ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g98 8/1 стр. 8-11
  • Рај без проблеми — наскоро реалност

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Рај без проблеми — наскоро реалност
  • Разбудете се! 1998
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Моќта зад Рајот
  • Сегашна реалност
  • Земен Рај кој наскоро ќе дојде
    Животот — како настанал? Со еволуција или со создавање?
  • „Се гледаме во рајот!“
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2018
  • После Армагедон — рајска Земја
    Ти можеш засекогаш да живееш во рајот на Земјата
  • Патот дома до рајот
    Разбудете се! 1997
Повеќе
Разбудете се! 1998
g98 8/1 стр. 8-11

Рај без проблеми — наскоро реалност

„ЌЕ БИДЕШ со Мене во рајот!“ Како само тие зборови го охрабриле човекот со криминалистичко досие! Не, тој не мислел дека ќе избегне да оди во огнен пекол и дека ќе оди на небото кога ќе умре. Наместо тоа, крадецот кој бил покрај Исус извлекол утеха од надежта дека ќе биде повторно воскреснат во живот кога Рајот ќе биде обновен на планетава. Ве молиме, забележете кој ја дал таа смела изјава за Рајот — сопствениот Божји Син, Исус Христос (Лука 23:43).

Што го навело Христовото ветување за Рај? Крадецот молел: „Сети се на мене, Господи, кога ќе дојдеш во царството Свое“ (Лука 23:42). Кое е тоа царство и каква врска има помеѓу него и еден земски рај? Како тоа ни дава гаранција дека Рајот ќе биде без проблеми?

Моќта зад Рајот

Ќе се согласите дека еден вистински Рај може да дојде на Земјата само кога ќе исчезнат сите проблеми од денешно време. Човечките напори да ги отстранат нив досега не успеале, како што адекватно сведочи историјата. Хебрејскиот пророк Јеремија признал: „Знам, Господи, дека . . . не е во власта на оној кој оди, за да ги исправа стапките свои“ (Јеремија 10:23). Тогаш, кој може да ги избрише сите денешни проблеми?

Временски крајности и загадување. Кога една силна бура над Галилејското Море разбранила бранови доволно големи за да му се заканат на бродот со бродолом, морнарите го разбудиле својот патувачки придружник од неговиот сон. Од своја страна, тој едноставно му рекол на морето: „Молкни, престани!“ Извештајот на Евангелието по Марко раскажува што се случило: „Ветрот стивна, и настана голема тишина“ (Марко 4:39). Тој патувачки придружник не бил никој друг освен Исус. Тој ја имал моќта да го контролира времето.

Тој бил истиот оној Исус кој преку апостол Јован претскажал дека ќе дојде време кога Бог ќе ‚ги погуби губителите на земјата‘ (Откровение 1:1; 11:18). Тоа не е некаков невозможен подвиг за Оној кој отстранил цел еден свет од безбожни луѓе во потопот од времето на Ное (2. Петрово 3:5, 6).

Криминал и насилство. Библијата ветува: „Оние, што вршат зло, ќе бидат истребени, а оние, кои се надеваат на Господа, ќе ја наследат земјата. А кротките ќе ја наследат земјата и ќе се насладуваат во изобилен мир“ (Псалм 36:9, 11). Уште еднаш, Јехова Бог е тој кој ветува дека ќе го отстрани целиот криминал и насилство, зачувувајќи го Рајот за кротките.

Сиромаштија и глад. Денешната неправда им дозволува на владите во едно подрачје од светот да складираат прехранбени производи во прекумерни „планини“ додека во исто време сиромашните земји се борат со сиромаштија. Агенциите за помош, поткрепени од загрижени луѓе ширум светот, се обидуваат да ги задоволат основните потреби, но честопати не успеваат кога плановите за дистрибуција се расипуваат поради недостиг на закон и ред. Споредете го тоа со она што го запишал пророкот Исаија: „Господ Саваот ќе стави врз таа планина за сите народи трпеза со добри јадења, трпеза со чисти вина, со богати јадења од коски и најчисти вина“ (Исаија 25:6). Зарем тоа не звучи дека повеќе нема да има глад и изгладнетост? Секако.

Војни. Обидите оваа Земјина топка да биде управувана преку наднационална власт се покажале неуспешни. Лигата на народите, основана во 1920, не успеала да го спречи избувнувањето на II светска војна, и се распаднала. Обединетите нации, толку често поздравувани како најдобрата надеж за мир, се борат да ги држат одвоени спротивставените страни во подрачјата на конфликт. И покрај нивните разгласувани напори за мир, војните изобилуваат, без разлика дали се тоа цивилни, етнички или во рамките на заедницата. Владата на Божјето Царство ветува дека ќе ги отстрани денешните завојувани фракции и ќе ги образова своите поданици по патиштата на мирот (Исаија 2:2—4; Даниил 2:44).

Пропаѓање на семејството и моралот. Распаѓањето на семејството е раширено. Малолетничката деликвенција ја има во изобилство. Неморалноста продира во сите рамништа од човечкото општество. Сепак, Божјите мерила останале непроменети од почетокот. Исус посведочил дека „ќе остави човек татко и мајка и ќе се прилепи до жената своја и ќе бидат обата едно тело . . . А Бог што составил, човек да не разделува“ (Матеј 19:5, 6). Јехова Бог понатаму заповедал: „Почитувај ги татка си и мајка си . . . за да ти биде добро, и да живееш долго на земјата“ (Ефесјаните 6:2, 3). Таквите мерила ќе преовладуваат на Земјата под Божјето Царство.

Болест и смрт. „Господ . . . ќе нѐ спаси“, ветил пророкот Исаија, „и ниеден од жителите нема да каже: ‚болен сум‘“ (Исаија 33:22, 24). „Платата, што ја дава гревот, е смрт“, признал христијанскиот апостол Павле, „а дарот Божји е живот вечен во Христа Исуса“ (Римјаните 6:23).

Јехова Бог ќе ги отстрани сите тие проблеми преку неговата небесна влада во рацете на неговиот Син, Христос Исус. Меѓутоа, може да кажете: ‚Тоа звучи како утописки сон. Секако, би било прекрасно кога би се обистинило, но дали ќе се обистини?‘

Сегашна реалност

За многумина, можноста да се живее во рај без проблеми, токму овде на Земјава, звучи нереалистично оптимистички. Ако и Вие така се чувствувате, испитајте го доказот дека тоа навистина ќе се случи.

Јеховините сведоци се современа меѓународна заедница од преку пет милиони луѓе кои веќе имаат една околина која е релативно без проблеми во нивните 82.000 собранија, раширени во 233 земји. Можете да посетите кој и да било од нивните собири, голем или мал, и што ќе најдете?

1) Пријатна и чиста атмосфера. Коментирајќи за еден конгрес на Јеховините сведоци во Норвич (Англија), управникот на фудбалскиот стадион рекол: „Мирната атмосфера за време на четирите денови . . . е заразна. Доживувате лична смиреност која е во потполна спротивност на онаа од кои и да било други четири дена во напнатиот деловен свет и секојдневниот живот околу нас. Сведоците навистина имаат нешто што е поинакво во врска со нив и што е тешко да се објасни“.

Еден советник за обучување во градежната индустрија, кој ги посетил канцелариите на Јеховините сведоци во Лондон, рекол: „Многу бев импресиониран како од она што го видов така и од она што го слушнав и бев сосема обземен од атмосферата на тотален мир и спокојство која постои не само во вашите згради туку и меѓу [мажите и жените]. Чувствувам дека вашиот начин на живот и среќа има многу да го научи останатиот дел од овој свет оптоварен со проблеми“.

2) Безбедност и мир. Еден колумнист за Journal de Montréal во Канада напишала: „Јас не сум Сведок. Но, сведок сум за фактот дека Сведоците сведочат за делотворност и исправно однесување . . . Кога тие би биле единствените луѓе во светот, не би морале навечер да ги заклучуваме нашите врати со резе и да вклучуваме аларм за крадци“.

3) Лојалноста кон владата на Божјето Царство ги карактеризира Сведоците. Нивната неутрална положба вознемирува некои, иако нема потреба од тоа. Нивната невмешаност во современите политички планови за закрпување не потекнува од недостиг на обврзаност за подобрување на општеството. Наместо тоа, тие се обидуваат да се однесуваат на начин кој му угодува на оној кој владее преку една небесна влада, имено Создателот на Земјата, Јехова Бог.

Верувањата на Јеховините сведоци, целосно темелени на Божјата Реч, Библијата, ги спречуваат да не запаѓаат во стапицата да станат секта или култ. Тие се љубезно заинтересирани за сите други луѓе, без разлика на религиозното убедување. Не, тие не се обидуваат да ги присилат тие луѓе да го променат своето гледиште. Тие се стремат да го имитираат нивниот Водач, Исус Христос, изложувајќи библиски доказ за еден рај без проблеми кој наскоро ќе биде воспоставен на Земјава (Матеј 28:19, 20; 1. Петрово 2:21).

4) Духовно здравје и среќа. Реалистички, Јеховините сведоци не тврдат дека во ова време се во потполност без проблеми. Тоа е невозможно кај луѓе кои го носат печатот на наследениот грев од Адам. Но, со помош на Божјиот свет дух, тие работат на тоа да развиваат лични особини како што се ‚љубов, радост, мир, долготрпеливост, доброта, милосрдност, вера, кротост, воздржливост‘ (Галатјаните 5:22, 23). Нивното обожавање на Јехова преку Христос Исус е тоа што ги обединува и ја одржува жива нивната надеж.

Веруваме дека Вашата посета на локалното место за состанување на Сведоците ќе Ве увери дека Бог ќе ја претвори Земјава во дословен рај.

Ќе исчезнат денешните проблеми. Постепено ќе исчезне дури и долготрајната несовршеност додека на послушното човештво се применуваат користите од Христовата откупна жртва. Да, совршеното здравје и среќата можат да бидат Ваши.

Едноставни подготовки ќе Ви помогнат да уживате еден таков изглед. Замолете ги Сведоците за Ваш личен примерок од книгата Спознание кое води до вечен живот.a Со неа можете за кратко време да научите што бара Бог од Вас за да можете и Вие да го уживате животот засекогаш во еден рај без проблеми.

[Фуснота]

a Издадена од Watchtower Bible and Tract Society of New York, Inc.

[Истакната мисла на страница 10]

Верувањата на Сведоците, целосно темелени на Библијата, ги спречуваат да станат секта или култ

[Слики на страници 8 и 9]

Сега се поставува темелот за рај без проблеми

Наскоро ќе постои еден физички рај ширум светот

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели