ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g97 8/4 стр. 3-4
  • „Колеж на природата“

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • „Колеж на природата“
  • Разбудете се! 1997
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Труење на планетата
  • „Ние сме си самите камшик“
  • Бог ветува дека нашата планета ќе опстане
    Разбудете се! 2023
  • Вовед
    Разбудете се! 2023
  • Нашата кревка планета — што е со иднината?
    Разбудете се! 1996
  • Шумите
    Разбудете се! 2023
Повеќе
Разбудете се! 1997
g97 8/4 стр. 3-4

„Колеж на природата“

ОД ДОПИСНИКОТ НА РАЗБУДЕТЕ СЕ! ВО ИРСКА

АЛЧНОСТА му се заканува на Вашиот дом. Таа го поткопува потенцијалот што го има Земјата да ни обезбеди на сите храна и засолниште кои ни се потребни за да преживееме. Без сомнение, Вие веќе сте свесни за тоа како алчноста ѝ нанесува штета на Земјата, но еве неколку потсетници.

Труење на планетата

Во 1962 година, во својата книга Silent Spring (Тивка пролет), Рејчел Карсон предупредила во врска со труењето на планетата со пестициди и токсичен отпад. Книгата The Naked Savage (Голо дивјаштво) вели: „Човештвото ја труеше сопствената околина и го валкаше сопственото гнездо — сигнал за изумирање на видовите“. Луѓето сѐ уште алчно ја трујат планетата. „Барајќи најголеми профити за најкратко време“, вели делото World Hunger: Twelve Myths (Светски глад: дванаесет митови), „големите одгледувачи се спремни прекумерно да ги искористуваат почвата, водата и хемиските компоненти, без да мислат дека ја нагризуваат почвата, ја исцрпуваат подземната вода и ја трујат околината.“

Наместо да ги заштитат светските драгоцени тропски шуми — кои се пресудни за преживувањето на Земјата — луѓето ги уништуваат побрзо отколку кога и да било порано. „Постоечките тропски шуми“, велат писателите на Far From Paradise—The Story of Man’s Impact on the Environment од 1986 (Далеку од рајот — приказна за влијанието на човекот врз околината), „за педесет години речиси ќе исчезнат, ако сегашната стапка на експлоатација остане и понатаму непроменета.“

Бескрупулозните рибари користат динамит и хемиски отрови за да ловат риби околу коралните морски гребени — кои се опишани како „поморски еквиваленти на тропските шуми“ поради изобилството животни облици за кои тие служат како засолниште. Овие брутални рибарски методи, заедно со бесмисленото хемиско загадување, „нанеле сериозна штета“ на многу постоечки корали (The Toronto Star).

„Ние сме си самите камшик“

Г-н Шридат Рамфал, кој од 1991 до 1993 бил претседател на IUCN, Светското здружение за заштита, го опишува овој вид погрешно управување со ресурсите на Земјата како „колеж на природата“. Колку само тоа е расипано? Наведувајќи еден пример, Рамфал пишува: „Повеќето од реките во Индија се нешто повеќе од отворени канализации, кои носат необработен отпад од градските и селските подрачја кон морето“. Каков е неговиот заклучок? „Ние сме си самите камшик.“

Алчноста со векови доминирала во човечката историја, но денес, заканата за преживување на планетата се зголемила. Зошто? Заради тоа што сега е многу поголема способноста на човекот да ја уништи. „Само во последниве педесет години“, вели делото Далеку од рајот, „имавме хемиски и механички средства делотворно да ги уништиме останатите облици на живот на нашава планета . . . Хомо сапиенсот [латински, мудар човек], како што човекот толку нескромно се нарекува себеси, има речиси апсолутна моќ и престанал да покажува какво и да е воздржување.“ Неодамна, Организацијата за околина — Гринпис дала силно обвинение, велејќи: „Современиот Човек направил ѓубриште од Рајот [Земјата] . . . и сега стои како едно бесчувствително дете . . . на работ . . . на делотворно уништување на оваа оаза на животот“.

Но, алчноста прави повеќе отколку што само се заканува на долготрајните изгледи на планетата. Таа се заканува на непосредната среќа и безбедност — Ваша и на Вашето семејство. Како тоа? Разгледајте ја следнава статија.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели