ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g96 8/8 стр. 30-31
  • Дали ја цените религиозната слобода?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Дали ја цените религиозната слобода?
  • Разбудете се! 1996
  • Сличен материјал
  • Научив да имам доверба во Бог
    Разбудете се! 2006
  • Советскиот напад на религијата
    Разбудете се! 2001
  • Веќе 90 години ‚се сеќавам на својот величествен Творец‘
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2009
  • Каква е иднината на религијата?
    Разбудете се! 2001
Повеќе
Разбудете се! 1996
g96 8/8 стр. 30-31

Дали ја цените религиозната слобода?

Од дописникот на Разбудете се! во Естонија

ПЈАРНУ е пристанишен град и одморалиште во малата балтичка држава Естонија, поранешна република на Советскиот Сојуз. Градот има население од преку 50.000 жители. Луѓето сега уживаат слобода да ја практикуваат религијата на нивниот избор — слобода која пред неколку години не ја поседуваа. На 17 јуни 1995 година, локалниот весник Pärnu Leht забележал дека Пјарну има 11 религии и дека весникот планира да издаде серија статии за нив.

Првата статија објаснила: „Почнуваме со собранието чија активност очигледно влијаела врз сите нас — Јеховините сведоци — кои сега ги одржуваат своите состаноци во салата на една пиварница . . . Во 1931 година, Истражувачите на Библијата почнале да се викаат Јеховини сведоци, и тоа е името кое го имаат до ден-денеска. Има преку пет милиони Јеховини сведоци по целиот свет. Седиштето на Јеховините сведоци во Естонија е сместено во Талин“.

Статијата продолжила: „Собранието на Јеховините објавители било основано во Пјарну пред година и пол. Во почетокот имало 25 члена; а сега пораснало на 120 . . .

Првиот впечаток е прилично позитивен. Луѓето — повеќето млади двојки — се пријателски настроени, уредно облечени и без предрасуди. Зачудувачки е што децата се толку дисциплинирани бидејќи не е лесно за едно мало дете да седи на едно место саат и половина — но тие седеа“.

Опишувајќи како Јеховините сведоци се разликуваат од другите религии, весникот објаснил: „Тие го нагласуваат Рајот што претстои. Исто така, забележително е тоа колку добро собранието ја познава Библијата и ја цитираат во секој можен момент“. Како заклучок, статијата навела: „Тие 120 луѓе, кои се Јеховини објавители, ја донеле својата одлука; и сигурни се дека таа е исправната. Нивната вера и нејзиното објавување е средиште на нивниот живот“.

Оваа новост во една предложена серија статии за религиите во градот не им се допаѓала на сите во Пјарну. На 8 јули 1995 година, Pärnu Leht известил: „Сакаме да издадеме петиција што ја добивме од четири цркви во врска со почнувањето на една нова рубрика“. Оваа петиција, односно писмо до весникот, ја потпишаа претставници на Православната црква во Естонија, Естонската евангелистичко⁠-​лутеранска црква, Естонската Унија на евангелистички христијани и баптисти, како и Естонската методистичка црква.

Овие четири верски претставници се жалеле: „Ни изгледа многу чудно што ја започнавте серијата со статија за Јеховините сведоци“. Освен тоа, тие рекле: „Во врска со оваа серија, би сакале да изјавиме дека сметаме за невозможно да дадеме интервју за Pärnu Leht“.

Религиозните претставници заклучиле: „Во една заедница каде што многумина се збунети поради наметливиот притисок од разновидни нови религии и секти кои пропагираат ‚духовност‘, ја гледаме потребата публикациите да ја земат предвид локалната религиозна слика и да бидат во можност да ги разликуваат историските цркви од сектите и од екстремистичките движења. Членовите на Естонскиот совет на црквите, кој ги претставува христијанските цркви кои уживаат екуменска соработка, треба да дадат доволно јасна светлина која води до тоа“.

Меѓутоа, после ова писмо, пишувачот за Pärnu Leht ги изнесе овие сериозни мисли: „Сѐ што сметаме за точно можеби не е точно. И Божјето гледиште и мислење за разновидните собранија можеби не е исто со гледиштата на овие четири цркви, достојни за почит, и обратно. Никој од нас не е безгрешен, па ниту црквите со вековно стари традиции“.

Што мислите Вие за променетиот став спрема религијата во поранешните републики на Советскиот Сојуз? Ние сме уверени дека насекаде, оние луѓе кои ја бараат вистината, ја ценат религиозната слобода што се ужива таму.

[Карта на страница 30]

(Види во публикацијата)

ФИНСКА

Хелсинки

Балтичко Море

ЕСТОНИЈА

Талин

Пјарну

ЛЕТОНИЈА

Рига

ЛИТВАНИЈА

Вилњус

РУСИЈА

Санкт Петерсбург

Москва

БЕЛОРУСИЈА

Минск

[Слики на страница 31]

Собранието на Јеховините сведоци во Пјарну

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели