ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g98 8/9 стр. 24-26
  • Острови во изградба

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Острови во изградба
  • Разбудете се! 1998
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Хавајскиот Архипелаг
  • Се создава остров
  • Острови кои се движат
  • Создавање нови острови . . .
  • . . . и уништување на старите
  • Врелите точки во акција
  • Големиот остров
    Разбудете се! 2008
  • Во сенката на заспаниот џин
    Разбудете се! 2007
  • Фарските Острови и нивните тунели
    Разбудете се! 2010
  • Од разбеснет вулкан до мирен остров
    Разбудете се! 2000
Разбудете се! 1998
g98 8/9 стр. 24-26

Острови во изградба

„ХАВАИ.“ Хавајските Острови будат слики на тропски рај, сончеви плажи и благи пасатни ветрови. Но, сте знаеле ли за невообичаената изолираност на овие острови? Ако ги пронајдете Хаваите на мапата, ќе видите дека овие острови се сместени во центарот на Северниот Тихи Океан — речиси на најголема можна оддалеченост од секакво копнено крајбрежје! Затоа, можеби се прашувате: ‚Како се нашле овде овие острови? Дали научниците веруваат дека во иднина ќе се формираат уште острови? Што можат да ни кажат тие за внатрешноста на Земјата под нас?‘

Хавајскиот Архипелаг

Повеќето луѓе кои одат на Хаваите се запознаваат со ланецот од осум острови кој се протега од северозапад до југоисток, од кои најголеми се Кауај, Оаху, Малокај, Ланај, Мауи и Хаваи. Помалиот Нихау се наоѓа западно од Кауај, а Кахулави е југозападно од Мауи. Островот Хаваи, наречен и Големиот Остров, се протега на повеќе од 10.000 квадратни километри, додека малиот Кахулави опфаќа само 117 квадратни километри. Освен тоа, ланецот острови вклучува уште 124 помали острови, односно островчиња, кои се протегаат уште подалеку на северозапад. Мидвеј, во близината на северозападниот крај на овој синџир, е оддалечен од Големиот Остров речиси 2.500 километри! Островчињата, воглавно составени од корали и песок, имаат вкупна површина од само осум квадратни километри. Соодветно е што некои го користат називот Хавајски Архипелаг за да ја именуваат целата група острови.

Ако имаме предвид дека островите и островчињата лежат на широки платформи кои се подигаат во просек на повеќе од 4.000 метри над околното морско дно, ќе сфатиме дека тие се само откриените врвови и крошни на огромни планини. Всушност, кога се мерат од нивното подножје во океанското дно, Мауна Кеа и Мауна Лоа на островот Хаваи се издигаат до отприлика 10.000 метри. Значи, во некоја смисла тие се највисоките планини на светот!

Се создава остров

Да продолжиме понатаму со истражувањето на островот Хаваи. Геолозите утврдиле дека Големиот Остров се состои од пет големи сраснати вулкани. На повеќето посетители им се познати трите најголеми вулкани — Мауна Кеа, за кој се смета дека е изгаснат и кој се гордее со највисокиот врв на Хаваите — 4.205 метри над морското ниво; Мауна Лоа, кој е висок 4.169 метри и е најмасивниот вулкан на Хаваи; и Килауеа, кој е најмлад вулкан и е сместен на јужната страна на островот. Освен тоа, вулканот Кохала го формира северозападниот врв на островот, а Хуалалај се издигнува над брегот Кона.

Секој вулкан настанал со излевање и натрупување на илјадници стврднати лавични потоци. Ерупциите почнуваат под вода, каде што лавата брзо се лади, формирајќи кора и потоци во облик на јазици кои, кога ќе се натрупаат, изгледаат како перници собрани на куп. Кога вулканот кој е во процес на настанување се издигнува над водата, лавичните потоци добиваат поинаков изглед. Вулканолозите ги користат хавајските изрази „пахоехое“ за течните потоци кои имаат мазни, набрани површини во вид на јаже и „аа“ за лавата што е рапава, назабена и испокршена. Вулканот се оформува во широка, благо наклонета планина која по форма личи на штитовите што ги носеле древните римски војници. На вулканскиот врв се создаваат големи кратери кога магмата, т. е. растопените карпи избиваат или се повлекуваат од шуплините во близината на површината. Исто така, магматската комора во вулканот врши притисок. Овој притисок турка дел од вулканот накај морето, правејќи големи пукнатини. На крајот, како што е случај со Мауна Кеа, ерупциите на штитестиот вулкан стануваат поексплозивни, создавајќи од вулканскиот пепел купови во облик на конуси кои му даваат на вулканот шара со точки.

Мауна Лоа и Килауеа се покажале како едни од најактивните вулкани на светот. Историските извештаи од локалните Хавајци, мисионерите, научниците и други покажуваат дека на Мауна Лоа имало 48 ерупции од 1832 година и повеќе од 70 ерупции на Килауеа од 1790. Овие ерупции траеле од неколку часа до неколку години. Најдолгата што е забележана било лавичното езеро во кратерот Халемаумау на Килауеа, кој бил речиси постојано активен од раните 1800-ти па сѐ до 1924. Килауеа има ерупција од јануари 1983, повремено создавајќи спектакуларни огнени фонтани и реки од лава кои истекуваат во морето.

Поради нивната типично течна лава, повеќето ерупции на Хаваи не биле експлозивни или, пак, биле само слабо експлозивни. Меѓутоа, во ретки случаи водата од копното се меша со магмата, при што настануваат експлозии од пареа. Во 1790, при една таква ерупција загинале 80-тина луѓе кога група локални војници и членовите на нивните семејства биле проголтани од врели гасови и вжарен пепел кои биле исфрлени од Килауеа.

Острови кои се движат

Пишаната историја во изминатите 200 години покажува дека биле активни само двата најјугоисточни острови, Хаваи и Мауи. Оваа загадочна ситуација ги поттикнала научниците и понатаму да ја проучуваат историјата на карпите на овој ланец острови. Во лавата се заробени сосема мали количества од еден радиоактивен облик на калиум и од неговиот продукт на распаѓање — аргонот, кои можат да се измерат во лабораторија за да се процени староста на карпите. Таквото истражување открило едно систематско стареење во правец на северозапад на целиот Хавајски Архипелаг во текот на многу милиони години.

Бидејќи повеќето ерупции на Хаваите се случувале во југоисточниот дел од ланецот острови, дали тоа значи дека се движел и изворот на магмата под нив? Во суштина, геолозите утврдиле дека изворот на магмата, кој тие го нарекуваат врела точка, е неподвижен. Наместо тоа, дното на Тихиот Океан се движело над врелата точка, поместувајќи ги островските вулкани од врелата точка како купишта карпи на еден подвижен транспортен појас. Истото ова движење го трие морското дно на Пацификот наспроти соседните копнени маси и другите делови од морското дно, предизвикувајќи многу од големите земјотреси кои се случуваат по должината на Пацифичкиот раб. Доколку живеете на Хаваи, минатата година Вашиот дом се излизгал за околу 7,5 сантиметри на северозапад!

Научниците сметаат дека за многу од вулканите низ светот, и на копното и во морето, се одговорни и други врели точки како онаа под Хаваи. Повеќето од овие врели точки даваат доказ и за преселните ерупции, што значи дека Земјината површина веројатно се поместувала и онаму каде што живеете Вие.

Создавање нови острови . . .

Бидејќи биле потребни стотици илјади години за да настанат огромните вулкани на Големиот Остров, би можеле да очекуваме дека во текот на сето тоа време островот се оддалечувал од врелата точка. Тогаш би требало да се оформат нови вулкани и острови над врелата точка како што таа наидува на недопрено морско дно. Дали веќе се покажал потенцијалниот наследник на вулканите на Големиот Остров?

Да, се покажал. Една вулкански активна подводна планина, Лоихи, се издига јужно од островот Хаваи. Меѓутоа, не очекувајте наскоро да исплива од морето. Ќе треба да се издигнува уште 900 метри, за кои можеби ќе бидат потребни десетици илјади години.

. . . и уништување на старите

Огромните вулкански штитови и рапави лавични потоци кои ги сочинуваат Хавајските Острови изгледаат лажно безбедни од повторно потопување во океанот. Но, малите островчиња и потопените морски планини северозападно од Хаваи кажуваат една поинаква приказна. Песочните и коралните гребени од островите Мидвеј и Кури, на пример, се направени од огромни вулкански планини чии врвови сега се наоѓаат на илјадници стапки под морското ниво. Зошто исчезнуваат вулканските острови?

Островите постепено се повлекуваат пред постојаната ерозија што ја нанесува текот на потоците, активноста на брановите и други сили. Островите потонуваат и поради нивната сопствена тежина додека го притискаат океанското дно. Стрмните карпи по рабовите на некои острови укажуваат на еден друг процес од кој се распаѓаат вулканските острови — одроните земја. Сонарните слики од подводните страни на островите откриваат огромни одрони земја кои се протегаат десетици километри низ морското дно.

Врелите точки во акција

На островот Хаваи, посетителите на Националниот парк на хавајските вулкани можат и самите да ги видат постојано променливите предели кои ги создава вулканската активност на врелите точки. Научниците од Хавајската вулканска опсерваторија, сместена на работ на кратерот Килауеа, ги набљудуваат ерупциите кои се во тек и оние кои се закануваат. Нивните проучувања воделе до поголем увид во тоа како функционираат вулканите и како се поместува површината на Земјата. Со стравопочитување можеме да сфатиме дека силни геолошки сили го создале и го обликувале Хавајскиот Архипелаг — овој величествен синџир од острови среде Тихиот Океан.

[Карта на страница 25]

(Види во публикацијата)

Хавајски Острови

Нихау

Кауај

Оаху

Молокај

Ланај

Мауи

Кахулави

Хаваи

[Извор на слика]

Mountain High Maps® Copyright © 1997 Digital Wisdom, Inc.

[Слика на страница 24]

Линија на огнени фонтани на источниот гребен на Килауеа

[Слика на страници 24 и 25]

Ерупција на Килауеа

[Извор на слика]

Вулкани: Dept. of Interior, National Park Service

[Слика на страница 25]

Река од лава на Мауна Лоа

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели