ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g98 8/9 стр. 3-4
  • Разговор за времето

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Разговор за времето
  • Разбудете се! 1998
  • Сличен материјал
  • Дали на планетава ѝ се заканува опасност?
    Разбудете се! 2008
  • Земјата има „треска“ — постои ли лек?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2008
  • Хаотично време
    Разбудете се! 1998
  • Глобален топлотен бран 2023 — што вели Библијата?
    Разно
Повеќе
Разбудете се! 1998
g98 8/9 стр. 3-4

Разговор за времето

КАДЕ и да живеете и кој и да сте, времето влијае врз Вашиот живот. Ако денот ветува дека ќе биде топол и сончев, облекувате лесна облека. Ако е студено, го дофаќате палтото и шапката. Ќе врне дожд? Посегнувате по чадорот.

Понекогаш, времето нѐ воодушевува, а друг пат тоа нѐ разочарува. Повремено станува убиец во облик на урагани, торнада, суши, снежни виулици или монсуни. Сеедно дали го сакате или го мразите, го проколнувате или го игнорирате, времето секогаш е овде, влијаејќи врз нашите животи од денот кога сме родени па сѐ додека не умреме.

Некогаш некој кажал една духовита досетка: „Секој зборува за времето, но никој не прави ништо во врска со него“. Навистина, отсекогаш изгледало дека е вон нашата моќ да го промениме времето на каков и да е начин. Меѓутоа, сѐ почесто многу научници веќе не веруваат во тоа. Тие велат дека исфрлањето на јаглероден диоксид и други гасови во атмосферата доведува до промена во долгорочните временски шеми — нашата клима.

Според експертите, од каква природа е оваа претстојна промена? Можеби најавторитетниот одговор доаѓа од Меѓувладиниот одбор за промена на климата (IPCC), кој го користеше стручното мислење на повеќе од 2.500 климатолози, економисти и специјалисти од 80 земји кои го анализираат ризикот. Во извештајот за 1995, IPCC заклучи дека климата на Земјата станува потопла. Во текот на следниот век, ако работите продолжат да бидат онакви какви што се, можно е температурата да се зголеми за цели 3,5 Целзиусови степени.

Иако неколку степени повеќе можеби не звучат многу загрижувачки, сепак една мала промена во температурата на светската клима би можела да биде катастрофална. Еве што предвидуваат многумина за векот што доаѓа.

Регионални крајности во времето. Во некои подрачја, сушите би можеле да станат подолги, додека во други дождовите би можеле да станат посилни. Бурите и поплавите би можеле да станат пожестоки, а ураганите поразорни. Иако милиони веќе умираат од поплави и од глад, глобалното загревање би можело уште повеќе да го зголеми данокот на смртта.

Зголемен ризик по здравјето. Болестите и смртта кои се последица на жешкото време би можеле да се зголемат. Според Светската здравствена организација, глобалното загревање исто така би можело да го прошири подрачјето на инсектите кои пренесуваат тропски болести, како што се маларијата и денгата. Освен тоа, намалените резерви питка вода поради промените во регионалниот воден и снежен талог би можеле да бидат причина за пораст на некои болести кои се пренесуваат преку водата и храната и на некои паразити.

Загрозени природните живеалишта. Шумите и мочуриштата кои ги филтрираат воздухот и водата би можеле да бидат ставени на ризик поради потоплите температури и промените во дождовите. Шумските пожари би можеле да станат почести и посилни.

Покачување на морските нивоа. Оние кои живеат во ниските крајбрежни подрачја би морале да се преселат освен ако не се преземат скапи проекти за да се задржи морето. Некои острови би биле целосно потопени.

Дали таквите стравувања се оправдани? Дали климата на Земјата станува потопла? Ако да, дали за тоа се виновни луѓето? Бидејќи толку многу е ставено на коцка, не е за изненадување тоа што експертите жестоко дебатираат за овие теми. Следните две статии разгледуваат некои од спорните прашања кои се вклучени и се занимаваат со прашањето дали треба да бидеме загрижени за иднината на нашата планета.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели