ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g96 8/12 стр. 28-30
  • Дали православното свештенство бдее?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Дали православното свештенство бдее?
  • Разбудете се! 1996
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Дел од овој свет?
  • Не е обединета
  • „,Откровение‘ на луксуз“
  • Негување лажни надежи
  • Тие не бдеат
  • Грчката православна црква — поделена религија
    Разбудете се! 1996
  • Борбата за Библија на современ грчки јазик
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2002
  • Да бидеме среќни читатели на книгата Откровение
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1999
  • Каква е иднината на религијата?
    Разбудете се! 2001
Повеќе
Разбудете се! 1996
g96 8/12 стр. 28-30

Дали православното свештенство бдее?

ОД ДОПИСНИКОТ НА РАЗБУДЕТЕ СЕ! ВО ГРЦИЈА

„КОГА Исус влегол во храмот . . . и го видел ‚трговскиот панаѓур‘, тој бил разгневен и извикал: ‚Престанете да го правите домот на мојот татко дом за трговија!‘ Доколку во денешно време тој би отпловил на островот Патмос, . . . би зборувал дури и уште поостро. Но, не сум сигурен дека некој би го слушал.“ Вака се жалел еден новинар кој известувал за еден „сехристијански собир од најголема важност“ и „еден од врвните моменти во современото христијанство“.

Екуменскиот патријарх на Константинопол, Вартоломеј I, кој се смета за симболичен поглавар на Православната црква во целиот свет, ја прогласил 1995 година за „Година на апокалипсата“.a Од 23 до 27 септември 1995 година, прославите достигнале кулминација додека свештеници од висок ранг од повеќето православни патријаршии се собраа на островот Патмос. Беа присутни и претставници од Римокатоличката црква, од Англиканската црква и од различни протестантски деноминации. На настаните присуствуваа највисоките политички и религиозни авторитети на Грција, како и странски чиновници, политичари, истакнати бизнисмени и други поканети гости од целата Земјина топка.

Оние кои ја проучувале книгата Откровение ќе се сетат на итните потсетувања што таму ги изнел Исус Христос: „Ете, Јас доаѓам како крадец: блажен е оној, кој што бдее“ (Откровение 16:15). Со оглед на овие, како и на многу разгласуваната религиозна прослава во врска со Откровението, не може а да не се запрашаме: „Дали христијанството бдее? Дали постојано стражарат, желно очекувајќи го доаѓањето на Исус Христос како востоличен Цар? Дали овие прослави се сосредоточија на темата на Библијата, која ја достигнува својата кулминација во Откровението — посветување на Јеховиното име и оправдување на неговиот суверенитет преку Царството под Христос?“ Да разгледаме некои факти.

Дел од овој свет?

Според многумина посматрачи, несигурниот сојуз меѓу религиозните водачи, политичарите и бизнисмените за време на прославите сосема заслужуваше прекор. Некои мислеа дека сите страни кои беа вклучени се обидуваа да ја искористат ситуацијата за своја сопствена корист. Свештениците го зголемија своето влијание со тоа што се појавуваа покрај угледни политичари, додека политичарите се обидуваа да го подобрат својот имиџ со тоа што ги користеа религиозните чувства на јавноста. Говорникот на Светиот синод на Грчката црква дури изјавил: „Откровението имало и политичка импликација . . . Тоа е драма која се одвива на земската сцена“ (нагласено од нас).

Колку само добро ова се совпаѓа со описот што се наоѓа во Откровение 17:1, 2, каде што симболичната ‚голема блудница‘, светското царство на лажната религија од која христијанскиот свет е истакнат дел, е претставена како врши духовно ‚блудство‘ со „земните цареви“! Наместо да остане духовно чиста и претпазлива, Православната црква, како и останатиот дел од христијанскиот свет, ги намамила политичките владетели во несвето пријателство со неа, подбуцнувајќи религиозно прогонство, особено против Јеховините сведоци.

Не е обединета

Значајно е тоа што две православни патријаршии не беа присутни на прославите. Зошто? Во знак на протест, патријархот Алексиј II од Москва одбил да присуствува поради тоа што патријаршијата од Константинопол потврдно одговорила на молбата што ја поднеле архиепископиите на Естонија и Украина да се стават под надлежност на Константинопол наместо на Москва. Според извештаите, „ова е најсериозната криза која некогаш се појавила во односите помеѓу [Константинополската патријаршија] и многу појаката Руска православна црква“, заканувајќи се со „непредвидливи последици за единството и авторитетот на православието“.

Освен тоа, патријархот од Ерусалим го бојкотирал синодот. Зошто? Се вели дека бил разлутен поради казната од пред три години кога патријаршијата од Константинопол барала од него да ја изврши поради тоа што се обидувал да стекне контрола над Православната црква во Австралија.

Во почетокот, требал да биде поканет папата Јован Павле II‚ но ова се променило во последен момент поради силното противење кое го покренале конзервативните елементи во склоп на Православната црква. Во мај 1995 година, еден водечки православен свештеник во Атина го нарекол папата „воен криминалец“. Тогаш било известено дека под такви околности „папата . . . не би смеел да учествува на прославата на Патмос“.

Оваа бедна ситуација беше дополнета со иронијата дека за време на овие прослави, само 1.500 километри северозападно од Патмос, православните и римокатоличките „христијани“ се убиваа едни со други во Босна и Херцеговина!

Јасно е дека духовно рамнодушните таканаречени христијани допуштаат секташтвото да ги подели! Осудувајќи го ова неединство, Јаковос, православен архиепископ на Северна и Јужна Америка, во едно интервју изјавил: „Не успеавме во нашиот обид да ги видиме црквите како се обединети за да извршуваат служба за човекот, а не за влијателните на овој свет . . . На луѓето им е здосадено од . . . благословите на патријарсите“.

„,Откровение‘ на луксуз“

Она што беше наречено „екстраваганција на изобилство“ се најде под тешки критики. Еден новински извештај изјавил: „Четирите дена славење на Патмос на крајот се покажаа како ‚откровение‘ на луксуз . . . Византискиот гламор ги надмина границите на црковната церемонија, заканувајќи се да преобрази еден екуменски настан во скапа прослава“. Многумина беа загрижени за тоа колку пари се потрошиле на овие прослави, особено во време кога преживувањето на луѓето на соседниот Балкан и во Источна Европа беше во опасност. Според некои проценки, цената за оваа „веселба без преседан“ е речиси 17 милиони американски долари. На пристаништето на Патмос пристигнаа луксузни крстосувачи во кои беа сместени некои од богатите гости кои беа поканети да присуствуваат на собирот. На одвратност на многумина постојани жители, островот во последен момент беше подложен на разубавување за да остави подобар впечаток врз посетителите од висок ранг — иако му недостига болница и соодветна зграда за училиште.

Колку само соодветно во оваа ситуација се применуваат зборовите од Откровение 18:2, 3, 7: „Трговците земни се збогатија од нејзината [на Големиот Вавилон] голема раскош! Колку што се прослави и живееше раскошно, толку мака и јад вратете ѝ“. Во време кога обичниот народ страда, наместо да биде будна да даде утеха и духовна помош, Православната црква е преокупирана со екстраваганцијата на духовно празните гоштавања.

Негување лажни надежи

Во контекстот на оваа прослава се одржаа неколку симпозиуми и конференции. Беа предложени решенија за да се излезе на крај со сериозните проблеми со кои се соочува човештвото. Беше издадена резолуција со која научниците се повикаа итно да дејствуваат за да се решат проблемите на човештвото. Божјето Царство не беше спомнато ниту еднаш. За разлика од тоа, книгата Откровение, во согласност со останатиот дел од Библијата, истакнува дека Божјето Царство во рацете на Исус Христос е единственото решение за сите проблеми на човештвото (Откровение 11:15—18; 12:10; 21:1—5).

Не е чудно тоа што христијанскиот свет не ја сфаќа сериозно библиски темелената надеж за Царството. Одгласувајќи го ставот кој преовладува, еден калуѓер од манастирот на Патмос отворено признал: „Откровението не го сметаме за авторитетен текст. Тоа е таков спис кој не се чита во црквите“. Слично на тоа, еден теолог изјавил: „Опасно е Откровението да се поврзува со историјата на овој свет во смисла дека тоа е текст кој во детали опишува што ќе се случи . . . Тоа е наивност и едно прилично опасно толкување“. Колку ли длабока духовна задреманост!

Тие не бдеат

Значи, јасно е дека христијанскиот свет не бдее. Оваа прослава, наместо да го сосредоточи вниманието врз Речта на Бог и неговите ветувања, беше еден празен и бескорисен религиозен „панаѓур“. Состојбата на таканаречените христијански цркви е многу слична на состојбата на собранието во Лаодикија, на кое Исус му рекол: „Велиш: ‚Богат сум, и се збогатив, и ништо не ми треба‘, а не знаеш дека си беден и проколнат, сиромав, слеп и гол“ (Откровение 3:17).

Интересно е тоа што еден тврдокорен поборник на Православната црква напишал до еден весник жалејќи се дека „единствените кои го извлекле најдоброто од оваа“ прослава се Јеховините сведоци. Зошто мислел така? Тој објаснил дека Откровението на Јован „има заедничка есхатолошка основа со основата на доктринарниот став на Јеховините сведоци“. Да, вистина е дека Сведоците трудољубиво настојуваат да ‚бидат будни‘ со тоа што остануваат свесни во поглед на исполнувањето на Божјата намера. Исто така, тие се желни да им помогнат на сите луѓе со искрени срца да ‚бидат будни за да се исправат пред Синот Човечки‘, Исус Христос (Матеј 24:42; Лука 21:36).

[Фуснота]

a Според хронологијата на христијанскиот свет, таа година ја одбележа 1.900-годишнината од пишувањето на книгата Откровение (грчки апока́липсис) на Патмос. Доверливи докази покажуваат дека Откровението било напишано во 96 н. е.

[Истакната мисла на страница 29]

„Екстраваганција на изобилство“ и „веселба без преседан“

[Истакната мисла на страница 30]

„На луѓето им е здосадено од . . . благословите на патријарсите“

[Извор на слика на страница 28]

Фотографија: Гаро Налбандијан

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели