ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g98 8/6 стр. 10-12
  • Кога зборува науката — како слушате?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Кога зборува науката — како слушате?
  • Разбудете се! 1998
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Кој зборува?
  • Да се задржи урамнотежено гледиште за науката
  • Потреба од разумност
  • До каде можете да имате доверба во науката?
    Разбудете се! 1998
  • Еволуцијата и ти
    Разбудете се! 1996
  • Дали недостига основата на еволуцијата?
    Разбудете се! 1997
  • Да се помират науката и религијата
    Разбудете се! 2002
Повеќе
Разбудете се! 1998
g98 8/6 стр. 10-12

Кога зборува науката — како слушате?

НОВИТЕ болести, како и повторното појавување на стари болести, се предизвик за науката. Луѓето кои очајуваат за лек слушаат кога зборува науката. Стравот од смртта ги прави многумина желни да го пробаат најновиот чудотворен лек и честопати малку мислат на долгорочните последици.

Во многу случаи науката им помогнала на оние кои страдаат да уживаат подобар квалитет на живот. Забележителни се хируршките процедури кои ја елиминираат употребата на трансфузии на крв, кои се ризични. Науката и технологијата му дале на човештвото моќ да прави работи кои ја зашеметуваат фантазијата. Она што некогаш беше научна фантазија, сега е секојдневна реалност. Сепак, не е целата наука несебична, водена од очајните потреби на човештвото.

Кој зборува?

Голем дел од науката е воден од пари и поддржуван од моќни лобисти, како што беше забележано порано. Затоа, пред да донесувате заклучоци или да се возбудувате поради некое ново научно откритие, запрашајте се: ‚Кој навистина зборува?‘ Научете да ги препознавате скриените планови. Не е тајна дека новинските медиуми просперираат од сензационализмот. Некои од печатот нема да ги спречи ништо за да ги продадат своите весници. Па дури и некои пореномирани весници понекогаш допуштаат извесен степен на сензационализам.

Честопати се случува науката и новинските медиуми да доживуваат еден однос на љубов и омраза. Медиумите можат да направат науката да изгледа добро но, од друга страна, „честопати научниците се обидуваат да ги контролираат извештаите на печатот со тоа што одбиваат интервјуа освен ако можат да го разгледаат и коригираат примерокот пред да се објави. Репортерите, плашејќи се од цензорство од загарантираните права, обично не се спремни да им ги покажат своите статии на изворите, иако честопати тврдат за точноста на деталите во нив“. Така пишува Дороти Нелкин во својата книга Selling Science.

Потоа, таа наведува примери за да ја докаже својата мисла: „Печатот известува за нови научни напредоци кои се склони да ги подигаат надежите на очајните луѓе . . . Пациентите доаѓаат во ординациите на своите лекари мафтајќи со најновиот примерок [на некое популарно списание] и барајќи го најновиот лек“. Тука е и примерот цитиран од Дороти Нелкин во врска со некој репортер кој го запрашал претседавачот на Меѓународните работни сили на светското здравје и човечка работна сила „дали мисли дека врачевите можат ефикасно да вршат лечење во Африка“. Тој одговорил дека „веројатно можат поради тоа што населението многу им верува“. Но, каков беше ударниот наслов во весникот следниот ден? Тој гласел: „Експерт на ОН бара повеќе врачеви!“

За жал, изгледа дека современ тренд е сѐ повеќе и повеќе луѓе да се ослонуваат на весниците и списанијата за да се информираат за актуелната наука, вели Нелкин. За многумина, кои се помалку спремни или можеби не можат толку да читаат, телевизорот станува главен извор на информации.

Да се задржи урамнотежено гледиште за науката

И покрај триумфите на науката кои се на корист на човештвото, мораме да имаме на ум дека научниците се само луѓе. Тие не се имуни на искушение и корупција. Нивните мотиви не се секогаш благородни. Навистина, науката си има свое место во општеството, но таа не е непогрешливо водечко светло во еден сѐ потемен свет.

Списанието Speculations in Science and Technology забележува: „Историјата на науката покажува дека колку и да изгледаат величествено водачите на науката . . . тие сепак се грешни“. Всушност, некои се дури и повеќе од грешни.

Од причини кои се изнесени во овие статии, би било немудро христијаните да се впуштаат во научни полемики или да унапредуваат недокажани научни теории. На пример, некои може да станат опседнати со стравот од електромагнетизмот. Тогаш, со најдобри намери, тие би можеле да почнат да ги охрабруваат другите да ги отстранат своите микробранови печки, електрични ќебиња и слично. Се разбира, секој има слобода да направи избор без да биде критикуван од другите. Но оние кои избираат поинаква алтернатива, би требало да бидат во состојба да очекуваат слична обѕирност. Затоа, мудро е да избегнуваме да шириме сензационализам. Дали голем број необични тврдења се точни или не, сѐ уште треба да се докаже. Ако некои од овие тврдења на крајот се покажат неосновани, па дури и погрешни, тогаш оние кои ги бранат таквите тврдења не само што изгледаат глупави туку можеби и ненамерно им нанеле штета на другите.

Потреба од разумност

Како треба да реагира христијанинот на научните извештаи сензационирани во медиумите? Прво, испитајте ја пристрасноста. Кој е мотивот за темата на статијата или вестите? Второ, прочитајте ја целата статија. Сензационалниот ударен наслов може да не се сложува со деталите во самата статија. Трето и најважно, проверете го минатото досие на оние кои зборуваат. Дали ја кажуваат вистината? Дали имаат некаков скриен план? (Римјаните 3:4).

Може да се рече дека, ако некои гледаат на научниците со скептицизам, тие самите се виновни за таквата ситуација. Кредибилитетот на некои научници како неутрални трагачи на вистината станал сериозно оцрнет. Науката отворила возбудливи глетки на нашиов свет и на универзумот. Меѓутоа, некои предвидувања за еден подобар нов свет заснован врз науката, влеваат страв и загриженост, а не надеж.

Некои експерти објавуваат злокобни предвидувања за можни идни катастрофи. Добитникот на Нобелова награда за мир, британскиот физичар Џозеф Ротблат, ги изразил своите грижи на следниов начин: „Мојата грижа е дека другите напредоци во науката може да резултираат во други средства за масовно уништување, можеби подостапни дури и од нуклеарното оружје. Генетичкиот инженеринг е сосема возможно подрачје, поради оние страшни развои кои се случуваат таму“. Австралискиот универзитетски професор Бен Селинџер зборувал за проблемите кои може да ги предвиди: „Според моето гледиште, следната криза најверојатно ќе се случи на подрачјето на генетичкиот инженеринг, но не знам што, како или кога“.

Од друга страна, Библијата, Речта Божја, е сигурна и веродостојна ‚светлина за нашата патека‘ кон една сигурна иднина на мир, добро здравје и светско единство, на една исчистена Земја под владата на Божјето Царство (Псалм 119:105; Откровение 11:18; 21:1—4).

[Рамка на страница 11]

„Доминантната превласт на митот“

Во последниве години некои научници покренале сериозни сомневања во поглед на опстанокот на теоријата на еволуција како што ја изнел Чарлс Дарвин. Ова важи особено за молекуларните биолози.

Во својата книга Evolution: A Theory in Crisis, Мајкл Дентон, истражувач во областа на биологијата, напишал: „Издигањето на статусот на Дарвиновата теорија до самодокажана аксиома го имаше за последица тоа што најреалните проблеми и приговори на кои Дарвин работел толку мачно во Потеклото, станале потполно невидливи. Суштинските проблеми, како што се отсуството на преодни алки или тешкотијата да се претстават преодните облици, речиси никогаш не се дискутирани и создавањето дури и на најсложените адаптации ѝ е припишано на природната селекција без ниту трошка сомневање“.

Тој продолжува: „Доминантната превласт на митот создаде една раширена илузија дека теоријата на еволуција е речиси докажана пред сто години . . . Ништо друго не би можело да биде подалеку од вистината“ (страница 77).

„Кога би можело да се демонстрира дека постои некој комплексен орган кој нема шанси да се оформи со бројни, сукцесивни, незначителни модификации, мојата теорија апсолутно би пропаднала“ (Потеклото на видовите, Чарлс Дарвин, страница 154).

„Додека бројот на необјаснети, неупростливо комплексни биолошки системи се зголемуваa‚ нашата увереност е дека Дарвиновиот критериум на пропаѓање нагло се издигнал над максимумот што го допушта науката“ (Darwin’s Black Box—The Biochemical Challenge to Evolution, Мајкл Џ. Бехе, страници 39, 40). Со други зборови, скорешните откритија на полето на молекуларната биологија покреваат сериозни сомневања за Дарвиновата теорија.

„Резултатот од вкупните напори да се истражи клетката — да се истражи животот на молекуларно ниво — е еден гласен, јасен и продорен повик за ‚дизајн‘! Резултатот е толку јасен и толку значаен што мора да се рангира како еден од најголемите достигнувања во историјата на науката. Откритието создава соперништво помеѓу Њутн и Ајнштајн, Лавоазје и Шредингер, Пастер и Дарвин. Забележувањето на интелигентен дизајн на животот е исто толку монументално како и забележувањето дека Земјата се движи околу Сонцето“ (Darwin’s Black Box, страници 232, 233).

[Фуснота]

a За детално разгледување на еволуцијата и молекуларната биологија, види Разбудете се! од 8 август 1997, страници 3—17, издадено од Watchtower Bible and Tract Society of New York, Inc.

[Слика на страница 10]

Христијаните мудро избегнуваат полемизирање за можен живот на другите планети или за наводните последици од електромагнетизмот

[Извори на слики]

Фотографија на NASA/JPL

Фотографија на NASA/JPL

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели