ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g96 8/9 стр. 23
  • Дали некогаш сте виделе зелен блесок?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Дали некогаш сте виделе зелен блесок?
  • Разбудете се! 1996
  • Сличен материјал
  • Нашата скапоцена атмосфера
    Разбудете се! 1995
  • „Славата“ на ѕвездите
    Разбудете се! 2012
Разбудете се! 1996
g96 8/9 стр. 23

Дали некогаш сте виделе зелен блесок?

КОЛКУ е пријатно збогувањето со уште еден ден, загледувајќи се во еден прекрасен залез на Сонцето! Топлиот сјај на Сонцето дава спектакл на бои додека светлината поминува низ Земјината атмосфера. Еден необичен феномен наречен зелен блесок го нагласува овој настан, кој го одзема здивот. Ако условите се соодветни, ова распрснување на смарагдна светлина се појавува во последниот миг од зајдисонцето. За еден поредок настан, наречен син блесок, се вели дека е уште поубав.

Што ги предизвикува овие разнобојни блесоци? Зошто траат само за миг? И зошто се толку ретки? За да одговориме на овие прашања, мораме прво да имаме основно разбирање за взаемното дејство помеѓу сончевата светлина и Земјината атмосфера.

Сончевата светлина која се излева на Земјата ги содржи сите бои на виножитото. Кога оваа светлина ќе ја погоди Земјината атмосфера, тогаш атмосферата дејствува како гигантска призма и ја растура, односно распрснува светлината. Меѓутоа, степенот до кој се распрснува светлосниот бран зависи од неговата бранова должина.

Сините светлосни бранови имаат пократка бранова должина и нашироко се распрснати во атмосферата. Поради тоа, небото изгледа сино кога Сонцето е доста над хоризонтот во јасен ден. Но кога Сонцето е во близината на хоризонтот — како при зајдисонце — сончевата светлина мора да патува низ поголем дел од атмосферата за да стигне до нашите очи. Како резултат на тоа, високо растуреното сино светло не нѐ достигнува. Од друга страна, подолгите бранови, како што се црвените, полесно можат да продрат низ густата атмосфера. Тоа му ја дава на зајдисонцето неговата позната црвена или портокалова боја.a

Но, под одредени околности може да се види зелен блесок или син блесок на зајдисонце. Како се појавуваат тие? Додека последниот раб од Сонцето се нурнува под хоризонтот, сончевата светлина се раздвојува во спектар како виножитото. На дното од спектарот се појавува црвено светло, а одозгора сино светло. Додека Сонцето продолжува да се спушта, црвениот дел од спектарот паѓа под хоризонтот, а атмосферата обично го растура синиот дел. Токму во овој момент, последниот дел од видливата светлина може да блесне зелено. Но зошто зелено? Затоа што зелената боја е другата основна боја во светлината.

Кога небото е многу загадено, ретко се гледа зелениот блесок, а синиот блесок се појавува само кога атмосферата е исклучително чиста и кога доволно сина светлина продира низ небото за да предизвика да се појави брилијантен блесок.

[Фуснота]

a Види Разбудете се! од 8 декември 1987, страница 16, за додатни информации во врска со зајдисонцата (англ.).

[Извор на слика на страница 23]

Зајдисонце: ©Pekka Parviainen/SPL/Photo Researchers

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели