ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g96 8/12 стр. 9
  • Образец за постапување со бегалците

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Образец за постапување со бегалците
  • Разбудете се! 1996
  • Сличен материјал
  • „Напишано е за наша поука“
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2007
  • Дали етничката омраза е оправдана?
    Разбудете се! 2003
  • Читањето на Библијата — корисно и пријатно
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2000
  • Врвни точки од книгата Второзаконие
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2004
Повеќе
Разбудете се! 1996
g96 8/12 стр. 9

Образец за постапување со бегалците

ВО ЗАКОНОТ што Јехова Бог ѝ го дал на нацијата Израел, Израелците биле потсетувани на нивната ситуација како бегалци во Египет (2. Мојсеева 22:21; 23:9; 5. Мојсеева 10:19). Затоа биле поучувани да постапуваат љубезно со странските жители кои биле меѓу нив, всушност, како со браќа.

Божјиот Закон наведувал: „Кога придојден [кој честопати бил бегалец] ќе се насели во земјата ваша, не жалостете го; придојдениот меѓу вас нека ви биде исто како тукашен; сакајте го како себеси, затоа што и вие бевте придојдени во Египетската земја“ (3. Мојсеева 19:33, 34).

Увидувајќи дека странските жители честопати биле ранливи и несигурни, Јехова дал конкретни закони за нивната благосостојба и заштита. Разгледајте ги следниве права кои им биле гарантирани.

ПРАВОТО НА СПРАВЕДЛИВО СУДЕЊЕ: „Една правда да има како за придојден така и за тукашен“. „Не смееш да го извртуваш судот на странскиот жител“ (3. Мојсеева 24:22; 5. Мојсеева 24:17, НС).

ПРАВОТО НА ДЕЛ ОД ДЕСЕТОКОТ: „На крајот на секои три години изнеси ги сите десетоци од житото твое во текот на последната година и стави го тоа во градовите свои, па нека дојде левитот, бидејќи тој нема дел и наследство со тебе, и придојдениот и сиромавиот и вдовицата, што се во твоите градови, и нека јадат и нека се наситат“ (5. Мојсеева 14:28, 29).

ПРАВОТО НА ЧЕСНА НАДНИЦА: „Не смееш да измамиш изнајмен работник кој е во неволја и сиромашен, било од твоите браќа или од странските жители кои се во твојата земја, внатре во портите твои“ (5. Мојсеева 24:14, НС).

ПРАВОТО НА АЗИЛ НА НЕНАМЕРЕН УБИЕЦ: „Тие шест градови да бидат засолништа за синовите Израилеви, за придојдениот и за преселениот меѓу вас, за да избега во нив секој, кој убил човек не сакајќи“ (4. Мојсеева 35:15).

ПРАВОТО ДА ПРИСОБИРА: „Кога ја собирате жетвата од земјата своја, не ја жнеј нивата своја до крај, и паднатите класја од жетвата своја не собирај ги; а и лозјето свое не собирај го до зрно, и паднатите зрна од брањето не собирај ги; остави го тоа за сиромавиот и придојдениот. Јас сум Господ, вашиот Бог“ (3. Мојсеева 19:9, 10).

Секако, нашиот Творец, Јехова Бог, има сочувство спрема бегалците, и тој сигурно е задоволен кога и ние имаме сочувство. „Угледајте се на Бога“, напишал христијанскиот апостол Павле, „и живејте во љубов“ (Ефесјаните 5:1, 2).

[Извор на слика на страница 9]

Момче од лево: UN PHOTO 159243/J. Isaac

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели