ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g96 8/6 стр. 2-5
  • Чумата на невработеност

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Чумата на невработеност
  • Разбудете се! 1996
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Неумоливо напредување
  • Високата цена на невработеноста
  • ,Затвореници на еден изопачен систем‘
  • Предвидувања и разочарувања
  • Невработеност — зошто?
    Разбудете се! 1996
  • Ослободување од невработеноста — како и кога?
    Разбудете се! 1996
  • Што се случило со „доживотното вработување“?
    Разбудете се! 2001
  • „Ќе мора да те отпуштиме“
    Разбудете се! 2010
Повеќе
Разбудете се! 1996
g96 8/6 стр. 2-5

Чумата на невработеност

ОД ДОПИСНИКОТ НА РАЗБУДЕТЕ СЕ! ВО ИТАЛИЈА

Таа е една критична ситуација во повеќе развиени земји — но ги загрижува и земјите во развој. Нападнала таму каде што некогаш се чинеше дека не постои. Погодува стотици милиони луѓе — од кои многу се мајки и татковци. За две третини Италијанци, таа е „закана број еден“. Таа создава нови социјални болести. Во неа донекаде лежи коренот на проблемите на многу млади луѓе кои се вплеткуваат во дрога. Го нарушува сонот на милиони, а за милиони други таа би можела да биде во непосредна близина...

„НЕВРАБОТЕНОСТА можеби е најраширениот феномен кој влева страв во нашето време“, тврди Организацијата за економска соработка и развој (OECD). „Опсегот и последиците на овој феномен се познати“, пишува Комисијата на Европските заедници, „но справувањето со него е макотрпно.“ Тоа е „привидение“, вели еден стручњак, кое се „враќа за да ги прогонува улиците на Стариот континент“. Во Европската унија (EU), бројот на невработените сега изнесува околу 20 милиони, а во октомври 1994, официјалниот број само во Италија изнесуваше 2.726.000. Според комесарот на Европската унија Подриг Флин, „справувањето со невработеноста е најважниот општествен и економски предизвик со кој се соочуваме“. Ако сте невработени или во опасност да ја изгубите работата, веќе знаете каков страв предизвикува тоа.

Но, невработеноста не е само европски проблем. Таа ги погодува сите американски земји. Не ги поштедува Африка, Азија нити Океанија. Источноевропските земји во последниве години го чувствуваат стисокот. Точно, не напаѓа на ист начин насекаде. Но според некои економисти, стапките на невработеност во Европа и Северна Америка долго време ќе останат многу повисоки отколку во претходните децении.a А состојбата е „влошена поради сѐ почестата недоволна вработеност и поради општото влошување на квалитетот на расположливите работни места“, истакнува економистот Ренато Брунета.

Неумоливо напредување

Невработеноста ги погодила сите сектори од економијата, еден по еден: прво земјоделството кое со својата зголемена механизација ги остава луѓето без работа; потоа индустријата која била погодена од енергетската криза од 1970-тите години наваму; и сега услужниот сектор — трговијата и образованието — сектор кој порано се сметаше за несоборлив. Пред дваесет години, ако стапката на невработеност се пречекореше за 2 или 3 проценти, би се предизвикала голема тревога. Денес, една индустријализирана земја добро напредува ако невработеноста се одржува под 5 или 6 проценти, а многу развиени земји имаат многу повисоки стапки.

Според Меѓународната организација на трудот (ILO), невработено е она лице кое е без работа, кое е подготвено за да работи и кое активно бара работа. Но што е со она лице кое нема постојана работа со цело работно време или лицето кое успева да работи само неколку часови во седмицата? На работата со скратено работно време различно се гледа од земја до земја. Во одредени земји, некои кои всушност се невработени, официјално се сметаат како вработени. Несоодветно дефинираните ситуации помеѓу вработеност и невработеност отежнуваат да се одреди кој всушност е невработен, а од таа причина статистиката прикажува само дел од реалноста. „Дури и официјалната бројка од 35 милиони невработени [во земјите на OECD] не го одразува целосниот опсег на безработицата“, вели едно европско истражување.

Високата цена на невработеноста

Но цифрите не кажуваат сѐ. „Економските и општествените трошоци на невработеноста се огромни“, вели Комисијата на Европските заедници, и тие не произлегуваат „само од непосредните трошоци за социјалната помош на невработените туку и од загубата во државниот приход за кој невработените би придонеле кога би биле активни.“ А социјалната помош која им се дава на невработените станува сѐ потешка не само за владите туку и за вработените, кои се подложени на поголеми даноци.

Невработеноста не се заснова само на факти и на цифри. Последица на тоа се лични драми затоа што оваа чума ги погодува луѓето — мажи, жени и младинци од секој општествен слој. Комбинирана со сите други проблеми на овие ‚последни денови‘, невработеноста може да стане огромен терет (2. Тимотеј 3:1—5; Откровение 6:5, 6). Особено ако е погодено од „долгорочна невработеност“, а сѐ друго е во ред, на лицето кое долго време било без работа ќе му биде уште потешко да најде работа. За жал, некои можеби никогаш повеќе нема да се вработат.b

Психолозите увидуваат дека меѓу денешните невработени се зголемуваат психичките и психолошките проблеми, како и емоционалната нестабилност, фрустрација, сѐ поголемата апатија и губење на самопочитувањето. Ужасна лична трагедија е кога човек ќе ја изгуби работата, а има деца за кои треба да се грижи. Светот околу нив се срушил. Сигурноста испарила. Всушност, некои стручњаци денес го забележуваат појавувањето на „предвремена загриженост“ поврзана со можноста да се изгуби работата. Оваа загриженост може сериозно да влијае врз семејните односи и да има уште потрагични последици, како што можат да покажат неодамнешните самоубиства меѓу невработени лица. Освен тоа, тешкотијата да се влезе на пазарот на работната сила е меѓу веројатните причинители за насилство и за отуѓување на младите луѓе од општеството.

,Затвореници на еден изопачен систем‘

Разбудете се! интервјуираше извесен број луѓе кои ги изгубиле своите работни места. Педесетгодишниот Армандо рече дека за него тоа значело „да гледа како пропаднале напорите од 30-годишната работа, да мора да започне одново“ и да се чувствува „како затвореник на еден изопачен систем“. Франческо ‚видел како светот да се руши врз него‘. Стефано „чувствувал длабоко чувство на разочараност во сегашниот систем на животот“.

Од друга страна, Лучано, кој бил отпуштен откако работел скоро 30 години на техничкото управување во една важна италијанска автомобилска индустрија, „доживеал гнев и разочараност кога видел како неговите напори, совесност и чесност во текот на толку многу години работа биле сметани за безвредни“.

Предвидувања и разочарувања

Некои економисти очекувале многу поразличен развој на настаните. Во 1930 година, економистот Џон Мејнард Кејнес оптимистички предвидел „работа за сите“ во текот на следните 50 години и полната вработеност со децении се сметаше дека е достижна цел. Во 1945, Повелбата на Организацијата на обединетите нации поставила за цел рапидно остварување на полна вработеност. До неодамна се веруваше дека напредокот ќе значи повеќе работни места и помалку работни часови за сите. Но работите не завршиле така. Сериозната рецесија во последнава деценија ја предизвикала „најлошата глобална криза на невработеност од времето на Големата криза од 30-тите“, вели ILO. Во Јужна Африка, најмалку 3,6 милиони луѓе се без работа, вклучувајќи околу 3 милиони Африканци црнци. Дури и Јапонија — со преку два милиони лица без работа во минатата година — минува низ криза.

Зошто невработеноста е толку раширена чума? Кои решенија се предложени за да се излезе на крај со неа?

[Фусноти]

a Стапката на невработеност е процентот на вкупната работна сила која е невработена.

b „Долгорочно невработени“ се оние кои биле без работа повеќе од 12 месеци. Во EU‚ околу половина од невработените спаѓаат во оваа категорија.

[Карта на страници 2 и 3]

(Види во публикацијата)

Канада — 9,6 проценти

САД — 5,7 проценти

Колумбија — 9 проценти

Ирска — 15,9 проценти

Шпанија — 23,9 проценти

Финска — 18,9 проценти

Албанија — 32,5 проценти

Јужна Африка — 43 проценти

Јапонија — 3,2 проценти

Филипините — 9,8 проценти

Австралија — 8,9 проценти

[Извор на слика]

Mountain High Maps™ copyright © 1993 Digital Wisdom, Inc.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели