ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g97 8/9 стр. 4-7
  • Што се случило со забавата?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Што се случило со забавата?
  • Разбудете се! 1997
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Потребата од претпазливост
  • ТВ — „потаен учител“
    Разбудете се! 2006
  • Навлечени на насилство
    Разбудете се! 2012
  • Како да се одржи здраво ментално гледиште
    Разбудете се! 1999
  • Дали оние што играат се во опасност?
    Разбудете се! 2003
Повеќе
Разбудете се! 1997
g97 8/9 стр. 4-7

Што се случило со забавата?

КАКО можеле древните Римјани, кои наводно биле на врвот од нивната култура, да гледаат на агонијата на ближните како на забава? „Тоа може да се објасни само со копнежот по нови и посилни стимуланси“, пишува Герхард Улхорн во The Conflict of Christianity With Heathenism. „Заситени со сите можни уживања, луѓето барале . . . возбудување кое повеќе не го наоѓале на друго место.“

Многу луѓе денес покажуваат сличен ‚копнеж по нови и посилни стимуланси‘. Се разбира, можеби не се собираат за да гледаат вистински колеж или развратност. Но, нивниот избор на забава открива слична опседнатост со насилство и секс. Разгледајте некои примери.

Филмови. Во последниве години, филмските произведувачи покажале „склоност кон перверзноста“, тврди филмскиот критичар Мајкл Медвед. „Изгледа, пораката во филмскиот бизнис“, додава тој, „е дека прикажувањата на суровост и на деменција заслужуваат посериозно разгледување, поавтоматско почитување од секакви обиди да се изразува благородност или доброта.“

Конкуренцијата со телевизорот ги присилила филмските произведувачи да сторат скоро сѐ за да ги намамат луѓето в кино. „Потребни ни се филмови кои имаат заби, кои имаат острина, кои отскокнуваат од сите работи што луѓето ги гледаат на ТВ“, вели претседавачот на едно филмско студио. „Тоа не значи дека сме предадени на крв и црева и на [бесрамен] јазик, но токму тоа е потребно денес за да се прикаже еден филм.“ Навистина, многумина повеќе не се шокираат дури ни од најживописното насилство в кино. „Луѓето стануваат имуни на ефектите“, вели филмскиот режисер Алан Џ. Пакула. „Бројот на мртвите четири пати се зголемил, моќта на експлозијата се зголемува за мегатон, а тие стануваат глуви на тоа. Развиле една незаситност за сурова сензација.“

Телевизија. Нападните прикажувања на секс на ТВ-то сега се вообичаени во многу делови од светот, вклучувајќи ги Бразил, Европа и Јапонија. Просечниот телевизиски гледач во Америка за една година се среќава со околу 14.000 сексуални укажувања. „Порастот на сексуалните теми и отвореноста не покажуваат никакви знаци на намалување“, известува една истражувачка екипа. „Некогашните табу теми, како што се инцестот, садомазохизмот и бестијалноста се свртиле во прилог на ударното телевизиско време.“

Според книгата Watching America, постои причина за слободоумното лудило на телевизијата. Таа наведува: „Сексот продава . . . Кога телевизиските мрежи и производствените компании откриле дека гледачите биле повеќе пријатно возбудени отколку шокирани, постепено го зголемиле продажниот потенцијал на својот производ, допуштајќи сѐ повеќе табу теми да бидат воведени на уште поотворен начин“.

Видеоигри. Донекаде невината ера на Pac-Man и Donkey Kong попуштила пред една нова ера на застрашувачки садистички игри. Професор Марша Киндер ги опишува тие игри како „полоши од ТВ-то или од филмот“. Тие ја соопштуваат „пораката дека единствениот начин да се добие сила е преку насилство“.

Поради загриженоста на јавноста, еден водечки произведувач во Соединетите Држави сега користи рејтинг систем за своите видеоигри. Еден натпис „MA-17“ — кој покажува дека „зрелата“ игра не е погодна за оние под 17 години — може да вклучува жестоко насилство, сексуални теми и вулгарен говор. Меѓутоа, некои се плашат дека еден „зрел“ рејтинг само ќе придонесе кон привлечноста на играта. „Да имав 15 години и да видев налепница со MA-17“, вели еден млад ентузијаст за игри, „таа игра би ја добил по секоја цена.“

Музика. Едно списание кое ја испитува содржината на популарната музика тврди дека на крајот од 1995, само 10 од 40 топ албуми немале вулгарен говор или осврнувања на дрога, насилство или секс. „Музиката која е достапна за оние на предадолесцентна возраст здрвува, голем дел од неа е сосема нихилистичка“, известува St. Louis Post-Dispatch. „[Музиката] која им е привлечна на некои адолесценти е полна со лутина и безнадежност и потхранува чувства дека светот и слушателот лично се осудени на пропаст.“

Дет металот, „гранџ“ рокот и „гангста“ рапот изгледа дека уживаат во насилство. И според еден извештај на San Francisco Chronicle, „многу луѓе во таа индустрија предвидуваат дека најстрашните групи се на пат до врвот“. Химни на лутина и на смрт сега станале популарни во Австралија, Европа и Јапонија. Вистина, некои групи се обиделе да усвојат една поблага порака. Сепак, Chronicle забележува: „Доказите укажуваат на тоа дека не постои голем промет за невиноста“.

Компјутери. Тоа се вредни алатки со многу позитивни примени. Меѓутоа, некои ги користеле и за делење на развратен материјал. На пример, списанието Maclean’s известува дека тоа вклучува „слики и текст за сѐ, од бизарни фетиши до проституција и до педофилија — материјал кој би шокирал многу возрасни а камоли нивните деца“.

Материјал за читање. Многу популарни книги се преполни со секс и насилство. Понова мода во Соединетите Држави и Канада е она што е наречено „шок белетристика“ — застрашувачки хорор приказни кои нишанат на млади луѓе и до осум години. Дајана Вест, пишувајќи во New York Teacher, тврди дека овие книги ги „десензибилизираат најмладите, спречувајќи го животот на умот уште пред да започне“.

Многу стрипови издадени во Јапонија, Соединетите Држави и Хонгконг прикажуваат „силни и брутални воени теми, канибализам, обезглавување, сатанизам, силување и вулгарен говор“, известува една студија на Националната коалиција за телевизиско насилство (NCTV). „Интензивноста на насилството и деградирачкиот сексуален материјал во овие списанија е шокантен“, вели д-р Томас Радеки, директор за истражување на NCTV. „Тоа покажува колку сме дозволиле да станеме десензибилизирани.“

Потребата од претпазливост

Јасно, во денешниот свет постои фасцинираност со секс и насилство, кое е одразено во индустријата на забавата. Ситуацијата е слична на онаа што ја опишал христијанскиот апостол Павле: „Дојдени до бесчувство, тие се предадоа на бесрамност и ненаситно вршат секаква нечистота“ (Ефесјаните 4:19). Со добра причина, многумина денес бараат нешто подобро. Дали и Вие? Ако барате, ќе Ви биде драго да знаете дека можете да најдете здрава забава, како што ќе покаже следната статија.

[Рамка/слика на страница 5]

Телевизијата може да биде опасна

ТЕЛЕВИЗИЈАТА го направила своето јавно деби во САД, на светскиот саем во 1939 во Њујорк. Еден новинар кој бил присутен го изразил своето сомневање во врска со иднината на таа нова направа. „Проблемот со телевизијата“, напишал тој, „е тоа што луѓето мора да седат и очите да им бидат залепени за екран; просечната американска фамилија нема време за тоа.“

Колку само погрешил! Всушност, се вели дека додека просечниот Американец дипломира на училиште, тој ќе има поминато 50 проценти повеќе време пред ТВ-то отколку пред наставникот. „Децата кои се тешки телевизиски гледачи се поагресивни, попесимистични, повеќе тежат, помалку се имагинативни, помалку покажуваат соживување и се понеспособни ученици отколку нивните соученици кои се послаби гледачи“, тврди д-р Медлин Левин во својата книга Viewing Violence.

Нејзиниот совет? „Потребно е децата да бидат поучени дека телевизијата, исто како и секој друг апарат во куќата, има определена функција. Не го оставаме вклучен апаратот за сушење коса откако сме ја исушиле косата или тостерот откако излегло печеното парче лепче. Ги препознаваме определените примени на овие апарати и знаеме кога да ги исклучиме. Потребно е нашите деца на сличен начин да бидат образовани за телевизијата.“

[Рамка/слики на страница 7]

Забавата по светот

Разбудете се! ги замолило своите дописници од различни делови на светот да ги опишат трендовите на забава во нивната околина. Следат некои од нивните коментари.

Бразил: „ТВ програмите станале сѐ подеградирачки. Сепак, со тоа што многу родители работат надвор од дома, децата честопати се оставени самите да се забавуваат со ТВ-то. Популарни се CD-ROM⁠-​овите со окултни теми и видеоигри кои прикажуваат сурово насилство“.

Чешка Република: „Од падот на комунизмот па наваму, земјава е преплавена со забава која никогаш порано овде не била видена, вклучувајќи ги ТВ програмите од Запад и порнографските дуќани. Младите луѓе често ги посетуваат дискотеките, билјардските клубови и кафеаните. Претераните реклами и притисокот од врсниците честопати вршат силно влијание врз нив“.

Германија: „За жал, многу родители се премногу уморни за да организираат забава за своите деца, затоа младите честопати сметаат еден на друг за добар помин. Некои се изолираат со компјутерски игри. Други посетуваат целовечерни танцовни периоди наречени бесни журки, на кои дрогата зема замав“.

Јапонија: „Стриповите се омилена разонода за младите и за возрасните, но тие честопати се исполнети со насилство, неморал и лош јазик. Коцкањето исто така е вообичаено. Уште еден вознемирувачки тренд е што некои млади девојки се јавуваат во нашироко рекламирани телефонски клубови кои задоволуваат мажи со неморални намери. Некои се јавуваат само заради забава, додека други одат до тој степен што се состануваат за пари, што во некои случаи води и до проституција“.

Нигерија: „Нерегулирани видеотеатри се шират по Западна Африка. Овие импровизирани колиби се отворени за луѓе од сите возрасти, вклучувајќи ги и децата. Порнографски и хорор видеа се стандарден материјал. Освен тоа, локално произведените филмови емитувани на ТВ обично прикажуваат спиритизам“.

Јужна Африка: „Бесните журки овде цутат и дрогата честопати е лесно достапна на нив“.

Шведска: „Кафеаните и ноќните клубови се успешни во Шведска, и честопати криминалците и трговците со дрога надоаѓаат на таквите места. Телевизиската и видеозабавата е полна со насилство, спиритизам и неморал“.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели