ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g97 8/12 стр. 14-17
  • Килиманџаро — кровот на Африка

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Килиманџаро — кровот на Африка
  • Разбудете се! 1997
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • „Кровот“ на Африка
  • Неговите импресивни врвови
  • Еколошко ремек-дело
  • Освојување на „Кили“
  • Месечеви Планини
    Разбудете се! 1998
  • Планините — ремек-дела на создавањето
    Разбудете се! 1995
  • Да се живее над облаците
    Разбудете се! 2004
  • Акробати на планинските карпи
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1997
Повеќе
Разбудете се! 1997
g97 8/12 стр. 14-17

Килиманџаро — кровот на Африка

ОД ДОПИСНИКОТ НА РАЗБУДЕТЕ СЕ! ВО КЕНИЈА

ПРЕД само 150 години, внатрешниот дел на Африка во најголем дел останал неиспитан. За надворешниот свет, овој голем континент бил неистражен и мистериозен. Меѓу многуте приказни кои продреле од Источна Африка, една изгледала особено чудна за Европејците. Тоа било еден извештај од германските мисионери по име Јоханес Ребман и Јохан Л. Крапф, кои тврделе дека во 1848 година, во близината на екваторот виделе една планина толку возвишена што нејзиниот врв бил бел со снег.

Приказната дека во тропска Африка постои една планина, на врвот покриена со снег, наишла не само на сомневање туку и на потсмев. Сепак, извештаите за колосалната планина го подбудиле љубопитството и интересот на географичарите и на истражувачите, и тие конечно ги потврдиле извештаите на мисионерите. Навистина, во Источна Африка постоела една вулканска планина, на врвот покриена со снег, наречена Килиманџаро. Некои народи подразбирале дека тоа значи „Планина на величината“.

„Кровот“ на Африка

Денес, големиот Килиманџаро е прочуен по неговата јасна убавина и импресивна височина. Малку глетки се толку живописни и знаменити како глетката на стадо слонови кои пасат по сувите, правливи африкански низини, со импозантната заднина на „Кили“, на врвот покриен со снег, кој величествено се оцртува во далечината.

Килиманџаро е највисоката планина на африканскиот континет и се вбројува меѓу најголемите изгаснати вулкани во светот. Се наоѓа во Танзанија, веднаш на југ од екваторот и до кениската граница. Овде Земјата исфрлила преку четири милијарди кубни метри вулканска материја, формирајќи ја таа планина со врвови во облаците.

Неизмерната големина на планината е нагласена преку нејзината изолираност. Стоејќи сама и одвоена, таа се издигнува од сувата масајска пустинска земја, која е сместена на околу 900 метри надморска височина, до колосални 5.895 метри! Не е ни чудо што Килиманџаро понекогаш е опишан како кров на Африка.

Килиманџаро бил наречен и „Планина на каравани“, затоа што како еден светликав бел светилник, неговите огромни ледени полиња и глечери можеле да се видат на стотици километри од кој и да било правец. Во изминатите векови, неговиот снежен врв честопати ги водел караваните кои се пробивале од дивата внатрешност на Африка, натоварени со товари од слонова коска, злато и робови.

Неговите импресивни врвови

Килиманџаро е составен од два вулкански врва. Кибо е главниот вулкански врв; неговиот убав симетричен конус е покриен со вечен мраз и снег. Еден друг врв, по име Мавензи, на исток се извишува до 5.354 метри и самиот претставува втор највисок планински врв во Африка, после Кибо. За разлика од нежните, коси страни на Кибо, Мавензи претставува нерамен и прекрасно извајан врв со стрмни шилести карпести ѕидови од сите страни. Врвовите Кибо и Мавензи на 4.600 метри се поврзани преку една пространа стрмна рамница посипана со големи камења. Западно од Кибо лежи Шира, која претставува срушени остатоци од еден древен вулкан кој уште одамна го нагризале ветерот и водата, сега формирајќи пустинска висорамнина на 4.000 метри надморска височина, која го одзема здивот.

Еколошко ремек-дело

Екосистемот на Килиманџаро е составен од различни зони кои се означени според висината, врнежите и вегетацијата. Пониските падини се покриени со недопрени тропски шуми во кои талкаат стада слонови и кафарски биволи. Високо горе во шумскиот свод живеат неколку видови мајмуни, а посетителот може понекогаш да фати краткотраен поглед и на срамежливата планинска нијала антилопа и дујкерите, кои толку лесно се претопуваат во густиот честар.

Над шумата се наоѓа зоната на вресот. Стари деформирани дрвја, извиткани од суровоста на ветерот и годините, се прекриени со перчиња лишај кои личат на долги седи бради на стари мажи. Планинската страна овде се отвора и цути џиновски врес. Базјето, трева проткаена со клопчиња светло обоени цвеќиња, го прават пределот прекрасно живописен.

Уште повисоко над шумската висинска граница се појавуваат пустарите. Дрвјата се заменуваат со растенија со необичен изглед, наречени џиновски старачац, кои достигнуваат до 4 метри висина, и лобелии кои личат на огромни зелки или артичок. Околу големите камења и карпестите надворешни слоеви растат вечни цвеќиња кои се слични на слама и суви при допир и му додаваат малку боја на инаку сребренкасто сивиот пејзаж.

Уште повисоко, пустарите ѝ отстапуваат место на висинската зона. Теренот е со еднолични бои, со темнокафеави и сиви тонови. Малку растенија можат да фатат корен во таа ретка и сува околина. На оваа точка, двата главни врвови, Кибо и Мавензи, се поврзани со огромно планинско седло од земјиште кое претставува пустина на огромна висина, сува и карпеста. Температурите овде се екстремни, достигнувајќи до 38 Целзиусови степени во текот на денот и спуштајќи се прилично под точката на замрзнување навечер.

Конечно стигнуваме до зоната на врвот. Таму воздухот е ладен и јасен. Наспроти темносиното небо, огромните глечери и ледените полиња изгледаат бели и чисти, во прекрасен контраст со темниот терен на планината. Воздухот е редок и има околу половина од содржината на кислород кој се наоѓа на морско ниво. Згора на рамниот врв на Кибо е вулканскиот кратер, кој е скоро совршено тркалезен и има дијаметар од 2,5 километри. Внатре во кратерот, во самата срцевина на планината, има една огромна јама со пепел која попреку изнесува 300 метри и се спушта 120 метри во грлото на вулканот. Од малите фумароли (дупки за чад), полека во студениот воздух се издигнуваат жешки сулфурни гасови, сведочејќи за превирањето длабоко внатре во заспаниот џин.

Гигантската големина и масата на Килиманџаро му дозволуваат да си создаде своја клима. Влажниот ветер, кој дува од Индискиот Океан кон внатрешноста на Земјата преку полупустински низини, ја удира планината и се свртува нагоре каде што се кондензира и создава дожд. Тоа ги прави пониските падини плодни за плантажи со кафе и прехранбени култури кои ги прехрануваат луѓето кои живеат околу подножјето на планината.

Освојување на „Кили“

Луѓето кои живеат под сенката на Килиманџаро суеверно верувале дека неговите падини се дом на зли духови кои ќе му наштетат на секој што ќе се обиде да му се приближи на неговиот леден врв. Тоа ги спречувало локалните луѓе да се обидат да стигнат до неговиот врв. Дури во 1889 година, двајца германски истражувачи се искачиле на планината и застанале на највисоката точка во Африка. Вториот врв, Мавензи, кој технички е потежок за качување, не бил освоен сѐ до 1912.

Денес искуството за качување на Килиманџаро е отворено на секој кој е со добро здравје и е доста популарно кај посетителите на Источна Африка. Властите на танзанискиот парк имаат добро организирани подготовки за оние кои сакаат да се искачат на планината. Може да се изнајми облека и опрема. На располагање се оспособени портири и водичи, а неколку гостилници нудат удобно сместување од почетокот до крајот на планинарското сафари. На планината има добро изградени колиби на различни висини, кои му овозможуваат на планинарот сместување и засолниште.

Лично да се види Килиманџаро е импресивно и инспирира на размислување. Човек може спремно да се согласи со зборовите за Бог: „Ти, Кој горите си ги поставил со силата Своја“ (Псалм 64:6). Да, висок и сам над Африка, Килиманџаро стои како возвишено сведоштво за моќта на Величествениот Творец.

[Карта на страница 16]

(Види во публикацијата)

АФРИКА

Кенија

КИЛИМАНЏАРО

Танзанија

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели