ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g96 8/7 стр. 3-4
  • Каде се верниците?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Каде се верниците?
  • Разбудете се! 1996
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Што се случува со посетеноста на црквата?
  • Задоволството и привилегијата пред побожноста
  • Зошто црквата го губи влијанието?
    Разбудете се! 1996
  • Духовни вредности — каде одат?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2003
  • Дали на религијата ѝ се одбројани деновите?
    Разбудете се! 1996
Разбудете се! 1996
g96 8/7 стр. 3-4

Каде се верниците?

ОД ДОПИСНИКОТ НА РАЗБУДЕТЕ СЕ! ВО ШПАНИЈА

„Ништо не е толку смртоносно за религијата колку рамнодушноста“

(ЕДМУНД БУРК, БРИТАНСКИ ДРЖАВНИК ОД XVIII ВЕК).

ВО ЕДНА ветровита рамнина во северните предели на Шпанија лежи гратчето Калеруега. Во ова средновековно гратче доминира еден импресивен манастир во романски стил. Тој бил подигнат пред 700 години во чест на основачот на доминиканскиот ред, Доминик де Гусман, кој бил роден тука. Во манастирот веќе седум векови се сместени калуѓерки, кои одлучиле да живеат во тишина и повлеченост.

Покривот на манастирот протекува, а древните ѕидови почнуваат да се распаѓаат. Но Чесната мајка е загрижена за еден попродорен распад — распаѓањето на самата религија. „Кога влегов во манастирот пред скоро 30 години, тука имаше 40 калуѓерки“, објаснува таа. „Сега нѐ има само 16. Нема млади. Религиозната професија изгледа е работа на минатото.“

Она што се случува во Калеруега се појавува во голем дел од Европа. Нема издигање на антирелигиозно чувство, освен едно тивко, неумоливо напуштање. Величествените европски катедрали им служат на туристите наместо да ги привлекуваат локалните „верници“. Некогаш нескротливата црква — било да е протестантска или католичка — е совладана од апатија. Во животите на луѓето повеќе преовладуваат световни отколку религиозни грижи — еден тренд кој црковните говорници го нарекле секуларизација. Изгледа како религијата едноставно да не е повеќе важна. Можно ли е религиозната клима во Европа да биде предупредување за еден сличен пад, кој само што не преминал и во другите делови на светот?

Што се случува со посетеноста на црквата?

Овој феномен не е ништо ново во Северна Европа. Само 5 проценти од скандинавските лутерани редовно ја посетуваат црквата. Во Британија, само 3 проценти од оние кои се исповедаат како англиканци одат на неделните служби. Но сега, европските католици од југот изгледа дека го следат примерот на нивните северни соседи.

Во Франција, претежно католичка држава, само секој десетти граѓанин оди еднаш неделно в црква. Во изминатите 25 години, процентот на Шпанците кои се сметаат себеси како „активни католици“ опаднал од 83 на 31 процент. Во 1992, шпанскиот надбискуп Рамон Торелја, на една прес⁠-​конференција рекол дека „католичка Шпанија не постои; луѓето одат на процесиите на Света недела и на мисата на Божиќ — но не одат [на миса] секоја недела“. За време на својата посета на Мадрид во 1993, папата Јован Павле II предупредил дека „Шпанија треба да се врати на своите христијански корени“.

Нерелигиозното расположение ги заразило и свештенството и лаиците. Бројот на новоординираните свештеници во Франција се спуштил на 140 во 1988 (помалку од половина од бројката во 1970), додека во Шпанија околу 8.000 го напуштиле свештенството за да се оженат. Од друга страна, пак, некои кои сепак продолжуваат да им служат на своите стада се сомничави во врска со нивната порака. Само 24 проценти од шведските лутерански свештеници мислат дека можат да проповедаат за небото и пеколот „со чиста совест“, додека четвртина од француските свештеници се дури несигурни во врска со воскресението на Исус.

Задоволството и привилегијата пред побожноста

Што го зазема местото на религијата? Во многу домови рекреацијата го истиснала обожавањето. Во неделите, семејствата се упатуваат кон плажите и планините наместо кон црквата. „Одењето на миса е досадно“, ги собирал рамениците Хуан, типичен шпански тинејџер. Религиозните служби не можат да им конкурираат на фудбалските натпревари или на поп-концертите — настани кои го повлекуваат мноштвото и ги полнат стадионите.

Намалувањето на посетеноста на црквата не е единствен доказ за религиозниот пад. Многу Европејци повеќе сакаат да ги избираат и да се определуваат за своите религиозни идеи. Во денешно време, службената црковна догма може да има сосема мала сличност со личните верувања на оние кои ја исповедаат таа посебна религија. Поголемиот дел од Европејците — било да се католици или протестанти — повеќе не веруваат во живот после смртта, додека над 50 проценти од француските, италијанските и шпанските католици не веруваат ниту во чуда.

Изгледа дека хиерархијата е немоќна да го спречи овој спонтан рапиден пораст на нонконформизмот. Ова не било никаде позабележително отколку во кампањата на папата против контролата на раѓање. Во 1990, папата Јован Павле II ги наговарал фармацевтите кои се католици да не продаваат контрацептивни средства. Тој тврдел дека овие производи „ги прекршуваат природните закони на штета на достоинството на личноста“. Исто така, делото Catechism of the Catholic Church (Катехизам на Католичката црква) инсистира дека „брачната љубов меѓу мажот и жената стои под двојната обврска на верност и плодност“.

И покрај ваквите цврсти налози, просечната католичка двојка безгрижно си оди по свое. Во католичките земји од Јужна Европа сега се исклучок семејства со повеќе од две деца. Во Шпанија, презервативите — кои пред две децении беа речиси производ на црната берза — редовно се рекламираат на телевизија, а само 3 проценти од француските католички велат дека се држат за службената католичка одлука во врска со контролата на раѓање.

Очигледно, Европејците им го вртат грбот на црквите и нивните учења. Англиканскиот надбискуп од Кантербери, Џорџ Кари, сликовито ја опишал ситуацијата во црквата. „Ние крвариме до смрт“, рекол тој, „а тоа е еден многу итен проблем со кој мораме да се соочиме.“

Религиозното здание во Европа не изгледа така разнишано само од пресвртите на реформацијата. Зошто многу Европејци стануваат рамнодушни кон религијата? Каква е иднината на религијата?

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели