ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g97 8/10 стр. 4-7
  • Кога поголемото не е подобро

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Кога поголемото не е подобро
  • Разбудете се! 1997
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Поголема тежина, поголем ризик
  • Нови упатства за тежината
  • Како станавме толку големи?
  • Можеме ли да успееме?
  • Предебели деца — како да им се помогне?
    Разбудете се! 2009
  • Дебели деца — има ли решение?
    Разбудете се! 2012
Разбудете се! 1997
g97 8/10 стр. 4-7

Кога поголемото не е подобро

„Алиштата веќе не ми чинат“, се жалела Роза, 35-годишна. „Сега имам 86 килограми, и никогаш не сум си замислувала дека ќе станам толку голема!“

РОЗА не е единствена која е загрижена поради нејзината сѐ поголема тежина. Во Соединетите Држави, каде што живее таа, скоро една третина од нацијата е згоена.a Размерот на згоени возрасни лица во Британија двојно се зголемил за десет години. А во Јапонија — каде што вишокот тежина порано беше реткост — згоеноста станува вообичаена.

Сѐ поголем број деца се потешки од она што би требало. Околу 4,7 милиони американски млади луѓе помеѓу 6 и 17-годишна возраст имаат голем вишок тежина додека околу 20 проценти канадски деца се згоени. Во последните години, згоеноста во детството доживеала трикратен пораст во Сингапур.

Во некои земји, да се биде голем поради добивање на тежина се гледа како доказ на просперитет и здравје, далеку попожелна состојба отколку сиромаштијата и неисхранетоста. Но во западните земји, каде што храната честопати е лесно достапна, добивањето на тежина обично не се смета за нешто пожелно. Напротив, општо земено, тоа е причина за сериозна загриженост. Зошто?

„Иако повеќето луѓе веруваат дека згоеноста е проблем во врска со изгледот“, вели д-р К. Еверет Куп, поранешен началник на санитарната служба на САД, „тоа всушност е сериозна болест.“ Ендокринологот Ф. Егзавиер Пи Санјер од Њујорк, објаснува: „[Здебелувањето на Америка] става повеќе луѓе под ризикот на дијабетес, висок крвен притисок, мозочен удар, заболување на срцето, па дури и некои облици на рак“.

Поголема тежина, поголем ризик

Разгледајте една студија на 115.000 женски американски медицински сестри кои биле следени 16 години. Студијата открила дека кога возрасните се здобиваат дури и со 4,9 до 8,1 килограми, тоа води до повисок ризик од срцево заболување. Оваа студија, издадена во The New England Journal of Medicine од 14 септември 1995, укажа на тоа дека една третина од смртните случаи на рак и една половина од кардиоваскуларните смртни случаи се должеле на вишок тежина. Според еден извештај во The Journal of the American Medical Association (JAMA) од 22/29 мај 1996, „78% од хипертензијата кај мажите и 65% кај жените може директно да се припише на згоеноста“. Американското друштво за рак вели дека оние кои се „со значителен вишок тежина“ — (40 или повеќе проценти над идеалната тежина) — „имаат повисок ризик од рак“.

Но, добивањето додатна тежина не е единственото нешто што претставува опасност; дистрибуцијата на телесната маснотија, исто така, влијае врз ризикот од болест. Оние кои носат вишок маснотии во абдоменот, всушност, се со поголем ризик отколку оние кои носат вишок тежина во колковите и бедрата. Маснотиите во пределот на стомакот се поврзани со зголемен ризик од дијабетес, срцево заболување, рак на дојката и рак на материцата.

На сличен начин, младите кои имаат вишок тежина страдаат од висок крвен притисок, зголемено ниво на холестерол и преддијабетска состојба. А честопати стануваат згоени како возрасни. Користејќи податоци издадени во британскиот медицински журнал The Lancet, The New York Times известил дека „луѓето кои биле дебели како деца порано умреле и страдале од далеку поголем број болести на далеку помлади години отколку јавноста воопшто“.

Нови упатства за тежината

Уверена во сериозната криза во врска со тежината, владата на САД своите препорачани упатства за тежина во 1995 ги направи построги. (Видете ја рамката на следната страница.) Осовременетите упатства идентификуваат „здрава тежина“, „умерен вишок тежина“ и „голем вишок тежина“. Упатствата се применуваат и на возрасни мажи и на возрасни жени, без оглед на годините.

Упатствата од 1990 допуштале растење на средниот дел од телото во средновечноста, честопати наречена средновечна раширеност. Новите упатства не го допуштаат тоа, затоа што укажувањата покажуваат дека возрасните не треба да добиваат на тежина со текот на времето.b Според тоа, она лице кое порано се сметало дека има нормална тежина сега може да увиди дека се наоѓа во категоријата со вишок тежина. На пример, едно лице со 168 сантиметри висина, на возраст помеѓу 35 и 65 години, кое имало тежина од 75 килограми би било во рамките на опсегот на здравата тежина според упатствата од 1990. Но според новите упатства, тој или таа би имале 5 килограми вишок тежина!

Како станавме толку големи?

Генетските црти можат да влијаат врз склоноста на човекот кон згоеност, но тие не се одговорни за добивањето на тежина во западните земји. Нешто друго е одговорно за проблемот.

Здравствените професионалци се согласуваат со тоа дека јадењето маснотии може да нѐ здебели. Многу видови меса и многу млечни производи, печени производи, брза храна, закуски, пржена храна, сосови, сосови од печено месо и масло се преполни со маснотии и, ако ги јадеме, може да води до згоеност. Како тоа?

Па, консумирањето повеќе калории отколку што нашето тело троши преку храната која ја јадеме, предизвикува да добиеме во тежина. Маснотијата има девет калории на еден грам, во споредба со четири калории во еден грам протеини или во еден грам јаглеродни хидрати. Значи, кога јадеме маснотии примаме повеќе калории. Но постои уште еден важен фактор — начинот како човечкото тело ја користи енергијата обезбедена преку јаглеродните хидрати, протеините и маснотиите. Телото прво ги согорува јаглеродните хидрати и протеините, а потоа маснотијата. Неискористените масни калории се претвораат во телесно сало. Затоа, намалувањето на масната храна е важен начин да се намали тежината.

Сепак, некои кои веруваат дека го намалиле своето примање маснотии откриваат дека нивните тела сѐ уште се шират. Зошто? Една причина е тоа што јадат големи количества храна. Еден стручњак за исхрана од Соединетите Држави вели: „Ние се прејадуваме бидејќи премногу е сервирано. Кога е тука, го јадеме“. Луѓето исто така се склони да јадат храна со мала маснотија или без маснотија во преголеми количини. Но еден стручњак во една фирма за консултирање на една прехранбена индустрија на САД објаснува: „Производите со намалена маснотија честопати го надоместуваат вкусот со зголемување на содржината на шеќерот [богат со калории]“. Според тоа, The New York Times известил: „Два тренда на 90-тите — да се добие вредност од парите и да се јаде храна со мала маснотија или без маснотија — станале покана за ненаситност“, а оттука и за добивањето на тежина.

Начинот на живот со седење пред телевизорот, исто така, го унапредува добивањето на тежина. Една студија во Британија открила дека повеќе од една третина од возрасните во таа земја практикуваат умерено вежбање по помалку од 20 минути секоја седмица. Помалку од половината воопшто некогаш се вклучуваат во активни спортови. Во многу западни земји, патувањето со автомобил го заменило пешачењето, а зголеменото гледање телевизија ги поттикнува мрзливоста и ненаситноста. Се проценува дека во Соединетите Држави, секоја седмица децата седат и гледаат телевизија по 26 часа, а да не го споменеме времето поминато со видеоигрите. Во меѓувреме, само околу 36 проценти од училиштата сѐ уште имаат физичко образование.

Постојат и психолошки причини за вишок тежина. „Јадеме од емоционални потреби“, вели д-р Лоренс Ческин од Центарот за контролирање на тежината, Џон Хопкинс. „Јадеме кога сме среќни, јадеме кога сме тажни. Сме пораснале со помислата дека храната е замена за многу други работи.“

Можеме ли да успееме?

Прашањата поврзани со вишок тежина се комплексни. Секоја година се пресметува дека 80 милиони Американци држат диета. Но, скоро сите се враќаат на нивниот поранешен начин на јадење набргу откако ќе изгубат малку во тежина. Во рок од пет години, 95 проценти повторно ја добиваат тежината која ја изгубиле.

Промените во начинот на живот е она што е потребно за да се изгуби тежината и да се остане така. Таквите промени бараат напор и оддаденост, заедно со помошта од фамилијата и пријателите. Во некои случаи, помошта од здравствените професионалци исто така може да биде потребна.c Меѓутоа, неопходна е позитивна мотивација за да успеат Вашите напори. Добро е да се запрашате: ‚Зошто сакам да изгубам тежина?‘ Постои поголема веројатност вашите напори да изгубите на тежина да успеат ако желбата да се избегнат здравствените опасности е придружена со желбата подобро да се чувствувате и подобро да изгледате и да го подобрите квалитетот на Вашиот живот.

Можете да јадете изобилно вкусна и задоволувачка храна која е и хранлива и со малку калории. Но, пред да ја разгледаме храната која може да Ви помогне да изгубите на тежина, ајде да испитаме како одредени елементи од исхраната можат да станат здравствени ризици.

[Фусноти]

a Згоеноста честопати се дефинира како 20 или повеќе проценти над она што се верува дека е идеална тежина.

b Упатствата од 1995 се применуваат на повеќето старосни групи, но не и на сите. „Постои општа согласност дека новите упатства за тежината веројатно не се применуваат на луѓе кои се постари од 65 години“, вели д-р Роберт М. Расел во JAMA од 19 јуни 1996. „Малку вишок тежина кај постарото лице може дури и да биде од корист давајќи резерва на енергија во периоди на болест и помагајќи да се зачува мускулната и коскената маса.“

c За предлози во врска со слабеењето, види Разбудете се! од 8 мај 1994, страници 20—22 (хрв.); 22 јануари 1993, страници 12—14 (англ.) и 8 декември 1989, страници 3—12 (англ.).

[Табела на страница 6]

Дали сте во опсегот „здрава тежина“, „умерен вишок тежина“ или „голем вишок тежина“? Графиконот кој е овде прикажан ќе Ви помогне да го одговорите тоа прашање.

Упатства за тежина и за мажи и за жени — 1995

(Види во публикацијата)

Висина *

cm 198

190

180 ЗДРАВА ТЕЖИНА УМЕРЕН ВИШОК ТЕЖИНА ГОЛЕМ ВИШОК ТЕЖИНА

170

160

150

kg 30 40 50 60 70 80 90 100 110

Тежина#

Статистички податоци темелени на U.S. Department of Agriculture, U.S. Department of Health and Human Services

* Без чевли.

# Без алишта. Поголемата тежина се однесува на луѓе со повеќе мускули и коски, како што се многу мажи.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели