ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g97 8/9 стр. 18-19
  • Остеопороза — болест на ,кршливи коски‘

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Остеопороза — болест на ,кршливи коски‘
  • Разбудете се! 1997
  • Сличен материјал
  • Остеопороза — подмолна болест
    Разбудете се! 2010
  • Содржина
    Разбудете се! 2010
  • Способноста на хормоните да ги регулираат функциите на телото
    Случајно или создадено?
  • Неверојатната цврстина на коската
    Разбудете се! 2010
Повеќе
Разбудете се! 1997
g97 8/9 стр. 18-19

Остеопороза — болест на ,кршливи коски‘

„Остеопорозата е состојба во која количеството на коскеното ткиво е толку мало што коските лесно се кршат при минимална сила. Лицето со остеопороза може да скрши рачен зглоб или колк при паѓање на мраз или да добие скршено ребро од една срдечна прегратка . . . Всушност, количеството на коскеното ткиво може да биде толку мало што лицето може да го скрши ’рбетот со самото носење на тежината на телото“ (Osteoporosis—A Guide to Prevention & Treatment, од д-р Џон Ф. Алоја).

ДАЛИ Вие страдате од остеопороза? Ова растројство кое ги ослабува коските е вообичаено кај жените во постменопаузата. Сепак, може да се развие и кај помлади жени, како и кај мажи. Според Националниот институт за здравје на САД, остеопорозата погодува „дури од 15—20 милиони поединци во Соединетите Држави“. Секоја година во Соединетите Држави, остеопорозата е одговорна за околу 1,3 милиони фрактури кај луѓе на возраст од 45 години и постари. Тоа годишно кошта 3,8 милијарди долари.

Една публикација на Калифорниската фондација за медицинско образование и истражување, Health Tips, објаснува: „Иако симптомите на остеопорозата се најмногу видливи во подоцнежните години, процесот кој ги ослабнува коските всушност започнува 30—40 години пред да се случи првата фрактура. После 35 годишна возраст, и мажите и жените почнуваат да ја губат коскената маса. Како што коските стануваат полесни и послаби, полесно можат да се случуваат фрактури и бавно да заздравуваат бидејќи телото не е во можност да формира нова коска онака лесно како што некогаш можело. Точната причина за остеопорозата не е позната, но недоволниот калциум и витамин Д во исхраната, намаленото ниво на естроген кај жените и недоволното вежбање можат да придонесат за нејзиниот развој“.

Книгата Understanding Your Body—Every Woman’s Guide to a Lifetime of Health забележува дека еден од вообичаените симптоми поврзани со менопаузата е губење на јачината на коските. Таа наведува: „Остеопорозата, дословно порозни коски, е вообичаен и важен здравствен проблем кај жените после менопаузата“.

Истражувањето укажува на тоа дека остеопорозата може и да се спречи и да се лечи. Една превентивна мерка е да се осигура дали телото има исправна количина калциум заедно со витамин Д кој е битен за апсорпција на калциумот. Една друга превентивна мерка е редовното вежбање за задржување на тежината, како што е пешачењето или џогингот.

Д-р Керол Е. Гудман во Geriatrics рекла: „Треба да се препишат корекции на држење на телото и вежби за зацврстување — и мораме да бидеме толку внимателни со овие рецепти колку што сме и со оние за лекови. Идеалната програма на вежбање за еден постар пациент со остеопороза може да биде лесно разбирлива, едноставна за изведување и безбедна“.

Иако остеопорозата не може да се лекува, извесни нови лекови стануваат достапни за неа. Освен тоа, може да се спречи со исправна исхрана, соодветно вежбање и, за некои, со терапија на хормонска замена. За да бидат најделотворни, овие мерки мора да се преземат уште пред да започне губење на коскената маса и мора да траат цел живот.

[Рамка на страница 19]

Заштита од остеопороза

1. Калциум

2. Витамин Д

3. Сончева светлина

4. Исправно држење на телото

5. Мерки на претпазливост за нега на грбот

6. Вежби

7. Непушење

[Рамка на страница 19]

Калциум во обичната храна

Калциум во храната (милиграми)

Млеко без маснотии, 1 шолја 300

Чедар-сирење, коцка од 2,5 сантиметри 130

Јогурт, 1 шолја 300

Говедско месо, пилешко, риба, 170 грама 30—80

Лосос во конзерва, 85 грама 170

Леб, жита, ориз, 1 шолја 20—50

Тофу (урда од соја), 100 грама 150

Бадеми, 1/2 шолја 160

Ореви, 1/2 шолја 50

Броколи, 1 стебленце 150

Спанаќ, 1 шолја 200

Лисја од репка, 1 шолја 250

Поголем дел друг зеленчук, 1 шолја 40—80

Сушени кајсии, 1 шолја 100

Урми без семки, 1 шолја 100

Рабарбара, 1 шолја 200

Поголем дел друго овошје, 1 шолја 20—70

Од Understanding Your Body од Фелиша Стјуарт, Гери Стјуарт, Фелиша Гест и Роберт Хачер, страница 596.

[Рамка на страница 19]

Некои остеопорозни ризични фактори

Наследни фактори

Женски

Не црн

Северноевропско потекло

Светол тен

Тенка

Ниска (Сто педесет и седум сантиметри или помалку)

Фактори поврзани со начинот на живот

Надворешна светлина, помалку од три часа седмично

Мало примање калциум

Зголемено примање кофеин и/или фосфат

Лекови

Антациди кои содржат алуминиум

Тироид или левотироксин

Стероид (кортизон)

Дилантин (пролонгиран третман)

Фуросемид (диуретик)

Медицински проблеми

Рана или предвремена менопауза

Аменореја (отсутност на менструација)

Анорексија нервоза

Хипертиреоза (прекумерен тироид)

Болест на бубрезите или камења

Дијабетес

Недостаток на лактаза (неподносливост на млеко)

Цревна болест (колитис, илеитис)

Алкохолизам

Останување в кревет или неподвижност подолго од три седмици

Ревматоиден артритис

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели