Дали некогаш ќе има мир и тишина?
КОГА биле запрашани што барале од одморот во странство, скоро 3 од секој 4-ти британски турист одговориле: „Мир и тишина“. Но поради тоа што загадувањето со бука е проблем ширум светот, многумина веруваат дека вистинскиот мир и тишина се само нереалистичен сон.
И покрај жестоките обиди да се намали загадувањето со бука, можеби се прашувате дали е реалистично да се верува дека некогаш ќе има тотален успех. Што е со другите кои не ја делат Вашата загриженост?
Препреки за совладување
Не е лесно да се разговара со луѓе кои се непријателски настроени, а уште помалку да се придобијат кон Вашето гледиште. Кога бучни групи тинејџери се собирале пред зградата каде што живеел Рон, тој презел иницијатива да се спријатели со нив. Ги научил нивните имиња. Дури помогнал да им поправи еден од нивните велосипеди. Оттогаш, нема повеќе проблеми од нив.
Земете го случајот со Марџори, самохран родител со ќерка тинејџерка, која живее во еден апартман стиснат помеѓу бучни соседи. Станарите на горниот кат немаат тепих на подот. Како резлутат на тоа, Марџори увидува дека буката од децата кои одат на ролшуи по подот, удирањето топка или дури и скокањето од креветот, ѝ пречи. Освен тоа, нивната мајка дома носи чевли со високи штикли. Марџори љубезно пристапила и ја замолила својата сосетка да биде потивка, но јазичната бариера помеѓу нив донела фрустрација. Локалниот градски совет понудил да испрати преведувач за да помогне да се реши проблемот, и така Марџори чека подобрување.
Под неа живее еден човек кој пушта гласна музика помеѓу седум и осум часот секое утро, при што постојано лупа ритамот на басот. Нејзиниот тактичен пристап кон човекот го донел одговорот дека неговата музика му била потребна ‚за да го доведе во добро расположение за неговата работа‘. Како Марџори излегува на крај?
„Работам на самосовладување и стрпливост“, вели таа. „Си ја преуредив мојата програма и седнувам да читам и покрај буката. Увидувам дека бргу се задлабочувам во мојата книга. Тогаш не ја забележувам толку буката.“
Од друга страна, Хедер живее во еден апартман кој има поглед на еден ноќен клуб, кој после една бурна ноќ се затвора околу шест наутро. Иако на крајот се пожалила на локалните власти, малку е сторено за да се спречи вознемирувањето.
Крајот на буката?
„Многумина увидуваат дека тоталната тишина крајно ги вознемирува и е грозоморна“, забележува д-р Рос Коулс од Институтот за истражување на слухот при Британскиот медицински истражувачки совет. Прекрасните песни на птиците, нежното разбивање на брановите на песочниот брег, возбудливите извици на децата — тие и други звуци нѐ одушевуваат. Иако можеби моментално копнееме по некакво олеснување од буката, среќни сме што сме со здрави пријатели кои разговараат со нас. Бог ветил мир и тишина за неговите верни слуги.
Во Библијата псалмистот објавува: „Кротките ќе ја наследат земјата и ќе се насладуваат во изобилен мир“ (Псалм 36:11). Владата на Божјето небесно Царство наскоро ќе интервенира во човечките работи (Даниил 2:44). Тогаш, под владеењето на Христос Исус ќе има „изобилен мир сѐ додека не се одземе месечината“ (Псалм 71:7; Исаија 9:6, 7).
Можете да бидете сигурни дека божествената интервенција ќе постигне мир и тишина кои сите ние ги посакуваме, токму како што прорекол Божјиот пророк Исаија: „Дело на правдата ќе биде мирот, и плод на правосудството — спокојство и безопасност засекогаш. Тогаш народот Мој ќе живее . . . во пребивалишта на блажените“ (Исаија 32:17, 18).
Уште сега можете да откриете духовен мир и тишина на собирите на Јеховините сведоци во Вашето место. Иако повремено се собираат десетици илјади заедно заради обожавање на големи конгреси — и тие собири се навистина ‚бучни со мажи, жени и деца‘, звукот не вознемирува туку е пријатен (Михеј 2:12, NW). Сами доживејте го тоа состанувајќи се со Сведоците во Вашето место или со тоа што ќе пишете до една од адресите на страница 5 од ова списание за да стапите во контакт со нив. Уживајте вистински мир и тишина во нивното друштво сега и можеби засекогаш.