ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g97 8/12 стр. 18-21
  • Нешто подобро од светска фалба

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Нешто подобро од светска фалба
  • Разбудете се! 1997
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Духовен глад
  • Придобивање меѓународна фалба
  • Повторно интерес за религија
  • Пресвртница
  • Преиначувања во вработувањето
  • Предности на христијанската служба
  • На пат кон новиот свет
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2007
  • Нешто многу потрајно од уметноста
    Разбудете се! 2007
  • Мојот живот како уметник
    Разбудете се! 2001
  • Повеќе од 50 години ‚преминување‘
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1996
Разбудете се! 1997
g97 8/12 стр. 18-21

Нешто подобро од светска фалба

Со години откако станав добро познат скулптор во Европа, еден друг уметник обвинувачки ми рече: „Ја изневери уметноста!“ Пред да раскажам зошто го даде тоа обвинение, дозволете ми да Ви објаснам како дојде до тоа да станам скулптор.

ВО СЕЛОТО Аурисина, каде што сум роден, повеќето мажи работеа во еден древен каменолом. Аурисина е сместена во северна Италија во близината на Трст и близу до поранешна Југославија. Кога имав 15 години, и јас почнав да работам во селскиот каменолом. Тоа беше во 1939, годината кога започна II светска војна. Работењето со камен ме натера да сакам да станам прочуен скулптор. Исто така, сакав никогаш да не умрам. Овие две желби изгледаа недостижни.

Кога војната заврши во 1945, се преселив да живеам со сестра ми во Рим. Се надевав таму да се запишам на академијата на уметност. Колку бев восхитен кога мојата желба се исполни и бев примен на три годишни студии! Моите студии беа финансирани со помош на разновидни добротворни организации.

Духовен глад

Исто така, барав да го задоволам својот духовен глад посетувајќи религиозни служби, вклучувајќи ги и оние на Армијата на спасот и на Валдензите. Дури посетував и курсеви на еден Језуитски универзитет, а еднаш присуствував на тридневен семинар на кој предаваше еден бискуп. Во текот на тој курс не ни беше дозволено да разговараме еден со друг, но се посветувавме на молитва, медитација, исповедање и на излагањата на бискупот.

После тоа, сфатив дека мојата вера не беше зајакната. „Зошто не развив јака вера?“ го прашав бискупот.

„Верата е Божји дар“, одговори бискупот, „и тој му го дава на кого сака.“ Неговиот одговор толку ме разочара што престанав да го барам Бог и почнав да се посветувам исклучително на моите студии по уметност.

Придобивање меѓународна фалба

Откако завршив училиште во Рим во 1948, добив едногодишна стипендија да студирам на академијата за уметност во Виена (Австрија). Таму дипломирав следната година и прифатив едногодишна стипендија за да продолжам со моите студии во Љубљана (Словенија, порано дел од Југославија). Мојата цел тогаш беше да се преселам во Париз (Франција), центарот на ликовни уметности.

Меѓутоа, во 1951 ми беше дадена прилика да работам во Стокхолм (Шведска). Се преселив таму со намера да заштедам парични средства кои ќе ми помогнат да се стремам кон уметничка кариера во Париз. Но тогаш се запознав со Мики, се венчавме во 1952 и си направивме свој дом во Стокхолм. Најдов работа во една мала работилница каде што правев скулптури од камен, мермер и гранит. Некои од нив се изложени во Милесгарден, парк и музеј во градот Лидинго, во близината на Стокхолм.

Во Рим научив еден стар метод на леење бронза — метод на восочно леење — и предавав леење бронза во училиштето за стручно уметничко обучување и на Академијата на уметност во Стокхолм. Подоцна ми беше даден пристап во една леарница за бронза во музејот Скансен кој е под ведро небо во Стокхолм. Таму, честопати пред публика создавав скулптури од бронза или од олово. Исто така, имав вработување — да ги обновам античките скулптури кои му припаѓаа на тогашниот крал на Шведска, Густав VI. Тие се изложени во Царската палата како и во замокот Дротнингхолм во Стокхолм.

Помеѓу 1954 и 1960, мојата работа беше пофалена во печатот и од уметничките критичари. Многу од моите скулптури беа изложени во главните градови во Европа, вклучувајќи ги Стокхолм, Рим, Љубљана, Виена, Загреб и Белград. Во Белград, Маршал Тито купи некои од моите скулптури за својата приватна колекција. Претставен сум во Современата галерија во Рим со едно огромно женско торзо од гранит и мојата уметност е изложена во Музејот Албертина во Виена. Современиот музеј во Стокхолм има една од моите бронзени и оловни скулптури, а Современата галерија од Љубљана има скулптура од бронза.

Повторно интерес за религија

Неколку години откако се венчавме, Мики го забележа мојот интерес за религијата кој повторно се будеше. Постојано се прашував: ‚Каде е верата за која првите христијани биле спремни да умрат?‘ Повторно почнав да посетувам религиозни служби, како оние на пентакосталците и на адвентистите. Дури ги испитував исламот и будизмот.

Во 1959, пред да посетам една уметничка изложба во Милано (Италија), на неколку дена го посетив моето село Аурисина. Селаните ми кажаа за еден човек за кого рекоа дека многу знаел за Библијата. Тој беше Јеховин сведок. Кога имав прилика да разговарам со него, тој во Библијата ми покажа работи кои никогаш порано не сум ги видел. Научив дека човекот е душа — тој нема душа одвоена од неговото тело — и дека човечката душа е смртна, а не бесмртна како што учат другите религии (1. Мојсеева 2:7; Језекиил 18:4).

Понатаму, човекот ми покажа дека Божјата намера кога ги создал Адам и Ева не била да умрат, туку да живеат вечно во среќа на Земјата. Првата човечка двојка умрела затоа што била непослушна (1. Мојсеева 1:28; 2:15—17). Научив дека со тоа што го дал својот Син како откупнина, Бог направил подготовка — луѓето да уживаат изглед за бескраен живот, кој бил изгубен поради Адамовата непослушност (Јован 3:16). Ми причинуваше голема радост да ги научам тие работи (Псалм 36:29; Откровение 21:3, 4).

Пресвртница

Кратко после тоа се вратив во Шведска и Мики и јас се обидовме да ги најдеме Јеховините сведоци. Но, не можевме да најдеме нивна адреса. Меѓутоа, после неколку дена ни заѕвони ѕвончето и ете ги на нашата врата! Почнав да ја читам литературата што ми ја оставија и наскоро бев убеден дека ја содржи вистината. Сепак, сакав да го потврдам моето мислење разговарајќи со еден стар пријател, католички надбискуп, со кого се бев запознал за време на моите студии во Рим, во текот на втората половина од 1940-тите години. Така, во јануари 1961 отидов да го видам.

Мојот пријател тогаш беше одговорен за целата католичка мисионерска активност ширум светот. Какво изненадување ме очекуваше! Бев зачуден кога дознав дека на надбискупот му недостига дури и основно библиско спознание. Кога разговаравме за тоа што се случува при смртта, тој рече: „Она во кое сега веруваме може да излезе сосем спротивно“. А кога дискутиравме за осврнувањето на апостол Петар на библиското ветување за „ново небо и нова земја“, тој не беше сигурен на што се мисли со тоа ветување (2. Петрово 3:13; Исаија 65:17—25).

Кога се вратив во Стокхолм, почнав редовно да ја проучувам Библијата со Сведокот со кого се запознавме мојата сопруга и јас. Се восхитував на сѐ поголемиот интерес на Мики за студијата. Конечно, на 26 февруари 1961, го симболизирав моето предание на Јехова преку крштавање во вода, а Мики се крсти следната година.

Преиначувања во вработувањето

Во 1956 добивме девојче, а во 1961 машко дете. Поради тоа што сега имавме семејство за издржување, ми беше потребно постојано вработување. Бев одушевен кога добив покана да градам еден огромен споменик во селото каде што сум роден. Требаше да биде во спомен на партизаните кои умреа во II светска војна. Споменикот ќе беше за мене еден профитабилен проект. Но, откако зедов предвид различни фактори — вклучувајќи го фактот дека со месеци ќе бидам одвоен од моето семејство и од христијанското собрание и дека ќе живеам во земја каде што цути комунизмот и каде што нема да е лесно да се следат духовните интереси — ја одбив понудата.

Уште една работа ми создаде проблем на совеста за мене. Бев замолен да направам еден огромен орнамент за еден нов крематориум во Шведска. Кога го завршив, бев повикан на свеченото отворање. Но, откако дознав дека моето дело ќе го открие бискупот на Стокхолм, одлучив да не учествувам во церемонијата со луѓе чии учења и обичаи се во директен конфликт со Божјата Реч (2. Коринтјаните 6:14—18).

Поради несигурноста да добијам редовно вработување како скулптор, ми стана тешко соодветно да се грижам за материјалните потреби на моето семејство (1. Тимотеј 5:8). Молитвено размислував што би можел да правам за издржување. После тоа, еден архитект дојде кај мене со модел од една зграда која тој ја дизајнирал. Ме замоли да ја фотографирам. Затоа што добро го познавав фотографирањето поради искуството при фотографирање на моите скулптури, ми беше драго да ја прифатам работата. Во текот на тие години, во Шведска се одвиваа многу градежни работи и имаше потреба од фотографирање модели. На тој начин, добив доста работа од многу архитекти и можев добро да го издржувам моето семејство.

Токму во тоа време го посетив Италијанскиот културен иститут во Стокхолм за да ја споделам добрата вест за Божјето Царство (Матеј 24:14). Го познавав директорот на институтот и бев во можност да договорам разговор со него. Откако дозна дека повеќе не работам како скулптор, тој извика: „Ја изневери уметноста!“ Му објаснив дека имам првенствени обврски спрема Бог и моето семејство.

Морам да признаам дека извесно време уметноста ми беше најважното нешто во животот. Меѓутоа, сфатив дека, да продолжам да ја следам мојата кариера, за мене би било исто како да се обидувам да им служам на двајца господари (Матеј 6:24). Бев убеден дека најважното нешто што можев да го сторам е да ја проповедам добрата вест за Божјето Царство. Затоа донесов лична одлука да се откажам од мојата работа како скулптор, и Јехова Бог на еден величествен начин ја благослови мојата одлука (Малахија 3:10).

Предности на христијанската служба

Во текот на раните 1970-ти години, многу имигранти во Шведска, од јужна и источна Европа, почнаа да покажуваат интерес за библиската вистина. Затоа, почнувајќи од 1973, имав предност да ја проучувам Библијата со имигранти кои зборуваа италијански, шпански и српско-хрватски и бев во можност да помогнам да се формираат нови собранија и студиски групи на овие јазични групи. Бев поставен да подготвувам христијански конгреси на италијански и да ги режирам библиските драми на истите. Исто така, повремено имав предност да им служам на собранијата во Шведска како патувачки надгледник.

Како резултат на тоа што помагав да се подготвуваат италијански конгреси во Шведска, бев во контакт со канцеларијата на подружницата на Watch Tower Society во Рим. Италијанските браќа ми кажаа дека во Италија имало недостиг на собраниски старешини поради експлозивниот пораст на проповедничкото дело таму. Затоа, во 1987, Мики и јас се преселивме во Лигурија, во близината на Ѓенова (Италија). Дотогаш нашите деца беа порастени и самостојни. Поминавме две прекрасни години во Италија и имавме удел во формирањето на едно ново собрание во Лигурија. Во потполност ја доживеавме вистинитоста на Изреки 10:22: „Благословот Господов — збогатува“.

Понекогаш, Мики и јас се обидуваме да ги сумираме нашите благослови од Јехова и списокот станува долг. Освен што учествувавме во формирањето на нови собранија, бевме во можност да им помогнеме на неколку луѓе, вклучувајќи ги и сопствените деца, до степен на предание и крштавање, а потоа до зрели христијани. Не жалам што ја донесов одлуката да се откажам од животот како добро познат скулптор, затоа што ја избрав далеку понаградувачката кариера да му служам на нашиот Бог полн со љубов, Јехова. На тој начин, моите љубени и јас добивме една цврста надеж за вечен живот, благодарение на Јехова (раскажал Чело Пертот).

[Слика на страница 19]

Работејќи на една скулптура во 1955

[Слика на страница 21]

Со мојата сопруга

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели