разбира, ние сме ограничени во сфаќањето на Божјите дела. Но исправното разбирање на Светото писмо ни помага да веруваме дека Семоќниот Бог, Творецот на сиот живот, имал моќ да го пренесе на чудесен начин животот на неговиот сакан Син, Исус Христос, во утробата на Марија и потоа да го штити неговиот развиток преку Неговата активна сила, или свет дух, сѐ додека Марија станала мајка на Исус — Синот Божји.

Да, Марија во голема мера била благословена како мајка на оној кој станал Христос. Не претставува некаков израз на непочитување спрема неа ако се прифати дека јасното учење на Библијата — вклучувајќи го и записот на личната понизност на Марија — не допушта да ѝ се даде титулата „Богородица“.

[Фуснота]

a Молиме видете во брошурата Дали треба да се верува во тројство?, издадена од Библиското и трактатно Друштво Стражарска кула, Њујорк, Инк.

[Извор на слика на страница 26]

Museo del Prado, Мадрид

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели