ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g97 8/10 стр. 14-15
  • „Зрак светлина во еден мрачен век“

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • „Зрак светлина во еден мрачен век“
  • Разбудете се! 1997
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Новинските медиуми забележуваат
  • Премиерата
  • „Јас цврсто стојам! Јас цврсто стојам! Јас цврсто стојам!“
    Нашата служба за Царството 2001
  • „Верни под испити“
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2005
  • Што им се случувало на Јеховините сведоци за време на Холокаустот?
    Најчесто поставувани прашања
  • Сведоштво на нивната вера
    Разбудете се! 1996
Повеќе
Разбудете се! 1997
g97 8/10 стр. 14-15

„Зрак светлина во еден мрачен век“

Од дописникот на Разбудете се! во Германија

ЕДЕН историчар на овој начин ја опиша историјата на Јеховините сведоци во нацистичката ера. Поводот беше светската премиера на документарната видеокасета Jehovah’s Witnesses Stand Firm Against Nazi Assault (Јеховините сведоци стојат цврсто против нацистичкиот напад), одржана во меморијалот Равенсбрук, во Германија. Таа видеокасета изнесува еден трогателен извештај на храброст и вера кој го раскажаа 24-ца преживеани од нацистичката ера, заедно со 10 научници по историја и религија.

Концентрациониот логор Равенсбрук некогаш сместувал стотици Јеховини сведоци. Некои преживеани Сведоци, кои биле затворени пред повеќе од 50 години од страна на нацистите, беа присутни на премиерата. Тие, како и историчарите и државните службеници, се присетија на мрачните денови кога нацистичкиот режим ја зафати Европа со едно терористичко владеење. Публиката од околу 350 лица, ги слушаше подбудувачките извештаи за христијанскиот интегритет на стотиците Сведоци кои храбро отидоа во својата смрт наместо да се одречат од својата вера.

Новинските медиуми забележуваат

Конференција за печат се одржа во еден берлински хотел утрото на премиерата, 6 ноември 1996. Новинарите гледаа исечоци од видеокасетата, а потоа слушаа говори од научници кои коментираа за важноста на новиот документарен филм во поглед на разгласувањето на еден малку познат, но важен аспект од историјата. Д-р Детлеф Гарбе, директор на меморијалот Нојенгаме, објасни: „Ние — Јеховини сведоци и не-Сведоци — не смееме да допуштиме да ја заборавиме историјата на затворениците со пурпурниот триаголник [симболот кој го носеа затворениците Сведоци]. Тоа беше зрак светлина во еден мрачен век“.

Неколку преживеани Сведоци кои се појавија во Stand Firm беа присутни за да зборуваат за нивните искуства. Дали беа огорчени поради своите страдања? Нивните мирни и сјајни лица покажуваа дека не беа.

После еден дел со прашања и одговори, репортерите беа поканети на премиерното прикажување на документарниот филм Stand Firm во меморијалот Равенсбрук, на оддалеченост од околу 64 километри. Скоро сите ја прифатија поканата.

Премиерата

Сивото небо и ситната роса во тој студен есенски ден попуштија пред возбудливата атмосфера внатре во ново реновираната сала до меморијалот Равенсбрук. Професор Јирген Дитбернер, тогашен директор на Фондацијата за меморијалите Равенсбрук, Заксенхаузен и Бранденбург, рече: „Моралната храброст која ја покажаа Јеховините сведоци под националсоцијализмот мора да се почитува . . . Со сета чест го држиме споменот на тие луѓе кои не ја предадоа својата вера и кои мораа да страдаат или дури и да умрат како резултат на тоа“.

Ангелика Петер, министер за образование, младина и спорт за Бранденбург (Германија), испрати порака која беше прочитана. Таа гласеше: „Важно е да се сетиме денес на примерната непоколебливост на Јеховините сведоци“. Д-р Зигрид Јакобајт, директор на меморијалот Равенсбрук, рече: „Оваа премиера ја очекувам со исчекување и радост. Верувам дека ова е посебен ден за сите нас“.

Потоа, светлата беа пригушени за почнувањето на видеокасетата. Не само преживеаните кои беа присутни од осум земји туку и сите во публиката за 78 минути повторно ја оживеаја трагедијата и триумфот на ова болно поглавје од германската историја. На многумина им беше тешко да ги задржат солзите додека овие обични луѓе раскажуваа за извонредни дела на љубов и на вера под најужасните околности.

Откако стивна громогласниот аплауз, историчарот Јоахим Герлиц ги прочита последните зборови на еден Сведок кој бил погубен во Бранденбург. Герлиц го пронашол писменцето само две седмици пред тоа додека вршел истражување во меморијалот и архивата Бранденбург, чиј директор е тој. Неговиот глас попушти од емоции додека ги читаше зборовите на тој верен христијански маж кој ги храбрел неговите соверници да се држат верно за нивниот Господ. Потоа Герлиц заклучи: „Дами и господа, верувам дека филмот за Јеховините сведоци ќе даде еден важен придонес за нашето образовно дело“.

Историчарот Вулф Бребек изјави дека „со овој филм додадено е едно важно и ново богатство — гласот на преживеаните кој се слуша премногу ретко, и . . . гласот на непреживеаните“. Д-р Гарбе додаде: „Тоа се важни искуства за луѓе чија вера во Бог и доверба во ветувањата од Библијата им ја дала силата да се спротивстават во текот на тоа стравотно време“.

Како пригоден завршеток на програмата, неколку преживеани Сведоци уште еднаш се обратија до публиката. На сите им беше јасно дека тие цврсти христијани сѐ уште ја имаат истата јака вера која ги одржала во текот на нивните многубројни испити.

Од премиерата наваму, преку 340 статии за Јеховините сведоци и за документарниот филм Stand Firm се појавиле во весниците низ Германија. Неколку радио-програми, една на национална радио-станица, исто така пренесоа добри извештаи.

Документарниот филм Stand Firm на крајот ќе биде достапен на најмалку 24 јазици. Со текот на времето ќе биде произведена и монтирана школска верзија. Од објавувањето на видеокасетата па наваму, сѐ поголем број педагози почнале да го користат документарниот филм Stand Firm како дел од нивниот наставен план за да им помогнат на младите луѓе да размислуваат за важни прашања, како што се предрасудата, притисокот од врсниците и гласот на совеста.

Во овој свет кој е толку поделен со омраза и предавство, колку само е навремено тоа што оваа приказна за интегритетот е објавена во јавноста! Навистина, страдањата на овие верни христијани не биле залудни (Евреите 6:10).

[Слики на страница 15]

Берлинската конференција за печат. Од лево: Д-р Детлеф Гарбе, преживеаните од холокаустот Симоне Либстер и Франц Волфарт и историчарот Вулф Бребек

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели